Истанбул (; низ историјата познат и како Византион, , ; Цариград, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434 жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римско Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинско Царство (1204-1261), и Отоманско Царство (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Имиња на градот

left|thumb|upright|Константин I

Во текот на својата историја, градот името на градот бил на неколкупати менувано.

Византион бил основан во 667 п.н.е. од страна на мегарските колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Бизас. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиското Царство. За многу краток период градот го носел и името август Антонија кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј. Нов Рим, градот своето име го добил по изборот за нова престолнина на Византија од страна на Константин I во околу 330 годинаAccording to the Reallexikon für Antike und Christentum, vol. 164 (Stuttgart 2005), column 442, there is no evidence for the tradition that Constantine officially dubbed the city „New Rome“ (Nova Roma or Nea Rhome). Commemorative coins that were issued during the 330s already refer to the city as Constantinopolis (see e.g. Michael Grant, The climax of Rome (London 1968), p. 133). It is possible that the emperor called the city „Second Rome“ (Deutera Rhome) by official decree, as reported by the 5th-century church historian Socrates of Constantinople. Alma Roma , , 'Eastern Rome', Roma Constantinopolitana. Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големиот раскол.

Цариград, ова име го имал околу 16 века или поточно од 330 година сè до 1930 година. Името произлегува од царот Константин I, а во превод значи „градот на Константин“. Во времето на Византија исто така било употребувано и името Византион. Името Цариград продолжило да се употребува и по падот на Цариград, со исклучок во времето на Мустафа III (1717-1774) кога градот се нарекувал Исламбол, што значи полн со ислам. Цариград e традиционалното словенско име на градот и како такво се среќава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува „град на царевите“. Ова име било користено и од страна на потчинетите Грци во Османлиското Царство како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име бил и Стамбол во времето на Османлиското Царство. Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превратот во Турција. Самиот збор Истанбул означува „кон градот“.

Историја

Рана историја

Во 2008 година, за време на градежните изградби на Истанбулското метро и тунелот „Мармарај“, односно на деловите на поранешниот Цариград, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 п.н.е.BBC: „Istanbul's ancient past unearthed“ Published on 10 јануари 2009. Посетено на 11 јануари 2009. Првата колонизација на околината околу денешниот град и во Анадолија била во бакарното време, односно во периодот помеѓу 5500-3500 п.н.е. Прва населба која била населена е денешниот Кадиќој (Халкедон), од страна на Фенекијците. За основањето на градот постојат повеќе легенди. Според една, Бизас или Визас од Мегара, град блиску до Атина го основал градот. Тој со својата флота од неговиот град испловил кон североисток по Егејското Море. Тој го прашал оракулот во Делфи каде точно да го основа својот нов град, а оракулот кажал: „кај слепците“. Тој точно не разбрал што всушност значело тоа. Но кога пристигнал на бреговите од Мала Азија на Босфорот, разбрал што значело истото. На брегот постоел грчки град по име Халкедон. Визас сметал дека жителите на градот се слепи бидејќи не гледале со каква земја располагаат само на неколку метри од другата страна на Босфорот. Така, тој таму го основал градот, и го нарекол по себеси Византион. Градот многу бргу станал основен трговски град поради својата географска положба и единствениот пат кој водел кон Црно Море. Подоцна, Византион го презел Халкедон.

По нападот на Песцениј Нигер против победничкиот Римски цар Септимиј Север, градот бил под опсада од страна на Римјаните и претрпел голема штета во 196 година. Византион бил обновен од страна на Север и брзо ги повратил својот претходен просперитет. За многу краток период градот го носел и името Август Антонија кое било дадено од страна на царот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј.

Византиско Царство

Локацијата на Византион најмногу му го привлекла вниманието на Константин I Велики во 324. Во текот на 3 век, Римското Царство била опфатена со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува како таква во такви услови. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со своето царство раководел од Никомедија во Мала Азија. Неговиот наследник, Константин I Велики бил прв император кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на Босфорот, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град Византион. Ова било местото кое Европа ја делел од Азија. Изградбата на новата престолнина започнала во 324 година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на 11 мај 330 година бил официјално основан градот под името Цариград, градот на Константин. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и Нов Рим. Подоцна, градот од страна на Словените бил наречен Цариград.

Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Цариград станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот Рим, новиот Рим бил не само римски туку и христијански. Во него биле изградени големи дворци, амфитеатри, аквадукти и христијански храмови. Една од најпознатата градба од раната историја на Цариград е црквата Аја Софија, која била седиште на Цариградската патријаршија, како духовен водач на православните христијани. Денеска, истата се наоѓа во населбата Фенер во Истанбул.

Латинско Царство

Во 1204, односно во текот на Четвртата крстоносна војна, во походот кон Ерусалим, крстоносците го зазеле Цариград. Како една од причините за напаѓање на градот од страна на крстоносците била нивната финансиска зависност од Венеција, чии флоти требало да бидат транспортирани до бреговите на Светата земја. Поради недостаток на финансиски средства, крстоносците биле принудени од страна на Енрико Дандоло за напад кон градот, претходно зазимајќи го Задар. По преземањето на градот, бил ставен на еден начин крај на Византија. Од нејзините територии биле создадени три царства: Никејско Царство, Трапезунтско Царство и Епирско Деспотство. Во времето на Латинското Царство, Цариград бил изложен на постојано ограбување од страна на крстоносците. Голем број на реликвии, мошти на светци и предмети од религиозно значење биле пренесени на запад во Европа. Во 1261 година, градот повторно бил заземен од страна на Византија во времето на Михаил VIII Палеолог.

Османлиско Царство

Во последните децении на Византиското Царство, градот заедно со царството западнале во голема финансиска криза. Долго време, градот постоел само како град-држава, кој бил опколен од Османлиското Царство. Војската која го бранела Цариград била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога започнала османлиската опсада, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓеD. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32.

На почетокот на опсадата, Мехмед II ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу.Runciman 1965, pp. 96-97. Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Од тогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – „одбраната на градот е оставена сама на себе“. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт. На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани.Vasiliev 1952, pp. 651-652 Османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мехмед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако Османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари., „...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood“ Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Николо Барбаро „во текот на целиот ден Турците вршеле колеж над христијанското население во градот“. На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот. „In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege.“ ... „Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls.“ In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.The Fall of Constantinople, 1453

Република Турција