Оваа статија е за историската претходничка на МПЦ, за останати значења видете Охридска архиепископија (појаснување).

Охридска архиепископија — првата словенска православна црква што дејствувала на голем дел од Балканскиот Полуостров, која се смета за историска составница на Македонската православна црква во Македонија.Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение по однос на нашата словенска црква во Македонија, поради тоа Be молиме, макар и да сме измамени од страна на Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служител и да ни ја обновите нашата црква. Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не може-ме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите предеди. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта.- Писма од охридски граѓански здруженија, ДА ДСИП — Београд — ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград, Ние верните поданици на Неговото Величество царот Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна сло- бода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици. Писма од охридски граѓански здруженија, ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера, што секој трча да види што весник е што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат воделе борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија - „Искрата на нашата иднина". Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да не бидат Македонци. Писмо од Тодор Кусев до весникот Македонија, Т. Ив. Кусев „Македони-fc" (Цариград), бр. 1 (28 И 1867 година). 3. Другите луѓе од високиот клер (епископите, свештеномонасите и мирските свештеници) да бидат родум МАКЕДОНЦИ и назначувани од архиепископот, а епископите можат само да бидат потврдувани од вашата светост. 4. Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи сегашната. Два става на скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов за Охридската архиепископија и услови за нејзино возобновување од вкупношест. (Archivio della S. Congregazione de propaganda Fide – Roma: "Indice della Ponenza-март 1892-93", Somm. XV, f. 132-141).

Историја

Теории за настанокот на Охридската архиепископија

Поновата теорија за постанокот на Охридската архиепископија тврди дека таа е идентична со поранешната Архиепископија Јустинијана Прима која била основана од Јустинијан I во 535 година, во неговото родно место. Оваа теорија се задржала доста долго време, поточно сè до укинувањето на Охридската архиепископија (1767).

Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепископија според која Архиепископијата е исто што и некогашната Архиепископија Јустинијана Прима, па затоа и привилегиите издадени од цар Јустинијан во 11 и 131 новела на Архиепископијата на Јустинијана Прима важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската архиепископија. Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на XII век, во времето на охридскиот архиепископ Јован Комнин. До таков заклучок дошол бидејќи Јован е прв од охридските архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе 1157 година постои негов потпис.

Б. Проќиќ истакнува дека се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се вели дека по освојувањето на Охридското Царство во 1018 година царот Василиј II Охридската архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од уредбите, т.е. од 11 и 131 новела на цар Јустинијан I, дознал дека Охридската архиепископија е исто што и Архиепископијата на Јустинијана Прима. Иако поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на Охридската архиепископија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се подложат под јурисдикција на вселенскиот патријарх во Цариград, туку жестоко ја бранеле автокефалноста на Архиепископијата. Покрај тоа, тие нагласувале дека Охридската архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква Јустинијан I и тоа од римскиот папа, под чија јурисдикција била сè до 535 година.

Црковни почетоци

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527 — 565), кој потекнувал од местото Тауресиум (денешен Таор), близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален архиепископ. Кателијан бил првиот архиепископ на архиепископијата Јустинијана Прима. Останати познати архиепископи се Бененат, Павле, Јован I, Леон и последниот Јован IX, кој во 680/681 година учествувал на Трулскиот собор во Цариград.

Црковна традиција наметната од Јустинијана Прима ја наследува Свети Климент, како прв словенски епископ воопшто во светот. Според пишаните документи од средновековна Македонија, т.е. житија, средновековните Македонци како духовни водачи ги спомнуваат деволските (охридските) епископи, а цариградскиот или преславскиот патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала црковна автономија во тој временски период.

Потоа, таа црковна традиција ја наследуваат епископите на македонските склавинии односно кнежевства. Познато е дека секое средновековно македонско кнежевство, склавинија, имала свој епископ. Забележано е дека дури на Цариградскиот сецрковен собор 879, заедно со водачите на сите помесни цркви, рамноправно учествувале и епископите на македонските кнежевства, но во пишаните документи е задржано само името на Епископ Петар од Драговитија, кнежевството на Драговитите.(Види кај Dvornik, Slaves, pp. 235 - 236; Niederle, II, 424.)

Бугарска управа

Во IX век, делови на Македонија потпаѓаат под бугарска власт. Тогаш, за да ја признае бугарската црква, римскиот папа му наредил во 866 на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат архиепископ на Бугарија. Целото папско правило гласи: „Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc”.(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), стр.119-120) Бидејќи Северна и Централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ од македонско потекло. Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на IX век. Инаку, македонските склавинии кои биле под Византија, како на пример Драговитија, си ги задржале своите епископи. Како последица на тоа, Бугарија ја спровела наредбата. Кон крајот на IX век, бугарскиот цар Борис I ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи кои не биле бугарски ни цариградскиПериодическо списание, 1898 г., кн. 55-56, стр. 85 и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент.

Рускиот славист Туницкиј според Краткото житие на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи(Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182). Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии (Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190), каде службен јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија (Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121).

Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските автономни области ја носеле титулата „епископ на словенски јазик“ , каде што старословенскиот збор „јазик“ означува „народ“ т.е. етнос. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи, од кои зачувано е името на „епископ Марко на словенскиот народ“. Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било одделно од бугарското и останатото околно население.

Охридска патријаршија

Цар Самоил ја издигнува светиклиментовата црква на ниво на патријаршија, најверојатно во 996 година. За прв патријарх бил назначен Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Свети Ахил на Голем Град.(Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“) За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребен било благослов од центрите на христијанството, тогаш Цариград или Рим. Цариград не ја признал Самоиловата држава, па затоа тоа го направил папата Григориј V во година која не е точно утврдена (најверојатно 997 или 999 година). Според бугарската историографија, Самоил ја зграбил круната од Рим.(Извадок од книгата "Rulers of Bulgaria", од професор Милчо Лалков, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria) Но, бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рома значи Рим, а Византија се викала Ромeја.

Македонската држава добила македонска црква, што довело до создавање на две посебни патријаршии, македонска и бугарска. Македонскиот патријарх во 998 е Герман, а на бугарскиот патријаршки преславски престол седи г.г. Глигориј(Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов: “Българските патриарси през Средновековието” Александра Карамихалева). Под јурисдикција на Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. Во сѐ уште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија и ја сведува на ниво на митрополија Бугаријавиди титула на бугарскиот поглавар, па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во 1016 година како „митрополит Бугарски“ Православен календар на БПЦ и како таков се слави од БПЦ. По укинувањето на Преславската патријаршија, Охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, меѓу кои Малта и Сицилија.

По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј II ја инкорпорира Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија, па сè до Срем. Охридската патријаршија не ја уништува, туку и го намалува рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридската aрхиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

XII и XIII век