Лески — село во Општина Виница, во околината на Виница.

Географија и местоположба

Историја Селото се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1611 - 1619 година под името Леска со 58 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.

Во XIX век селото било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лески живееле 280 жители, од кои 250 Македонци и 30 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лески имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Лески живеат 579 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 439 жители, од кои 417 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 20 лица без податоци.

Родови

Лески е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:

Велковци (3 к.) доселени се од селото Јастребник кај Кочани. Овде живеат од XIX век. Трајанови (2 к.) доселени се од селото Прибачево. Овде живеат од XIX век. Ќирови (1 к.) доселени се однекаде. Овде живеат од XIX век. Арсови (1 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево. Овде живеат од XIX век. Соколови (1 к.), Филипови (1 к.), Николови (1 к.), Димитрови (1 к.), Јаневи (1 к.), Сребренови (1 к.) и Стаменкови (2 к.) доселени се од селото Пресека кај Кочани, после 1941 година. Тасеви (2 к.), Тодорови (1 к.), Богатинови (1 к.), Миленкови (1 к.), Тодорови (1 к.) и Арсови (1 к.) доселени се од селото Безиково кај Кочани. Дамјанови (3 к.), Стоилови (1 к.) и Китанови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица. Божинови (1 к.) доселени се од селото Вранинци кај Кочани. Карафилови (1 к.) и Ангелкови (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 325 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — селска црква од 1848 г.

Археолошки наоѓалишта Ореово — населба и некропола од римско време Св. Атанас — населба од римско време Свети Јован Опсеча — црква од средниот век

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница