Ана Болејн (1501 или 1507 – ) — кралица на Англија од 1533 до 1536 година како втора сопруга на кралот Хенри VIII, како и Маркиза од Пембрук.Ives, pp. 158–59, p. 388 n32, p. 389 n53; Warnicke, p. 116. Anne is also sometimes called "marchioness". Поради нејзиниот брак со Хенри и подоцна нејзиното погубување, таа станува една од клучните фигури во политичките и религиските промени кои довеле до англиската реформација. Како ќерка на Томас Болејн и Елизабета Ховард, Ана имала повисок статус од Катерина Прат, подоцнежната сопруга на Хенри VIII, но понизок од претходната — Катерина Арагонска. Била школувана во Европа како придружничка на кралицата Клаудија. Во 1522 г. Ана се вратила во Англија.

Во 1525 г., Хенри VIII се заинтересирал за Ана и се обидувал да ја заведе, но таа постојано го одбивала, не сакајќи да биде негова љубовница како сестра ѝ, Марија Болејн. Поради тоа, тој сакал да го поништи неговиот брак со Катерина Арагонска, за да може да се ожени со Ана. Кога станало јасно дека папата Климент VII нема да го поништи тој брак, започнал распадот на римокатоличка црква во Англија.

Кардиналот на Јорк, Томас Вулзи, бил отстранет од својата должност, наводно поради инсистирањата на Ана Болејн, за подоцна Томас Кранмер, капланот на семејствотто Болејн, да стане Кантербериски архиепископ. Хенри и Ана се венчале на 25 јануари 1533. Кранмер го поништил бракот на Хенри и Катерина, a 5 дена подоцна бракот меѓу Хенри и Ана го прогласил за важечки. По ова, папата ги казнил Хенри и Кранмер со изопштување од црквата. Поради исклучувањето и бракот, црквата на Англија се разделила од Рим, а контролата ја презел кралот.

На 1 јуни 1533 година Ана била прогласена за кралица на Англија. На 7 септември ја родила идната кралица, Елизабета I. Хенри ја обожувал Елизабет, но копнеел по син, надевајќи се дека следното дете ќе биде момче. Меѓутоа Ана доживеала три абортуса, по што Хенри изгубил интерес, а околу март 1536 година Хенри започнал да ѝ се додворува на Џејн Симор. Во периодот од април-мај 1536 година, Хенри започнал истрага против Ана за велепредавство. Таа била осудена и погубена на 19 мај. Многу историчари веруваат дека обвинувањата, кои вклучувале прељуба и инцест, биле неосновани. По крунисувањето на нејзината ќерка Елизабет, Ана станала симбол за маченик и хероина на англиската реформација, особено преку делата на Џон Фокс. Во подоцнежните години, таа станала инспирација и била споменувана во многубројни уметнички и културни дела.Ives, p. xv. Таа важи за највлијателната и најважната сопруга на англиски крал, земајќи предвид дека поради нејзе Хенри VIII се развел од Катерина Арагонска и се разделил од Римската црква, нешта што целосно го промениле текот на англиската историја.

Детство (до 1522 г.) Ана била ќерка на Томас Болејн, подоцна Гроф на Вилтшир и Гроф на Ормонд, и неговата сопруга, Елизабета Ховард, ќерката на вториот Војвода на Норфолк. Томас Болејн бил почитуван дипломат со особена дарба за јазици. Бил една од омилените личности на Хенри VII, кој многу често го испраќал на дипломатски мисии во странство. Датата на раѓањето на Ана тешко се утврдува поради недостиг од некои париски записи. Современите докази се контрадикторни. Според записите на некој италјанец од 1600 година, таа е родена во 1499, но зетот на Томас Мор, Вилијам Ропер, тврди дека годината на раѓање е 1512. Меѓутоа, најголема е претпоставката дека годината на раѓање се движи од 1501 до 1507 година. Како и кај Ана, така и кај нејзиниот брат и сестра, годината на раѓање е несигурна, но се смета дека Марија е таа која е постара од АнаThe argument that Mary might have been the younger sister is refuted by firm evidence from the reign of Queen Elizabeth I that the surviving Boleyns knew Mary had been born before Anne, not after. See Ives, pp. 16–17 and Fraser, p. 119.. Јасно е прикажано дека децата на Марија верувале дека нивната мајка е постарата. Голем број на историчари се согласуваат дека Марија е родена во 1499 година. Внукот на Марија ја барал титулата Ормонд врз основа на тоа што неговата баба била постарата ќерка, а со тоа се согласила и Елизабета I.Ives, pp. 16-17Fraser, p.119 Исто така, Марија се омажила прва, што најчесто било обичај со постарата ќерка. Нивниот брат Џорџ Болејн се родил околу 1504 година.Warnicke, p. 9;Ives, p. 15 thumb|left|180px|Сестрата на Ана, Марија Болејн.

