Катедралата Свети Јаков (полски: Bazylika archikatedralna św. Jakuba w Szczecinie) е црква во Шчеќин, Поморско Војводство, Полска. Црквата била изградена од страна на населението на градот, по моделот на црквата Пресвета Богородица во Либек. Овој храм е најголемиот во Померанија (Поморје). Во времето на реформацијата, таа била евангелистичка црква. Во 1677 година црквата била разрушена од војната во тоа време, а во периодот од 1690 до 1693 година била повторно изградена. Исто така црквата била опожарувана, рушена и слично во времето на Втората светска војна, но по крајот на истата повторно била санирана. Денеска, таа е римокатолички храм.
Наводи
Шчеќин Категорија:Шчеќин Категорија:Готска архитектура Категорија:Базилики во Полска Шчеќин