Ватрослав Ингациј Облак (словенечки: Vatroslav Oblak, Цеље, - Цеље, ) — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.
Животопис
Облак своето образование го започнал во основното училиште во Цеље каде во истиот град го продолжил и гимназиското образование, но при крај го напуштил образованието поради заболување од туберкулоза. Наскоро го продолжил образованието, но поради несогласување со авторитетите се преселил во Загреб кога во 1886 година матурирал. Облак заминал за Виена каде студирал словенечка филологија. На 11 март 1891 се здобил со титула „доктор на науки“ каде и добил стипендија за да замине во Македонија и престојувал во Солун каде ги проучувал македонските дијалекти. Но турските власти го затвориле по што австрискиот конзул реагирал за да го ослободат и ја напуштил Македонија. По краток престој во Виена, тој повторно отпатувал но овој пат во Далмација каде го проучувал чакавското наречје.<ref>Slovenski biografski leksikon 1925-1991. (2009). Elektronska izdaja. Ljubljana: SAZU</ref>
Творештво
По запишувањето на факултет започнал со издавање на списанието „Архива за словенска филологија“ и во 10 години напишал околу 150 статии. Го проучувал словенечкиот јазик и неговите дијалекти, дијалектите на хрватскиот јазик и македонските дијалекти. Значајно дело е „Македонските студии“ (Macedonische Studien'') каде се обработени македонските дијалекти.Enciklopedija Slovenije. (1994). Knjiga 8. Ljubljana: Mladinska knjiga.
Наводи
Поврзано Македонистика Список на македонисти
Категорија:Словенечки македонисти Категорија:Словенечки слависти Категорија:Луѓе од Цеље