Академската дебата за роденденот на Ана се фокусира на две години: 1501 и 1507 година. Ерик Ајвс, британски историчар и правен експерт, вели дека тоа е 1501 година, додека пак Рета Варник, американски научник која издала биографија за Ана, повеќе се залага за 1507. Клучниот доказ е едно писмо кое Ана го напишала околу 1514. Тоа писмо е напишано на француски и е наменето за нејзиниот татко кој во тоа време бил во Англија, а Ана пак, ги привршувала студиите во Холандија. Според Ајвс, стилот на писмото и зрелиот ракопис докажуваат дека Ана имала околу 13 години кога го напишала писмото, додека пак, Варник тврди дека граматичките грешки укажуваат дека писмото е напишано од дете. Ајвс вели дека ова е околу минимумот на години кои едно девојче требало да ги има за да биде придружничка на кралица, како што била и Ана на Маргарет од Австрија. Оваа теорија е поддржана од тврдењата на еден хроничар од крајот на 16 век, кој напишал дека Ана имала 20 години, кога се вратила од ФранцијаIves, pp.18–20.. Варник ги оспори овие наоди во неколку нејзини книги и статии. Ниедна од овие години не е целосно поддржана од доказите.

Предците на Ана вклучувале градоначалник на Лондон, војвода, гроф, две аристократски дами и витез.Ives, p. 3.Fraser, pp. 116-17. Еден од тие предци, Џефри Болејн, пред да стане градоначалник бил трговец на свилени ткаенини и волна. Семејството Болејн потекнува од Бликлинг, Норфолк, 15 милји северно од Норич. Во времето на раѓањето на Ана, семејството Болејн била една од најпочитуваните во Англија. Од нејзините роднини поистакнати биле семејството Ховард. Таа имала поблагородна титула и од Џејн Симор и од Катерина Прат, подоцнежните сопруги на Хенри VIII.Strickland, p. 273.

Холандија и Франција thumb|upright|Ives, pp. 42–43; Strong, pp. 6–7.

Таткото на Ана продолжил со својата дипломатска кариера и за време на владеењето на Хенри VIII. Томас Болејн успеал да шармира многу влијателни личности, вклучувајќи ја и надвојвотката Маргарет од Австрија, ќерката на Максимилијан I, светиот римски цар. Во овој период, таа владеела со Холандија на местото на нејзиниот татко и била толку многу импресионирана од Болејн што ѝ понудила на ќерка му Ана место во нејзиниот дворец. Во тоа време, девојките морале да имаат барем дванаесет години за да имаат таква привилегија, но се претпоставува дека Ана била и помлада бидејќи надвојвотката често и се обраќала со la pettite Boulain (малечката Болејн).Fraser and Ives argue that this appointment proves Anne was probably born in 1501; but Warnicke disagrees, partly on the evidence of Anne's being described as "pettite." See Ives, p. 19; Warnicke, pp. 12–3. Ана оставила добар впечаток со нејзините манири и сериозност. Маргарет велела дека таа зборува многу добро за нејзини години и му кажала на Томас Болејн дека неговата ќерка е „многу претставителна и пријатна, земајќи ги предвид нејзините години, „па затоа јас треба да Ви сум благодарна што ми ја испративте, а не Вие мене“. Ана останала кај Маргарет до пролетта 1513 г. Во октомври 1514 година нејзиниот татко ја пратил да присуствува на свадбата на Марија Тјудор, сестрата на Хенри VIII, со Луј XII.

