Шака (латински: manus, мн. manūs) — телесен орган која е дел од раката. Дланките се составени од по пет прсти и се наоѓаат веднаш под подлактицата. Дланките се главните органи за физичка манипулација со околината кои се користат за големи и мали моторни вештини. Прстите од дланките содржат голем број живци, што пак реагира со големо чувство на допир. Како и останатите симетрични органи, така и рацете се контролирани од спротивните мозочни полутопки. Внатрешниот дел на шаката се нарекува дланка.
Скелет Скелетот на шаката е составен од 27 коски поделени во три групи: коски на коренот на шаката коски на докпоренот и коски на прстите од шаката. На скелетот се разликуваат две страни: предна или дланска (facies palmaris) и задна страна (facies dorsalis).
Корен на дланката (ossa carpi) Коренот (carpus) се состои од осум коски распоредени во два реда. Одејќи од палецот кон малиот прст во горниот ред се наоѓаат следните коски: чунеста, полумесечеста, триаглеста и грашковидна коска. Долниот ред е составен од трапезна коска, трапезоидна коска, главеста коска и кукеста коска.
Поткорен на дланката (ossa metacarpalia) Претставуваат пет долги коски означени со редни броеви идејќи од палецот кон малиот прст.Тие ги спојуваат карпалните коски со коските од прстите. На сите метакарпални коски се разликуваат тело и два краја. Горните краеви се зглобуваат со долниот ред од карпалните коски, а долните краеви се зглобуваат со првите коски од прстите.
Прсти (ossa digitorum manus) Коските на прстите се наречени фаланги на број 14 и претставуваат долги коски. Секој прст со исклучок на палецот е составен од три коски-членчиња (phalanges), а палецот од две. На секоја фаланга се разликува тело и два краја. Горните и средните фаланги на двата краја имаат зглобни површини, а долните фаланги на долните краеви се рапави.
Болести и неправилности на раце Полимелија е вродена мана кога поединец има повеќе дланки/раце отколку нормалниот број. Полидактилија е вродена мана кога поединец има повеќе од нормалниот број прсти. Инфекција на раце Операција на раце
Шаката и дланката како тема во уметноста и книжевноста „Двете дланки“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 59.
Поврзано Анатомија на човекот Лакот Рака Прст Нокт
Наводи
Надворешни врски
Повреди и болести на дланките Анатомија на шаката
Категорија:Анатомија на горните екстремитети