ISO 639-2:1998, „Кодови за претставување на имињата на јазиците Дел 2: Алфа-3 код“, е вториот дел од ISO 639 стандардот, кој пропишува кодови за претставување на имињата на јазиците. Во овој дел од стандардот се дадени трибуквени кратенки наречени „Алфа-3“ кодови. Списокот на ISO 639-2 кодови има 464 записи (јазици).
Регистарската служба задолжена за ISO 639-2 (наречено ISO 639-2/RA) Библиотека на конгресот. Како надлежен орган, библиотеката прима и разгледува предложени измени; установата е претставена и во Здружената советодавна комисија за ISO 639-RA која е одговорна за кодните табели на ISO 639.
На ISO 639-2 стандардот почнало да се работи во 1989, од причина што ISO 639-1 стандардот со двобуквени кратенки немал капацитет за сите јазици. ISO 639-2 стандардот е објавен за првпат во 1998.
B и T кодови Додека стандардот задава само по еден код за највеќето јазици, дваесет имаат по два трибуквени кода - „библиографски“ код (ISO 639-2/B), кој е изведен од англискиот назив за јазикот, и „терминолошки“ код (ISO 639-2/T), кој е изведен од изворното име на јазикот. Овие дваесет јазици се присутни и во ISO 639-1 стандардот. (Постојат 22 B кода; scc и scr се исфрлени.)
Најпретпочитани се кодовите со T; ISO 639-3 користи ISO 639-2/T. Меѓутоа ISO 15924, кога е можно, ги изведува кодовите од ISO 639-2/B.
Опфат и типови Опфат: Поединечни јазици Макројазици Збирки од јазици Дијалекти Резервирани за локална употреба Специјални ситуации
Типови (за поединечни јазици): Живи јазици Изумрени јазици Древни јазици Историски јазици Вештачки јазици
Специјални ситуации Постојат и кодови за специјални ситуации: mis „јазици без код“ mul (за повеќе јазици) се применува кога се користат неколку јазици и не е практично да се наведуваат сите јазични кодови Интервалот од qaa до qtz е резервиран и не се користат во стандардот und (неопределено) се користи во ситуации каде што мора да се посочи јазик, но не може да се дознае конкретниот јазик. zxx „без лингвистичка содржина“ (додадено 11 јануари 2006)
Збирни јазични кодови Некои ISO 639-2 кодови не претставуваат поединечен јазик, туку збир од сродни јазици (како макројазиците погоре). Овие се сметаат за збирни јазични кодови и не спаѓаат во ISO 639-3. За толкување на збирните јазици и макројазиците, погледајте ја оваа страница .
Подолу се наведени збирните јазични кодови според ISO 639-2.
Следниве два кода (досега) не се утврдени како збирни кодови во ISO 639-2 (и ISO 639-5), но како такви ги смета регистарот на ISO 639-3: bih Бихарски (со ISO 639-1 код bh) him Химачалски јазици
Ова се кодовите регистрирани за 639-2 кои се заведени како збирни кодови во ISO 639-5 (и збирни кодови по име во ISO 639-2): afa Афроазиски јазици alg Алгонкински јазици apa Апачки јазици art Вештачки јазици ath Атабаскански јазици aus Австралиски јазици bad Бандански јазици bai Бамилечки јазици bat Балтички јазици ber Берберски јазици bnt Банту-јазици btk Батачки јазици cai Мезоамерикански јазици cau Кавкаски јазици cel Келтски јазици cmc Чамски јазици cpe креоли и пиџини, на англиска основа cpf креоли и пиџини, на француска основа cpp креоли и пиџини, на португалска основа crp креоли и пиџини cus Кушитски јазици day Земјодајачки јазици dra Дравидски јазици fiu Угрофински јазици gem Германски јазици ijo Иџо-јазици inc Индски јазици ine Индоевропски јазици ira Ирански јазици iro Ирокески јазици kar Каренски јазици khi Којсански јазици kro Кру-јазици map Австронезиски јазици mkh Мон-кмерски јазици mno Манобоански јазици mun Мундански јазици myn Мајански јазици nah Наватлски јазици nai Северноамерикански индијански јазици nic Нигер-кородофански јазици nub Нубиски јазици oto Отомиски јазици paa Папуански јазици phi Филипински јазици pra Пракритски јазици roa Романски јазици sai Јужноамерикански индијански јазици sal Салишки јазици sem Семитски јазици sgn Јазици за глувонеми sio Сиуански јазици sit Синотибетски јазици sla Словенски јазици smi Лапонски јазици son Сонгајски јазици ssa Нилосахарски јазици tai Тајски јазици tup Туписки јазици tut Алтајски јазици wak Вакашки јазици wen Лужичкосрпски јазици ypk Јупички јазици znd Занде-јазици
Специјални кодови по ISO 639-2: und неопределено (јазик) mis јазик без код mul повеќе јазици zxx без лингвистичка содржина, неприменливо
Поврзано Список на ISO 639-2 кодови Јазичен код
Надворешни врски Службена страница на ISO 639-2/RA Известување за промената на ISO 639-2/RA Подробности на страницата на Библиотеката на конгресот
#00639-2 Категорија:ISO 639