Катедралата Свети Флоријан (полски: Kościół św. Floriana w Krakowie) е црква која се наоѓа во Краков, Полска. Црквата посветена на Свети Флоријан била изградена во периодот од 1185 до 1216 година. На неколкупати била реновирана. По Полско-шведските војни, црквата била реконструирана во стил на барок. По ова, црквата служела за крунисување на новите кралеви како и место во која биле погребувани голем број на кралеви.

Папа Јован Павле II во црквата од 17 септември 1949 до септември 1951 работел како викар. Во 2002 година тој ја посетил црквата во улога на папа.

Наводи

St. Florian's Church at travel.yahoo.com St. Florian's Church at krakow4u.pl Kleparz at what-where-when.pl

Категорија:Базилики во Полска Категорија:Цркви во Полска Категорија:Барокна архитектура Краков