Хомеопатијата е облик на алтернативната медицина, предложена од германскиот лекар Самуел Ханеман во 1796, кој се обидел да ги лечи своите пациенти со доста разредени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето. Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување. Ваквиот процес го нарекуваат „потентизација“. Растворањето обично продолжува сè додека не се раствори оригиналната супстанција. Покрај симптомите од болеста, хомеопатите користат аспекти на физичката и психолошка состојба на пациентот од препорачаните лекови. Хомеопатските книги се познати и како лексикони, во кои лековите се селектирани врз симптомите. Хомеопатските лекови, без никакви исклучоци се сметаат за потполно безбедни. Меѓутоа, некои хомеопати биле критизирани затоа што своите пациенти ги изложувале на ризик, а притоа ја избегнувале конвенционалната медицина како вакцинацијата, анти-малариски лекови и антибиотици. Тврдењата за ефикасноста на хомеопатијата во плацебо ефектот не се одобрувани од колективната тежина на научните и клинички евиденции. Иако некои проучувања се позитивни, систематските прегледи на сите објавени студии не се покажаа како такви. Понатаму, висококвалитетните проучувања се стремија кон истакнување на позитивни резултати, а повеќето позитивни студии не беа реплицирани ниту пак покажаа методолошки проблеми кои ги штитат од јасните евиденции за ефикасноста на хомеопатијата. Истражувањата спроведени во Комитетот за наука и технологија во Велика Британија во 2009-2010, заклучија дека хомеопатијата не е подобра од плацебо ефектот. Хомеопатските лекови содржат неколку или пак воопшто не содржат фармаколошки активни молекули и за таквите лекови да имаат фармаколошки ефект треба да се прекршат основните принципи на науката. Современите хомеопати сметаат, дека водата има меморија која им овозможува на хомеопатските подготовки да се произведат, без каква било оригинална субстанца; меѓутоа, не постојат ниту верифицирани, ниту пак научни, уверливи и физички механизми за ваков феномен. Недостатокот на убедливи, научни докази за ефикасноста на хомеопатијата, како и за употребата на лековите се доволна причина за фактот што хомеопатијата е опишана како квазинаука, надрилекарство и „сурова измама’’. Од една земја во друга, распространетоста на хомеопатијата е различно застапена. Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата ниту пак одредени хомеопатски третмани се покриени со националното осигурување, додека во други дозволи или дипломи за конвенционална медицина од акредитирани универзитети е неопходна и тие се обединети со националниот здравствен систем. Во многу држави пак, хомеопатијата воопшто и не е прифатена.

