Виктор Габер (, ) — македонски дипломат од кариера, филателист и публицист.Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007

Животопис Габер е роден во Скопје на 8 декември 1948 година. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980 – 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989–1993); потсекретар во МНР на Македонија (1993–1996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Македонија кај ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (1996–2000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004–2008); претседател на Дипломатскикот клуб - Скопје од 2009. Габер е секретар на Сојузот на Фимателисти на Македонија од 2019 гоидна.

По потпишувањето на Преспанскиот договор, во 2018 година, Габер бил именуван за сокоординатор на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, основан согласно чл.8. ст. 5 од овој Договор.

Библиографија Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна, 1985; За Македонската дипломатија, 2002 Премрежјата на македонскиот интелектуалец, 2003; Колатерална штета, 2006; Recognition and Denial, 2008; Името Македонија-историја, право, политика, 2010; Крсопатите на Венко Марковски, 2012; Дипломатија и политика, 2013; Скопје на поштенски марки – историја и мотиви, на македонски и англиски во соавторство со Климе Поповски, 2018; Нико Зупанич и Македонија во 1903 година, 2022. https://arhiv.mk/2022/09/13/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be-%d0%b7%d1%83%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%87-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0/ 100 Години Велес историја на поштенски картички, соавторство со Зоран Стрезоски, 2023. https://balkaninsight.com/2019/05/17/greece-north-macedonia-commission-wont-rewrite-history/

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски дипломати Категорија:Македонски публицисти Категорија:Амбасадори на Македонија во Австралија Категорија:Македонски филателисти Категорија:Југословенски дипломати Категорија:Добитници на наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје