Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (; 26 февруари 1861 г. во Виена — 10 септември 1948 г. во Кобург) — кнез во периодот од 1887 г. до 1908 г. и цар на Бугарија во периодот од 1908 г. до 1918 г.
Тој бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 22 септември 1908 г., во црквата "Свети Четириесет маченици" се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“, со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за да не им овозможи да биде срамно соборен. На 3 октомври 1918 г.,Фердинанд I абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.
Потекло и рани години
Фердинанд (во западната литература познат како Ferdinand von Sachsen-Coburg-Gotha) се родил на 26 февруари 1861 година во дворецот Кобург Дворецот Кобурк во Виена.
Тој бил син на принцот Август фон Сакс-Кобург-Гота и на принцезата Клементина Бурбон-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип.
Младиот принц детството го поминал кај своите родители во Виена, каде што татко му бил во австриска воена служба.
Таму го посетувал училишето за кадети, а по завршувањето станал полковник во вториот полк при австриските хусари, при што чинот го задржал сè до неговиот избор за кнез на Бугарија.
Заедно со својот брат Август, во 1879 г., отпатувал во Бразил. Резултатите од нивните ботанички набљудувања биле издадени во Виена под насловот Itinera Principum S. Coburgi (1883-1888).
Владетел на Бугарија
Крунисување
Во август 1886 г. во Софија бил извршен државен удар од страна на проруските офицери и Александар I Батенберг бил принуден да ја напушти Бугарија.
Меѓутоа, бугарските националисти, на чело со Стефан Стамболов, извршиле контраудар и го вратиле Батенберг, но под притисок на рускиот цар Александар III, во септември 1886 г. бугарскиот кнез бил принуден да абдицира. мини|лево|350п|Народно собрание на Бугарија По заминувањето на Батенберг со Бугарија владеел Стефан Стамболов во улога на како намесник. Тој се држел на растојание од Русија и таквите руско-бугарски односи влијаеле во изборот на новиот бугарки кнез. Стамболов формирал една комисија која требало во Европа да го избере новиот владетел, но европските принцови учтиво ја одбиле понудата, затоа што се плашеле од судбината на Батенберг. Меѓутоа, принцезата Клементина од Сакс-Кобург-Готе, една од ќерките на францускиот кралот Луј Филип I и кралицата Марија Амелије, стапила во контакт со бугарската парламентарна комисија. Таа сакала нејзиниот син Фердинанд да стане монарх и семејството да добие престиж. По договорот меѓу двете страни дошло до гласање во бугарскиот парламент и на 7 јули 1887 г., Фердинанд бил избран за кнез на Бугарија.
1887-1894 мини|лево|100п|Клементина Бурбон-Орлеанскамини|десно|100п|Марија - Лујза
Овој период е карактеристичен по тоа што фактички со државата владеел Стамболов. Имено, Фердинанд го оставил Стефан Стамболов да го има главниот збор во сите клучни прашања, а истовремено, бил под влијание на својата мајка принцезата Клементина, која се стремела да го зацврсти бугарскиот престол за својот син . Таа успеала да влијае врз бугарските поданици, бргу да го прифатат новиот владетел, заземајќи пробугарски ставови, а самата таа била особено популарна во Бугарија. Влијанието на Клементина се гледа и во изборот на идната жена на новиот бугарски владетел. Таа се одлучила за принцезата Марија Лујза од Бурбон и Парма. Оваа принцеза била избрана за идна сопруга на Фердинанд со цел да се искористи нејзиниот престиж како потомок на францускиот крал Шарл X .
Бракот бил склучен во 1893 г., а од него се родиле Борис, Кирил, Евдокија и Надежда. За да се спечалат симпатиите на Бугарите, Фердинанд се решил својот најстар син Борис да биде крстен во православната вера. На тоа се спротивставиле Марији Лујза и папата, меѓутоа пресудна улога имала принцезата Клементина. Борис бил покрстен во православна вера и покрај забраната на папата и екскомуницирањето на Фердинанд .
