Свети Димитриј — главна манастирска црква на Милетинскиот манастир во тетовското село Милетино, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена југозападно од селото, на едно возвишение, од каде се пружа целосен поглед на селото.

Историја

Според истражувачот Јован Трифуноски, во селото постоела црква со ова име, но запишал дека се наоѓала северно од селото и дека во негова близина подоцна биле подигнати муслимански куќи.

Според икона поставена над влезот, може да се заклучи дека црквата била подигната во 1986 година.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Милетино

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Димитрија во Македонија Категорија:Милетински манастир