Поединечните натпревари во машка конкуренција во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 16 и 18 февруари.

На 16 февруари, со почеток во 16:15 по месно време (UTC-8) се одржа кратката програма, а на 18 февруари, со почеток во 16:45 слободната програма.

Во слободната програма, учество обезбедија најдобрите 24 лизгачи од кратката програма.

На натпреварите учествуваа 30 лизгачи од 20 земји, меѓу кои златниот медал го освои Еван Лајсачек од САД.

Освојувачи на медали ЗлатоСреброБронза Еван Лајсачек Евгени Плушенко Даисуке Такахаши

Надворешни врски ISU Communication № 1589 Уметничко лизгање на официјалното мрежно место на игрите