Свети Мина — главна селска црква во тетовското село Волковија, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Горното Маало, веднаш пред основното училиште.

Историја

Сегашната црква била подигната во 1936 година. Така запишал и Јован Трифуноски, при што новата голема црква ја заменила помалата црква, која постоела на тоа место.

Според натписот над главниот влез, црквата била изградена во 1935 година во времето на кралот Караѓорѓевиќ и била осветена на 16 октомври 1937 година.

Архитектура

Црквата е трикорабна градба, која поседува голема купола на средината, додека основата е крсна во облик на правоаголник. Внатре има мала галерија за хор и дрвен олтар. Во овој храм се чуваат значајни црковни предмети и книги.

Во дворот на црквата има камбанарија, сала за свечени собири и базен во кој се фрла крстот за време на Водици. Истиот е изграден во 2007 година.

Во поново време има поставено нов покрив од лим, фасадата е малтерисана и варосана во бела и сива боја и во наосот е поставен нов под од керамички плочки.

Фрескоживопис

Во црквата има делумен фрескоживопис. Постариот живопис од 1937 година се наоѓа во куполата и пандантифите, како и во олтарот. Овој живопис го има насликано зографот Данаил Фрчкоски.

Од 2012 година е само една светителска претстава на северниот ѕид во трпезаријата, кое е дело на Никола Кузмановски.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Волковија

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Волковија