Водачи Претседател - Киро Глигоров; Стојан Андов (4 октомври - 17 ноември) Премиер - Бранко Црвенковски Претседател на Собранието - Стојан Андов; Тито Петковски (4 октомври - 17 ноември)
Настани јануари
5 јануари - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија. 10 јануари - почнува приватизација на тутунските претпријатија. 11 јануари - Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија. 18 јануари - Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови. 27 јануари - Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
февруари
15 февруари - Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет. По ова следувале големи протести во цела држава од страна на македонските студенти и средношколци. По два дена, универзитетот бил затворен, а во немирите еден Албанец убиен. 23 февруари - Околу 2.000 македонски студенти и средношколци протестираа против универзитетот во Мала Речица, барајќи негово затворање. 27 февруари - 19 албански пратеници го напуштија парламентот во знак на протест против затворањето на универзитетот во Мала Речица и поради одбивањето да говорат на свој мајчин јазик во работата на парламентот.
март април
8 април - Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставија дипломатски односи. 11 април - Во Скопје е формирано Здружение за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. 14 април - Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи. 18 април - Регистрирана е Партијата за демократски просперитет на Албанците. 24 април - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.
мај 3 мај - Деканот на универзитетот во Мала Речица беше осуден на затворска казна од две и пол години, поради немирите од пред универзитетот на 17 февруари. 8 мај - Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи. 15 мај - Кај с.Богомила пуштена е првата електро-централа на реката Бабуна.
јуни 7 јуни – Собранието на Република Македонија го донесе Законот за Воена академија на АРМ.
јули 11 јуни – Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади..
август 17 август – Во Скопје, во составот на весникот "Вечер", излезе првиот број на "Армиски збор", весник на Армијата на Република Македонија.
септември thumb|десно|100px|Македонија е примена во Советот на Европа 13 септември - Македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Каролас Папуљас во Њујорк ја потпишуваат Привремената спогодба за нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција. Со спогодбата Грција се обврзува да ја прекине економската блокада на Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина„Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 550.. 18 септември - Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот. 24 септември - се менува државното знаме. Идејното решение на новото знаме е на арх. Мирослав Грчев. 27 септември - Македонија е примена во Советот на Европа.
октомври thumb|десно|200px|Атентат врз Киро Глигоров 2 октомври - средба на претседателот Глигоров со Слободан Милошевиќ, на која средба бил постигнат договор за меѓусебно признавање. 3 октомври - Пред хотелот "Бристол" во Скопје е извршен неуспешен атентат со "автомобил (ами 8) бомба" (натоварен со 4,5 кг. експлозив) врз претседателот Киро Глигоров, во моментот кога крај него поминуваше со службениот автомобил. Притоа загина неговиот шофер и еден случаен минувач. 5 октомври - Собранието на Р. Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутните 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Р. Македонија. Дизајнот на знамето е на Мирослав Грчев, со финална корекција на Костадин Танчев - Динкатаhttps://heraldika.org.mk/news/nov-pretendent-za-dizajnot-na-znameto/ 12 октомври - Република Македонија е премена во редовно членство на Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа. 15 октомври - По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
ноември
thumb|десно|100px|Црвен Крст на Македонија 15 ноември - Македонија стана 27. членка на мировната иницијатива на НАТО - партнерство за мир. 16 ноември - Почина Петре Прличко. 27 ноември - Црвениот крст на Република Македонија е примена во членство на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
декември 19 и 22 декември - Договор Македонија - НАТО за транзит на силите на ИФОР/СФОР низ територијата на Република Македонија. Договорот беше продолжен на 18 и 26 декември 1996 година.
Култура Музика
Основана е групата String Forces. Основана е групата Холокауст. Вљубена жена, албум на Благица Павловска. Endless view, албум на Бодан Арсовски. Реинкарнација, албум на Симеон Иванов - Канго. Damjan's war, албум на Кисмет. Леб и сол Anthology, албум на Леб и сол. 5, албум на Меморија.
Филм и телевизија
Ангели на отпад, филм во режија на Димитрие Османли . Н.Е.П., филм во режија на Игор Иванов Изи.
Книги и списанија Започна да излегува списанието Фокус. Започна да излегува списанието Таа.
Маркучот во четири гласа од Коле Чашуле Недостижна од Гане Тодоровски Провиденија од Анте Поповски Нешто се слуша од Јовица Тасевски - Етернијан Празни од Јован Котески Трагач од Јован Котески Јавач на звукот од Радован Павловски Поетовата смрт од Данило Коцевски Страв од тишината од Санде Стојчевски Скалд од Санде Стојчевски Уличето со обетки од цреши од Михо Атанасовски Привремен престој од Димитар Башевски Маглите на Кајмакчалан од Димитар Башевски Гласови и траги од Атанас Вангелов Поетика на два брега од Паскал Гилевски Самоубиство на глувците од Јован Дамјановски
Објекти Започна изградбата на црквата Св. Василиј во Крушево. Осветена е црквата Св. Наум Охридски на Попова Шапка. Осветена е црквата Св. Илија во Луковица.
Останато Митрополит г. Наум стана епископ на Струмичката епархија.
Спорт Фудбал
ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 1994/1995 година. ФК Вардар го освои купот на Македонија.
* Квалификации за Европско првенство во 1996 година во Англија:
Пријателски натпревари:
Кошарка Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Кочани Деликатес го освои купот на Македонија. Основан е КК Водњански Лисици.
Починати thumb|десно|100px|Петре Прличко thumb|десно|100px|Васил Иљоски 12 јануари - Климе Савин, македонски маратонец. 27 јануари - Лилјана Белева, македонски писател. 17 февруари - Благоја Корубин, македонски македонист. 24 февруари - Ката Лахтова, претседател на собранието на Социјалистичка Република Македонија. 25 април - Јово Камберски, македонски раскажувач и романописец. 27 април - Цветко Мартиновски, македонски раскажувач и преведувач. 12 мај - Круме Наумовски, македонски првоборец. 28 мај - Исак Сион, македонски борец. 13 август - Симеон Гугуловски, македонски оперски пејач. 29 октомври - Киро Поповски, македонски правник, политичар, прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија. 1 ноември - Васил Иљоски, македонски драмски писател. 16 ноември - Петре Прличко, македонски глумец. 4 декември - Петар Глигоровски, македонски сликар и режисер на анимирани филмови.
Родени Дарко Велковски, македонски фудбалер. Александра Јанева, македонска поп-пејачка. Никола Тефов, македонски пејач.
Наводи