КАМАЗ (рус. Камский автомобильный завод) е руска фабрика за камиони и автобуси, во Набережније Челни, Татарстан, Русија. КАМАЗ го составиле првиот модел на камион во февруари 1976 и денес КАМАЗ е еден од најголемите изработувачи на камиони во Азија и Европа. Камионите на КАМАЗ победиле на Релито Дакар, рекордни 14 пати. Денеска КАМАЗ е најголемиот произведувач на камиони во Русија, Блискиот Исток и Северна Африка. Фабриката произведува 93600 камиони годишно (260 камиони на ден). Повеќето КАМАЗ камиони имаат V8 мотор. Исто така и руската армија користи специјални варијанти на КАМАЗ.
Историја Во 1969, Централниот Комитет на Комунистичката Партија на СССР одлучил да се отвори фабрика за произведување на камиони во Набережние Челни. Произведувањето започнало на 13 декември 1969, но првиот КАМАЗ бил изработен дури на 16 февруари 1976. Во 1987 г. линијата на произведување на VAZ-1111 Ока мини автомобилот На 14 април 1993 г. пожар ја уништил фабриката за произведување на мотори на Камаз.
Категорија:Производители на трактори од Русија Категорија:Производители на автобуси од Русија Категорија:Татарстан Категорија:Дајмлер АГ