Падот на Стамболов
Фердинанд со текот на годините сè повеќе ја зацврстувал својата власт и сè помалку ја поднесувал надмоќноста на Стамболов. Тој пак од своја страна сè повеќе владеел автократски и својата власт ја потпирал врз полицијата и судовите, но сето тоа довело да дојде до незадоволство меѓу бугарските политички кругови. Биле организирани неколку завери против Стамболов, но сите биле откриени и неутрализирани навремено. лево|мини|300п|Царот ослободителмини|десно|100п|Стефан Стамболов
Опозицијата, од своја страна, побарала средба со кнезот и му укажала дека тој не треба својата судбина исклучиво да ја поврзува со Стефан Стамболов. Фердинанд го прифатил укажувањето и започнал да дејствува против тогашниот шеф на државата. Таквата ситуација кај кнезот било зацврстена и под влијание на руската дипломатија. Имено, иако Фердинанд бил избран од страна на бугарскиот парламент за кнез, сепак тој меѓународно не бил признат од ниедна голема сила, вклучувајќи ја и Русија, која претставувала голема пречка.
Една од главните пречки бил Стефан Стамболов и додека тој се наоѓал на чело во Софија, Бугарија била меѓународно изолирана, а таквата изолираност Стамболов ја компезирал со туркофилска политика. Во мај 1894 г., Фердинанд му ја одзел власта на Стамболов и ја доверил на конзервативната влада во која влегол и русофилот Цанков, кој ја организирал заверата против Батенберг. По отстранувањето од власта, Стамболов ги изгубил сите привилегии, а останал и без заштита од своите непријатели. Кнезот не презел ништо за да го заштити својот поранешен прв човек. Оттука, под неразјаснети околности, на 15 јули 1895 г., Стамболов бил смртно ранет во Софија. Нема дирекни докази кои го поврзуваат Фердинанд со убиството на поранешниот прв министер, меѓутоа постојат сомнежи дека тој бил еден од нарачателите на атентатот. Падот и смртта на Стамболов довеле до затоплување на руско-бугарските односи. Новиот руски цар Николај II бил подготвен да го признае Фердинанд за законски владетел на Бугарија, а кнезот пак, од своја страна, го поканил царот да биде кум на бугарскиот престолонаследник Борис.
Кога руската делегација пристигнала во Софија, Фердинанд свечено пред плоштадот на парламентот ја открил статуата на рускиот цар Александар II - Царот ослободител, коњот, намерно или не, со задниот дел бил свртен кон француската амбасадаАлберт Лондр, Комитаџии, Тероризмот на Балканот, Култура, 1992., а руско-бугарските односи влегле во нова фаза:
Признавање за законски владетел на Бугарија
По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признат за законски владетел. На 14 февруари 1896 г. во Софија бил миропомазан бугарскиот престолонаследник, а потоа следувало признавање на Фердинанд од Русија и западноевропските држави. На 13 март во Софија пристигнале два султананови фермани. Со едниот, Фердинанд бил признат за кнез на Бугарија, а со другиот за главен гувернатор на Источна Румелија, бидејќи формално - правно Бугарија сè уште не била независна држава, а кнезот бил вазал на Османлиското Царство.
Фердинанд Лисицата (Фокси Ферди) мини|лево|300п|Европа во 1890 год.
Фердинанд претпочитал тајни преговори, задкулисни игри, убедувања и лукавство при оставрувањата на своите цели, како на внатрешен така и на надворешен план. Главна негова политичка платформа била зголемување на својата популарност во Бугарија, зацврстување на власта и престолот, при што, за да ги оствари овие цели кнезот бил подготвен да се сретне и разговара со секого.
