мини|десно|200п|Освалд Евори во 1937 година. Освалд Теодор Евери (; — ) бил американски молекуларен биолог, имунолог и лекар. Значителен дел од кариерата на Освалд Евери е сврзана со болницата на Универзитетот Рокфелер во Њујорк. Евери е познат како еден од соавторите на експериментот на Евери, Меклаод и Меккарти, кој во 1944 година, заедно со Колин Меклаод и Маклин Маккарти покажал дека самата ДНК е носител на генетската информација.
Нобеловецот Арне Тизелиус во 2003 година изјавил дека Евери е еден од најдостојните научници кои не добиле Нобелова награда за своите истражувања.
По Освалд Евери е именуван еден кратер на Месечината.
Животопис
Евери е роден на 21 октомври 1877 година во Халифакс (Канада).
Учел во New York Male Grammar School, потоа во Colgate Academy, а подоцна и во Colgate University. Евери избрал медицинска кариера во Колеџот на лекари и хирурзи на Колумбискиот универзитет во Њујорк, и добил медицински степер во 1904 година.
на 1 август 1918 година добил државјанство на САД. Од 1923 до 1948 година работел во Институтот Рокфелер. Умира од рак на панкреасот во 1955 година.Lehrer, Steven. Explorers of the Body. 2nd edition. iuniverse 2000 p63
Наводи
Надворешни врски
Key Participants: Oswald T. Avery — Linus Pauling and the Race for DNA: A Documentary History
Категорија:Американски генетичари Категорија:Американски лекари Категорија:Родени во 1877 година Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките