Обединета македонска дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) — меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва на македонските заедници ширум светот, поточно во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).
Цели
Обединетата македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“. ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.
Управен одбор Тековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:
Методија Колоски, претседател Александар Митрески, заменик-претседател Мајкл Сарафин, секретар Денис Маневски, благајник Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада Бобан Јовановски Стојан Николов Алекдандра Трпковска Игор Звездаковски
Издавачка дејност ОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.
Наводи
Поврзано Македонска дијаспора
Надворешни врски Обединета Македонска Дијаспора
Категорија:Македонски иселенички друштва во САД Категорија:Појавено во 2004 година во Македонија