Ксенија Пајчин (српски: Ксенија Пајчин, , - , ) — српска пејачка, моден творец и фотомодел.. Ксенија Пајчин е по родум од Босна и Херцеговина.

Својата кариера ја започнала како танчерка во дискотеки. Понатака, таа станала член на музичката група „The Duck“ и со песната „Дачо, те сакам“ (Дачо, волим те) оваа група ја забележува својата популарност. По напуштањето на групата, Ксенија ја започнува својата соло кариера и станува сопственик на училиште за танцување во Белград.

На 16 март 2010 година, Ксенија Пајчин трагично и мистериозно го завршила својот живот.РТС: Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви Таа била пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата и до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана. Се верува дека се работи за убиство на Ксенија и самоубиство кои ги извршил Филип.Блиц:Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви 16 март 2010.

Дискографија Албуми 1997. — -„Too hot to handle“ 2001. — -„Еxtreme“ 2004. — „Сигурна“ 2006. — -„The best of“

Синглови 2007. - „Вештица“ (Вештерка) 2008. - „Хајде сестро“ феат. Индира Радић (Ајде сестро со Индира Радиќ) 2008. - „Пица“ (Пица) 2009. - „Супица“ феат. Данијел Алибабић (Супа со Даниел Алибабиќ) 2009. - „Фарса“ (Фарса) 2009. - „Брка“ (Брка)

Наводи

Надворешни врски

Ксенија - заминувањето на кралицата

Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски поп пејачи Категорија:Српски турбо-фолк пејачи Категорија:Српски поп-фолк пејачи Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Убиства во Србија