Света Петка — помала селска црква во тетовското село Стенче, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа североисточно од селото, на возвишението Црвенка, на падините на Сува Гора, на патот кој води кон соседното село Блаце, каде припаѓа и катастарски.
До црквата води земјен пат кој се двои од локалниот асфалтен пат помеѓу Стенче и Гургурница.
Историја
Селаните подигнале црквичка во 1923 година на местото на руини од некогашен истоимен храм. Дотогаш, на тоа место постоел крст.
Сегашната црква е од темел изградена во 1993 година. Била осветена на 1 јуни 1997 година.
Црквата била цел на кражби, меѓу која и таа во ноќта помеѓу 8 и 9 февруари 2013 година, при што биле украдени пари.
Архитектура
Сегашната градба на црквата е трикорабна со камбанарија од западната страна.
Фрескоживопис
Црквата е целосно живописана во периодот 2006-2009. Истото било извршено од Војо Михајловски.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Стенче
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Света Петка во Македонија Категорија:Македонската архитектура во 1997 година