Свети Атанасиј — главна селска црква во некогашното тетовско село Горно Фалише, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа меѓу обработливи површини како единствен зачуван објект на некогашното село Горно Фалише, која денес е одржувана од селаните на Стенче, бидејќи поголемиот дел од атарот на Горно Фалише припаднал на Стенче.
Историја
За црквата нема податоци кога била изградена, иако Горно Фалише постоело уште од век. Селото било сместено во рамничарскиот дел на Полог.
До 1920-тите години, на денот на патронот (31 јануари) се одржувал голем собор, кога доаѓале селаните од околните села (Стенче, Волковија, Сенокос, Теново, Тумчевиште и други) и се приредувал панаѓур. Во минатото, во црквата по празниците редовно доаѓале селаните од Тумчевиште.
Црквата била обновена меѓу двете светски војни.
За време на воениот конфликт во 2001 година во црквата било развиорено албанското знаме и пред вратата имало оставена бомба кашикара.
Архитектура
Црквата има скромба градба со едноставна архитектонска диспозиција на внатрешноста, засведена со полуобличест свод. Има два влеза, од западната и јужната страна.
Околината околу црквата е целосно неуредена, со запуштена вегетација.
Градбата е во лоша и запуштена состојба. Во внатрешноста ја нема сводната конструкција и истата е заменета со лесонитни табли.
Фрескоживопис
Црквата не е живописана, освен плитката ниша над западниот влез во која е претставен патронот на црквата.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Горно Фалиште
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Горно Фалише