Андриј Евменович Лисенко (украински: Андрій Євменович Лисенко; , - , ) — украински писател и преведувач на словенски јазици.

Животопис

Лисенко е роден во семејство на сиромашни селани во Катеринослав (денес Днепар). Тој дипломирал на Днепропетроскиот институт за народно образование во 1933 година, а подоцна и во Киев во 1938. За време на неговата младост тој се обидел да ги напише своите први поеми и приказни.

Андриј Лисенко бил учесник и во Втората светска војна, каде бил тешко ранет. По војната, тој бил предавач на Универзитетот во Лавов, а подоцна работел и во Сојузот на украинските писатели.

Кариера

Неговата работа од областа на литературата започнала во неговите педесетти години. Тој превел голем број на книжевни дела од различни словенски јазици на украински. Од бугарски, српскохрватски, белоруски и руски тој превел романи, приказни и драми, но негов најголем успех е серија преводи од македонски јазик.

Така, Лисенко превел:

„Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски; две големи приказни од Видое Подгорец; раскази од: Ѓорѓи Абаџиев, Томе Арсовски, Јован Бошковски, Вера Бужаровска, Борис Вишински, Ташко Георгиевски, Паскал Гилевски, Симон Дракул, Благоја Иванов, Србо Ивановски, Славко Јаневски, Лазо Каровски, Блаже Конески, Јордан Леов, Владо Малески, Цветко Мартиновски, Ката Мисиркова - Руменова, Томе Момировски, Ѓоре Напески, Оливера Николова, Бранко Пендовски, Видое Подгорец, Глигор Поповски, Миле Поповски, Слободан Рошковски, Коце Солунски, Јован Стрезовски, Иван Точко, Радмила Трифуновска, Коле Чашуле, Живко Чинго; поезија од: Цане Андреевски, Лазо Каровски, Кочо Рацин.

43 приказни од 27 македонски автори преведени од Лисенко ја сочинуваат книгата „Македонска новела“ ( „Македонська новела“) испечатена во Киев во 1972 г. За оваа книга тој ја добил наградата „Златно перо“. Сè до неговата смрт тој преведувал и давал литературна критика на македонски писатели и дела.

Извори П. М. Рудяков. Лисенко Андрій Євменович // Українська літературна енциклопедія. Київ: Українська енциклопедія імені М. П. Бажана, 1995, т. 3, с. 174. Л. Проценко. Київський некрополь. Київ: Український письменник, 1994, с. 293.

Категорија:Украински писатели Категорија:Украински преведувачи Категорија:Македонисти Категорија:Луѓе од Днепар