Во Франција, Ана била придружничка на кралицата Марија а потоа на 15 годишната кралица Клаудија, со која останала скоро седум години.Starkey, pp. 261–63.Fraser, p. 121. Во дворецот на Клаудија, таа продолжила со усовршување на францускиот јазик и пројавила интерес за мода и религиозна филозофија. Исто така, се здобила со знаење за француската култура и францускиот бонтон.Starkey, p. 263. Поголемиот број докази за животот на Ана во францускиот двор се несигурни. Ерик Ајвс во неговата последна статија за целосната биографија на Ана, претпоставува дека таа се запознала со сестрата на кралот Франсоа I, Маргарет, заштитничката на хуманистите и реформистите. Маргарет била и писател, најчесто пишувала за христијански мистицизам и реформи. Поради неа, Ана почнала да се интересира за реформите, поезијата и литературата.Fraser, p.121. Во последната верзија за биографијата на Ана, Ерик Ајвс мисли дека таа имала евангелистичко верување и богат духовен живот.

Таа имала голема шармантност, но сепак постојат различни мислења во однос на нејзината привлечност. Венецијанскиот писател Марино Сануто, кој ја запознал Ана во 1532 година, кога Хенри VIII се сретнал со Франсоа I, ја опишал како „не многу убава, со средна висина, темен тен, долг врат, широка уста, мали гради... црни и убави очи“Strong, p. 6.. Во септември 1531, Симон Грине му напишал на Мартин Буцер дека Ана е „млада, згодна, со темен тен“. Ланселот де Карлес ја нарекол „убава и елегантна“. Во 1528 година еден венецијанец во Париз исто така кажал дека е многу убава. Во 1586 година, половина век по смртта на Ана, Николас Сандерс, католички пропагандист и полемичар, го дал најважниот опис но истовремено и најневеродостојниот: „Ана Болејн беше висока со црна коса, овално лице и темен тен како да има жолтица. Имаше испакнат заб во горната усна, а на десната рака имаше шест прста“ (денес, историчарите знаат дека овој податок е лажен), „...голем израсток под нејзината брада па за да ја скрие својата грдотија носеше фустани кои ѝ го покриваа вратот... Имаше убава уста и беше убава за гледање“. Сандерс ја сметал Ана одговорна за одделувањето на Хенри VIII од католичката црква, па затоа педесет години подоцна пишувал текстови во кои ја омаложува. Иако овој опис е измислен, тој е основа која се користи во денешните текстови за опишување на АнаWarnicke, p. 247..

Искуството кое Ана го стекнала во Франција ја направило посветен христијанин во новата епоха, Ренесансен хуманизам. Нејзиното европско образование завршило во 1521 година кога нејзиниот татко ја повикал назад во Англија. Во јануари 1522 година таа заминува од Кале.

Во дворецот на Хенри VIII (1522 – 1533) thumb|upright|Ана со кралот Хенри. Ана била повикана да се омажи со нејзиниот ирски роднина, Џејмс Батлер, млад човек кој живеел во англискиот двор и кој бил само неколку години постар од неа.Fraser, p. 122. Бракот бил начин на разрешување некои расправии за сопственоста и имотите на грофовијата Ормонд. Во 1515 година седмиот гроф на Ормонд починал со што своето наследство им го оставил на ќерките, Маргарет Болејн и Ана Ст. Легер. Во Ирска, далечениот роднина Пјер Батлер, го оспорил тестаментот и тврдел дека титулата гроф е негова. Томас Болејн, како син на најстарата ќерка, сметал дека титулата му припаѓа нему. Поради тоа, се жалел кај неговиот зет, војводата од Норфолк, кој зборувал со крал Хенри за ситуацијата. Хенри, од страв да не започне граѓанска војна во Ирска поради расправијата, решил да ги венча синот на Пјер, Џејмс, и Ана Болејн. Нејзиното наследство од Ормонд требало да биде нејзиниот мираз со што би завршила караницата. Овој план не успеал веројатно затоа што Томас сакал да ја омажи неговата ќерка во подобро семејство. Која и да била причината, преговорите за бракот прекинале. Подоцна, Џејмс Батлер се венчал со Леди Џоан Фицгералд, ќерката и наследичка на Џејмс Фицгералд, десеттиот гроф на Десмонд и на Ејми О’Брајан.