На надворешен план, Фердинанд сакал да ја претстави Бугарија како фактор од кој зависи редот и мирот на Балканскиот Полуостров, независност и кралство . Тој разбрал дека Бугарија со својата географска положба во срцето на Балканот, може да бара сојузници меѓу двете големи сили Австроунгарија и Русија, а тие соодветно биле најмногу заинтересирани за тој дел од Европа.
Таквиот анатагонизам овозможувал неограничено делување на личната кнежевска дипломатија. Од падот на Стамболов па сè до првата деценија на XX век, Бугарија кокетирала меѓу Виена и Санкт Петербург, секако под влијание на самиот кнез. Бугарската држава од 1878 г. имала самоуправа, но формално-правно султанот во Цариград и понатаму бил суверен на бугарскиот кнез. Такавата положба имала репекусии на внатрешен и надворешен план.
Бугарскиот кнез морал да ги почитува протоколите на султанот и да ги разгледува желбите на Високата порта по разни прашања за Источна Румелија или административниот статус на Бугарската егзархија и нејзиниот однос со Цариградската патријаршија. Така, Фердинанд сакал руско-австрискиот анатагонизам да го искористи за да се ослободи од тутурството на Високата порта.
Балансирајќи меѓу Русија и Австроунгарија, Фердинанд од 1895 г. му се умилкувал на рускиот цар, меѓутоа во почетокот на XX век, бугарскиот кнез увидел дека балканските амбиции на Франц Јосиф I нудат подобра перспектива. Фердинанд тајно се приближил на Виена. Затоа, Фердинанд од својата роднина Марија Единбуршка од Романија бил наречен Фердинанд Лисацата или Фокси Ферди .
Македoнско прашање
По Берлинскиот конгрес, Македонија го заземала централното место во надворешната политика на Бугарија , а секоја влада на Бугарија се залагала за присоединување на Македонија кон Бугарската држава и реализација на санстефанскиот идеал, при што, бугарските влади се разликувале само во методите и начинот на реализирање на таквиот идеал .
Меѓутоа Бугарија не била единствената држава која имала претензии кон Македонија, тука биле и Србија и Грција , а Македонското прашање било од втор степен значајно за Црна Гора и Романија.
Во конбинаториките за Македонија, Црна Гора претендирала на Дебар за да изврши притисок врз Србија и да добие територии на Косово, додека пак Романија преку својата пропаганда во Македонија вршела притисок врз Бугарија за да добие територијални отстапки во Добруџа.
Таквите претензии на балканските држави врз Македонија, особено на Бугарија, Грција и Србија, создале еден силен балкански анатагонизам кој можел лесно да се претвори во една голема војна и да ја запали Европа. Една од главните одлики на монархиите од крајот на XX век и век била спрегата со национализмот. Монархиите кои биле разнишани со Француската револуција својот опстанок го гледале во сојуз со националистите и дејствувањето врз националистичка карта, односно честопати монарсите се претставувале за заштитници и спроводници на националистичката идеја.
Така, Фердинанд како странец во Бугарија и нов владетел заиграл на картата за Санстефанска Бугарија и во текот на своето долгогодишно владеење тој себеси се претставувал за носител и претстваник на големата бугарска идеја за да ја зачува и зголеми својата популарност и за да обезбеди основа за своја власт и династија во Бугарија.
Фердинанд во согласност со своите политички убедувања и разбирања за човековата природа бил подготвен на разговори, преговори, средби, пресметки и тајни договори со секого кој би можел да му помогне во реализацијата на санстефанската идеја, меѓутоа секогаш имал предвид да добие што поголем дел од пленот, односно Македонија.
Преговори со балканските држави мини|лево|250п|Балканските држави во 1891 година
Во 1896 г., по меѓународното признавање на Фердинанд за кнез на Бугарија, тој презел широка турнеја низ Европа, која започнала во Цариград. Таму, тој остварил бројни средби со официјалните отомански лица и повеќе претставници на дипломатскиот кор.