Општа филозофија

Хомеопатски лек подготвен од раствор кој не содржи молекули од оригиналното растение. Хомеопатијата претставува виталистичка филозофија која ги објаснува болестите и заболувањата предизвикани од нередите во хипотетичката витална или животна сила. Ваквите нереди ги манифестира како единствени симптоми. Хомеопатијата објаснува, дека виталната сила ја има способноста да реагира и да се адаптира на внатрешните и надворешните предизвикувачи, за кои хомеопатите ги обележуваат со „закон за чувствителност“. Овој закон наведува дека негативниот став може да ја привлече хипотетичката болест наречена „мијазми“ која го напаѓа телото и произведува симптоми на болест. Како и да е, Ханеман ја одбил идејата на болеста како одвоена која го напаѓа лицето и сѐ уште претставува дел од „живата материја“. Закон на сличности Во своите екпериметни со чинчона, кои служеле како третман против маларија, Ханеман заклучил дека ваквите симптоми биле слични како и симптомите на маларија. Тогаш заклучил дека процесот на излекување е сличен, а третманите мора да се способни да ги произведат симптомите во здрава личност, слична на оние кај кои болеста била излекувана. Тој сметал дека преку потикнување на болеста со лекови, симптомите ја обновувале виталната сила за да ја неутрализираат и отстранат оригиналната болест. Мијазми и болести Во 1828 година, Ханеман го претставил концептот на мијазми, како основна причина за многу познати болести. Мијазмот честопати, од страна на хомеопатите е дефиниран како „необична, нездрава и душевна растроеност на виталната сила“. Секој мијазам го поврзал со одредени болести во кој го гледал коренот на предизвикувач за одредени болести. Според Ханеман, почетното откривање на мијазмите предизвикуваат локални симптоми, како што се кожните или венерични болести, но ако овие симптоми се задушени со медикаменти, причината се бара подлабоко и тогаш започнува да се манифестира како болест на внатрешните органи. Основниот мијазам сѐ уште останува, а длабоко сместените алименти може да бидат поправени со отстранување на длабоките нереди од виталната сила. Теоријата за мијазми на Ханеман и понатаму останала дискутирана и контроверзна. Во 1978 година, Антони Кембел, тогашен консултант и физичар во кралската хомеопатска болница во Лондон, ги критикувал изјавите на Џорџ Витхоулкас кој тврдел дека доколку сифилисот е третиран со антибиотици, тој може да се развие во второстепен или третостепен сифилис вклучувајќи го и централниот нервен систем. Овие конфликти во научните студии, покажуваат дека третманите со пиницилин произведуваат комплетно лекување на сифилис во повеќе од 90 % кај случаите со сифилис. Кембел ова го опишал како „неодговорна изјава која може погрешно да ги насочи неучените луѓе, а притоа одбивајќи ги религиозните третмани“. Ханеман презентирал само три мијазми, од кои најважен е „псора“ (јадеж на грчки), кој бил поврзан со било која болест кај која се појавува јадеж на кожа. Тој сметал дека псора е предизвикувач на болести како епилепсија, рак, заразна жолтица, глувост и перде. Од времето на Ханеман, предложени се и други мијазми, некои да заменат една или повеќе предложени функции, вклучувајќи ги туберкуларни и рак-мијазми.

Хомеопатски лекови

thumb|right|160px|Хомеопатски лек Rhus toxicodendron, добиен од отровниот бршлен. Лекот претставува технички термин во хомеопатијата кој се однесува на сусптанца подготвена со посебна процедура која е наменета за лечење на пациенти. Хомеопатските практичари се осврнуваат на 2 вида препораки: Материа Медика (Materia medica) и лексикон. Хомеопатското Материа Медика претставува колекција од „слики на лекови“ поставени по алфабетски редослед, кои ги опишуваат симптомите поврзани со секој лек поединечно. Хомеопатскиот лексикон претставува индекс на симптоми на болести, кои ги карактеризираат лековите со специфични симптоми. Хомеопатијата употребува животински, растителни, минерални и синтетички супстанци во своите лекови. Примерите вклучуваат Arsenicum album, Natrum muriaticum, Lachesis muta (отров од змија), Opium и Thyroidinum (тироиден хормон). Употребуваат и третмани наречени носоди (болест на грчки) добиени од патолошки производи како фекални, уринарни и респираторни ослободувања, крв и ткиво. Хомеопатските лекови добиени од здрави мостри се наречени саркоди. Некои современи хомеопати, езотеричките лекови ги нарекуваат и како „непредвидливи“, бидејќи тие не потекнуваат од материјал туку од електромагнетна енергија. Примерите вклучуваат зрачење и сончева светлина. Неодманешните ризични потфати на езотеричните супстанци вклучуваат и невреме со грмотевица (подготвени од соберена дождлива вода). Денес, постојат околу 3000 различни лекови кои се употребуваат во хомеопатијата. Некои хомеопати иако контраверзни, употребуваат техники кои се одобрени од страна на други практичари. Тие вклучуваат документи за лековите, каде што супстанците и растворите се запишани на хартија и ставени во облеката на пациентот, во неговиот џеп или пак сместени под чаша вода која му е дадена на пациентот. Ваквата пракса била силно критизирана од страна на класичните хомеопати како неоснована и истата се засновала на магија и празноверие.

