Наум Попески (25 ноември 1947-20 јануари 2025) — македонски писател, поет за деца, новинар, преведувач и публицист.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 208.

Животопис Наум Попески е роден во Вевчани на 25 ноември 1947 година. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Тој бил долгогодишен новинар и уредник на додатокот за деца „Колибри“ на „Нова Македонија“.Член на ДПМ од 2000 година. За своето долгогодишно - плодно поетско творештво за деца, добитник е на повеќе награди и признанија, како и Наградата Гран при и Награда за животно дело.

Творештво Наум Попески е автор на книгите: мини|лево|Наум Попески „Ајде да растеме“ поезија за деца,(1982) „Бонтон за деца“, (1991) Бонтон за деца, преведена на албански јазик: Bontoni per femije (1995) ,Еко - бонтон за деца“,(2006) „Марко Поло - големиот морепловец и истражувач“, публицистика (1994) „Детелинка со четири листа“ поезија за деца (1995) ,Дневникот на Мартина“ патеписни белешки од Јадран (2003) „Принцезата Дијана“ - бајка која се претвори во трагедија публицистика (1997) „Спомени во слики“ (2007)Спомени во слики „Една грешка - мака тешка“,песни и раскази за сообраќајната култура на децата (2009) ,Изворчиња - поточиња“, поезија за деца (2007) „Летни светни светулке“ поезија за деца (2012) Анегдоти - згоди и незгоди на македонските писатели за деца (2013) „Наумување“ поезија за деца (2015) „Низ сончевиот пат на македонската азбука“, македонската азбука опеана во стихови за најмалите и со соодветни илустрации (2016) Ново, дополнето издание, „Бонтон за деца“, адаптирано за децата од претшколска возраст, издание на „Детска радост“ „Просветно дело“, Скопје (2017) „Поетот од Порече“, монографска книга во соавторство со поетот Саво Костадиновски (2018) „Чаробна крила“, избор од поезијата за деца на Наум Попески, во препев на Душан Ѓуришиќ, доајен на поезијата за деца во Црна Гора (2018) „Златна диплома“ од босанскиот писател за деца проф. д-р Бајрузин Хајро Планјац, во превод на Наум Попески (2018) „Дувни, дувни ветренце“, стихозбирка за деца (2019) Мојот прв албум за природата - Безбедна природа, безбедно детство, стихови на Наум Попески, во издание на Здружение за заштита на животна средина НОВ ИМПУЛС (2019) ,,Тајните на дедовата воденица“, роман за млади од проф. д-р Хајро Плањац, во превод на Наум Попески, рецензент проф.д-р Ферид Мухиќ (2022)

Наводи

ДПМ за Наум Попески Културно наследство на Струга

Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Луѓе од Вевчани Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“