Железничка станица „Велес“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во градот Велес, во средишниот дел на Македонија. Железничката станица претставува распатница на железничките линии кон градовите Гевгелија, Битола и Кочани и на неа поминуваат регионалните домашни возови, како и меѓународните возови кон Белград и Солун.

Станицата поседува десет колосеци и дел од нив се електрифицирани. Железничката станица во Велес е оддалечена 50,9 километри од главната железничка станица во Скопје.

мини|лево|300п|Свечен пречек по повод пристигнувањето на првиот воз во Велес во 1873 година

Наводи

Надворешни врски

Велес Категорија:Велес