Водачи

Претседател - Бранко Црвенковски Премиер - Никола Груевски Претседател на Собранието - Љубиша Георгиевски

Настани јануари

thumb|десно|200px јануари - Започна да работи Нет Прес. 10 јануари - Запленети 400 килограми кокаин на граничниот премин Блацеwww.kanal5.com.mk. 23 јануари - Во Советот на Европа се отстранети ознаките со името Македонија и државното знаме www.kanal5.com.mk.

февруари 5 февруари - Мобилком Австрија стана нов мобилен оператор во Република Македонијаwww.idividi.com.mk. 11 февруари - Јован Манасиевски е избран за нов претседател на Либерално-демократската партија. 23 февруари - Уапсени се над четиресетина полицајци и цариници на граничните премини Деве Баир, Меџитлија, Богородица и Табановце поради примање на откуп. 24 февруари – На фестивалот Скопје Фест 2007 победи Каролина Гочева.

март thumb|десно|200px|Вип 5 март – Започнува повеќе-месечниот протест на стечајците пред Собранието на Република Македонија. 15 март – Приведен д-р Дејан Докиќ поради земање мито. 26 март – Започна да работи Универзитетот Гоце Делчев во Штип. 27 март – Започна да работи третиот мобилен оператор Vip operator.

април thumb|десно|150px|Уапсен Љубе Бошкоски 16 април - Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски. 20 април - Сосиете женерал го презеде управувањето на Охридска банка. 22 април - Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија.

мај 2 мај - Еден од учесниците на релито Гамбол 3000, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удри во друго возило при што загинаа двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито беше прекинато, а Морли осуден. 10 мај - Никола Груевски стапи во брак. 24 мај - Срѓан Керим е избран за претседател на Генералното собрание на ОН со мандат од 1 година.

јуни јуни - Македонија е домаќин на форумот за безбедност на Евроатлантскиот партнерски совет. 17 јуни - Започна кампањата Microsoft say Macedonia. 18 јуни - Собранието на Република Македонија го избра Абдураман Мемети за министер за локална самоуправа со што и формално Партијата за демократски просперитет станува дел од владината коалиција. 28 и 29 јуни - Охрид и Македонија беа домаќини на Самитот на Евроатлантскиот партнерски совет. 27 јуни - Пратеникот Есад Рахиќ е исклучен од членство во СДСМ.www.utrinski.com.mk 30 јуни - Мендух Тачи е избран за водач на Демократската партија на Албанците.

јули

август 20 август - Собранието ја одобри мерката притвор за Владо Бучковски. Стотици граѓани и активисти на СДСМ го блокираа Основниот суд 1 во Скопје. По осумчасовниот распит, судијката одлучи Бучковски да се брани од слобода. август - Донесена пресуда во Лондон во корист на ОКТА. Македонија треба да и’ плати на ОКТА 53,4 милиони долари отштета

септември thumb|десно|100px|Macedonialovesyou.eu 13 септември - Регистирирана е страницата Macedonialovesyou.eu. 19 септември - Канада ја призна Македонија под уставното име. 30 септември - Македонија ги потпиша Рамковната и финансиската спогодба за користење на Инструментот за претпристапна помош - ИПА.

октомври thumb|десно|150px|Загина Тоше Проески 16 октомври - Загина Тоше Проески во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска, на возраст од 26 години. 21 октомври - Основана е Партија на слободни демократи. 23 октомври - Еден полицаец загина, а двајца се ранети во напад кај Танушевци. 23 октомври - За првпат Денот на македонската револуционерна борба се прогласи за државен празник. 27 октомври - Основана е Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин.

ноември 5 ноември - Започнал да работи Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 6 ноември - Европската Комисија го објави извештајот за напредокот на земјата за 2007 година. 7 ноември - полициска акција на специјалните сили на македонското МВР во шарпланинското село Бродец над Тетово. Акцијата беше спроведена за отстранување и разбивање на албанските терористичко-екстремистички криминални групи дојдени од Косово, кои се закануваа со рушење на мирот и стабилноста во Република Македонија. Во полициската акција „Планинска бура“ се убиени 7 албански екстремисти.