Подготовка на лековите thumb|right|Малтер и толчник употребени за чкрипливи и нерастворливи цврсти сусптанци во хомеопатските лекови вклучувајќи го кварцот и школките од острига. За производство на лекови, хомеопатите употребуваат процес наречен „динамизација“ или „потентизација“ каде што супстанција се раствора со алкохол или дистилирана вода, а потоа енергично се протресува. Додека Ханеман ги застапува супстанците кои се употребуваат за добивање на симптоми слични на оние од кои се лечи, тој пронашол доза која ќе ги зголеми симптомите, а притоа и ќе ја влоши состојбата што понекогаш доведувало и до опасни отровни реакции. Тогаш тој истакна дека супстанците се раствораат.

Раствори Постојат три размера кои се користат во хомеопатијата. Ханеман ја создал скалата „ Ц “ во која се раствора супстанција со фактор 100 за секој чекор. Оваа скала најмногу ја употребувал Ханеман. Тој најчесто го користел 30Ц растворот за секакви пригоди (раствор од фактор 1060). Во времето на Ханеман, неразумно било да се смета дека лековите можат да се растворат до бесконечност, бидејќи атомот или молекулата како најмала честичка во хемиските супстанци штотуку биле препознаени. Сега веќе знаеме дека најсилниот раствор којшто содржи една молекула од оригиналната супстанција претставува 12Ц.

thumb|110px|Ова шишенце содржи арника монтана Д6 и почетениот раствор изнесува (106). Некои хомеопати откриле децимална скала (Д или Х) растворајќи ги сусптанците и по десет пати во својата оригинална големина во секоја скала. Д или Х скалата на раствор претставува половина од самата вредност на скалата Ц; на пример „12Х“ е еднаков на раствор од „6Ц“. Ханеман никогаш не ја употребил оваа скала, но таа била мошне популарна во 19иот век па сè до ден денес во Европа. Ваквата моќ на скалата била претставена во 1830 година од американскиот хомеопат Константин Херинг. Во последата деценија од својот живот, Ханеман ја презентирал и скалата (Q) или ЛМ која изнесувала 1 дел од 50.000. На пример, лек карактеризиран како „20Q“ ја има речиси истата концентрација како лек со „47Ц“

Х Ц Однос Забелешки 1X — 1:10 Опишан со слаба јачина 2X 1C 1:100 Поголема јачина од 1 X 6X 3C 10−6 8X 4C 10−8 Дозволена концентрација на арсен во водата за пиење во САД .</ref> 12X 6C 10−12 24X 12C 10−24 Постои веројатност дека 60% содржи молекула од оригиналната супстанција, доколку 1 мол Од оригиналната супстанција е искористен 60X 30C 10−60 Ханеман го поддржува растворот поради неколку причини: пациентите треба да користат 1041 апчиња за да конзумираат 1 единствена молекула од супстанцијата. 400X 200C 10−400 Раствор за хомеопатски лек за грип OscillococcinumЗабелешка „X скалата “е уште наречена и „ Д скала“ 1X = 1Д, 2X = 2Д итн.

thumb|right|Хомеопатски лек Oscillococcinum

Критичарите и застапниците на хомеопатијата заедно се обидуваат да ги илустрираат растворите вклучени во хомеопатијата по аналоген ред. Ханеман изјавил дека соодветна процедура за да се справи со епидемијата би било празни шишенце на отров во езерото во Женева. Друг пример за критика на хомеопатијата претставува и 12 Ц решението. Една третина од капка на оригинална супстанција растворена во целата вода на светот може да произведе лек со концентрација од 13 Ц. Особено популарен хомеопатски третман за грип претставува и 200Ц растворот од црниот дроб на патка, познат под името Oscillococcinum. Во целиот универзум постојат околу 1080 атоми, но раствор на една молекула во универзумот би изнесувал околу 40Ц. Поради овој факт, Oscillococcinum би имал потреба од 10320 универзуми за да добие една молекула во крајната супстанција. Силните раствори се сметаат за најкотроверзни и неуверливи аспекти на хомеопатијата.

Дебата за растворите