Македонското студенско друштво - Дружба е асоцијација на македонските студенти и интелектуалци во Софија, Бугарија. Друштвото било формирано кон крајот на 1890 година од страна на македонските студенти во Софија. Негови по истакнати членови биле: Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и Никола Наумов. Посебна улога при формирањето на друштвото имал Коста Шахов. Асоцијацијата била конспиративна а нејзината дејност требало да се легализира преку издавање на едно списаније.

Цел на Друштвото

Ослободување на Македонија од турското ропство Формирање на револуционерна организација во Македонија Врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија Издавање на едно списание што ќе се спротивстави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби

Распуштање

Во март 1891 година по убиството на бугарскиот министер за финансии Белчев, бугарските власти ги уапсиле Дамајан Груев и Никола Наумов и поради тоа друштвото решило да се самораспушти за да бидат избегнати предвремени жртви. Неколку месеци подоцна од оваа друштво ќе призлезе Лозарското движење

Извори

Категорија:Македонски организации во дијаспората Категорија:Историја на македонскиот народ Категорија:Петар Поп Арсов Категорија:Македонски емигрантски организации во Бугарија