мини|Садок го помазуа Соломон, прикажан во гравура од 16 век „Свештеникот Садок“ (анг. Zadok the Priest, HWV 258) — свечена ода за крунисување од Георг Фридрих Хендл заснована на текстот на Библијата на кралот Јаков. Таа е една од четирите „Химни за крунисување“ на Хендл искомпонирани по повод крунисувањето на британскиот крал Џорџ II во 1727.Другите „Химни за крунисување“ на Хендл се: „Царот ќе се весели“ (The King Shall Rejoice), „Прекрасни зборови извираат од моето срце“ (My Heart is Inditing) и „Да ти зајакне раката“ (Let thy Hand be Strengthened). Од тој момент, па до денес истите химни се изведуваат на секое крунисување на британскиот монарх, и тоа во текот на помазанието.
Текст Иако овие химни сочинуваат долга традиција на крунисување, текстот, како и музиката, е личен избор на Хендл, направен врз основа на најдостапниот опис на претходно крунисување, она на Јаков II во 1685 г.Химни за крунисување од Г.Ф. Хендл - Classical Archives Текстот е земен од библиската приказна за помазанието на царот Соломон. Овие зборови се користат на секое крунисување на англискиот владетел, уште од устоличувањето на кралот Едгар во Батската опатија во 973 г.
Зборови Зборовите на песната се изведен препев од 3 Царства 1,38–40
Zadok the Priest, and Nathan the Prophet anointed Solomon King. And all the people rejoic'd, and said: God save the King! Long live the King! May the King live for ever, Amen, Allelujah.
Свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа Соломона за цар. И сиот народ воскликнуваше, и извика: Боже чувај го царот! Да живее царот! Да живее вечно, Амин! Алилуја!
Структура Химната „Свештеникот Садок“ е дело за хор (во обликот СС-АА-Т-ББ) и оркестар (две обои, два фагота, три труби, тимпани, жичени инструменти, континуо). Окрестралниот вовед нè подготвува за изненадување по пат на статично наслојување на меки текстури од гудачките инструменти, по што ненадејно избувнува форте тути, дополнето од три труби.
Средишниот дел, во кој се вели „And all the people rejoic'd, and said“ е имитативен танц во 3/4 такт, каде хорот претежно пее во созвучје, а жичените инструменти свират во ритам со нотни точки.
Последниот дел „God save the King“ итн. се навраќа на (4/4) такт, со тоа што самите зборови „God save the King“ се во созвучје, прошарано со извиците „Амин!“ придружени од полуосминки наизменично со шестгласовните делови (СААТББ), додека пак другите гласови во придружба пејат осминки во созвучје. Хорот завршува со плагална каденца на „Алилуја“ во ларго.
Музиката на оваа дело е искористена и во познатата Химна на УЕФА Лигата на шампиони.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Музиката во 1727 година Категорија:Дела на Георг Фридрих Хендл Категорија:Хорски композиции Категорија:Композиции во де-дур