декември

Култура Музика thumb|десно|200px|Каролина Гочева на Евровизија 2007 Македонија на Евровизија 2007 ја претстви Каролина Гочева со песната Мојот свет. Игри без граници, албум на Тоше Проески. Збогум најмила, албум од Ѓоко Танески Откровение, албум на Симеон Иванов - Канго Luckiest Woman, албум на Mooger Fooger Дај ми ја ноќта, албум на Ареа. Amore Bene Tutti Prego, албум на Културно Уметнички Работници. Поглед кон цветната градина, албум на Мизар. DeLuxe, албум на Нокаут Слушај, албум на Тони Зен Врати ми го срцето, албум на Ламбе Алабаковски Опасно, албум на Елвир Мекиќ Бело Знаме, албум на Верица Пандиловска Основана е музичката група Fighting Windmills. Основана е музичката група Furion.

Книги и списанија

Побуна на интелектуалците од Данило Коцевски За восхитот и за пораката од Санде Стојчевски Нишан од Блаже Миневски Преместен камен од Никола Маџиров Аристотел Македонецот од Ангелина Маркус Зад текстовите од Маја Апостолоска Саѓе врз снегот од Лилјана Дирјан Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија) од Дејан Велкоски Започна да работи порталот Македонски фудбал. Започна да работи порталот Macedonialovesyou.eu.

Филм и телевизија thumb|десно|150px|Сенки Сенки Јас сум од Титов Велес Превртено Боли ли? Стапица Мултиплеј

Објекти thumb|десно|200px|Црква „Св. Атанасиј“ - Лешок

Осветена е црквата „Св. Атанасиј“ во Лешок. Осветена е црквата „Св. Петка и Св. Недела“ во Тетово. Осветена е црквата „Св. Ѓорѓи“ во Сирково. Изградена црквата „Св. Спиридон“ во Зеленград. Изградена црквата „Св. Архангел Михаил“ во Подбреѓе. Изградена црквата „Св. Никола Чудотворец“ во Секирник. Изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во Отовица. Изградена црквата „Св. Илија“ во Аеродром. Камен темелник на црквата „Св. Харалампиј“ во Ташмаруништа. Изградба на Споменик на г.г. Доситеј во Скопје. Изградба на Споменик на загинатите бранители во Струмица.

Останато

thumb|десно|200px|Википедија со 10.000 статии Википедија на македонски јазик го достигна бројот од 10.000 статии. Започна кампања Македонија - земја на информатичари. Започна да работи Правниот факултет во Кочани. За првпат доделена Награда „23 Октомври“. За првпат доделена Награда „Тоде Петревски“. За првпат доделен Медал за заслуги за Македонија. За првпат доделен Орден за заслуги за Македонија.

Спорт Фудбал

ФК Победа стана шампион по фудбал во сезоната 2006/2007 година. ФК Вардар го освои купот на Македонија. Основан е ФК Добарце. Квалификации за европското првенство во фудбал 2008 - група Е

* Пријателски натпревари

Кошарка

КК Струмица стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Вардар 2000 го освои купот на Македонија. Основан е КК Вардар Осигурување.

Починати thumb|десно|200px|Тоше Проески

Тоше Проески, македонски пејач. Јездимир Богдански, македонски државник. Ристо Аврамовски, македонски композитор. Блага Алексова, македонски археолог. Томе Арсовски, македонски поет. Душко Малевски, македонски македонски. Ѓорѓи Здравев, македонски етнолог. Кирчо Поплазаров, македонски пејач. Трајче Попов, македонски режисер. Добрила Пуцкова, македонска глумица. Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар. Радојко Петковски, македонски сеизмотектоничар Панко Стамкоски, македонски активист. Живко Поповски, македонски архитект.

Родени

Наводи