Џорџ Тимоти Клуни (; р. 6 мај 1961) — американски глумец и режисер, познат по улогата на д-р Дог Рос во серијата „Итно замрзнување“.

Животопис

Клуни е роден на 6 мај 1961 година, во градот Лексингтон, во американската државата Кентаки. Татко му, Ник Клуни, бил познат американски телевизиски водител. Исто така, тој е вник на познатата американска пејачка Розмари Клуни. Џорџ Клуни се насочил кон глумецската кариера откако не успеал да се квалификува за место во бејзбол тимот „Синсинати редс“.

Клуни е висок 1,80 м и со години е високо рангиран на скалилата за најубав или најелегантно облечен маж на годината.

Клуни стапил во брак на 15 декември 1989 година, со глумицата Талин Болсам. По нивната тешка разделба, тој изјавил дека ќе остане вечен ерген, па дури се обложил на износ од 10.000 долари со глумиците Мишел Фајфер и Никол Кидман, дека нема да се ожени повторно до 40-тиот роденден. Кога тоа не се случило, тие го обновиле облогот, но на двојно зголемен износ.

Сепак, Клуни се оженил со глумицата Амал. Со цел да останат надвор од очите на јавноста, Клуни купил две вили („Олеандра“ и „Маргарита“) на езерото Комо во Италија.„Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 28.

Избрана филмографија „Итно замрзнување“ 1994-1999 (тв-серија) „Од самрак до зори“ - 1996 „Еден прекрасен ден“ - 1996 „Миротворец“ - 1997 „Бетмен и Робин“ - 1997 „Надвор од контрола“ - 1998 „Тројца кралеви“ - 1999 „Совршена бура“ - 2000 „Единаесетмина на Оушн“ - 2001 „Неподносливо насилство“ - 2003 „Дванаесетмина на Оушн“ - 2004 „Сиријана“ - 2005 „Мајкл Клејтон“ - 2007 „Тринаесетмина на Оушн“ - 2007 „Високо на небото“ - 2009 „Американецот“ (The American) - 2010

Режисерска филмографија

Признание на еден опасен ум - 2002 Добра ноќ и среќно - 2005

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Американски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус