мини|десно|Арената на Финикс мини|десно|Санс против екипата на ЛА Клиперс

Финикс санс () се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ () го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.Intro to all-time NBA franchise rankings – ESPN

Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.SUNS: The Suns Rise in Phoenix

Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула. Под водството на Пол Вестфал, со помош на Баркли, Мејирли, Џонсон и Ејнџи победија на 62 натпревари. Во плејофот стигнале до финалето, и изгубиле од Чикаго Булс, со Мајкл Џордан и Скоти Пипен.

За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја.

Состав Име Години Држава Височина ПозицијаДиандре Ејтон 23 2.11м ЦентарБизмек Бијомбо 29 2.03м ЦентарДевин Букер 25 1.96м бекМикал Бриџес 25 1.98м крилоТори Крег 31 2.01м бек/крилоЏеј Краудер 31 1.98м крило/Крилен ЦентарЕрон Холидеј 25 1.83м плејмејкерКамерон Џонсон 25 2.03м крилоФренк Камински 28 2.13м Крилен Центар/ЦентарЏавел Мекги 34 2.13м ЦентарКрис Пол 36 1.83м плејмејкерКамерон Пејн 27 1.85м плејмејкерЕлфрид Пејтон 27 1.91м плејмејкерДарио Шариќ 27 2.08м Крилен ЦентарЛандру Шемет 24 1.93м бекИшмаил Вeјнрајт271.98мКрилен Центар

Наводи

Надворешни врски Финикс Санс на ЕСПН Историјат на НБА финалиња Suns.com (официјално мрежно место) Финикс Санс на Basketball-Reference.com

Категорија:Клубови во НБА Категорија:Финикс