Распадот на Југославија (СФРЈ) се смета дека започнал со смртта на Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година а завршил кога СР Србија и СР Црна Гора ја формираа Сојузна Република Југославија на 27 април 1992 година.
1980 4 мај - Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито умира во Љубљана. Контролата во државата ја презема деветчлено Претседателство сочинето од осум членови на републиките и покраините и од Претседателот на претседателството на Сојузот на комунистите на Југославија.
1981 11 март - Започнуваат протести на Косово во кои се бара Косово да стане република во Југославија и да излезе од прегратките на Србија. 1 април - Помеѓу 5.000 и 25.000 демонстранти од албанска националност во Косово бараат статус на република за покраината. 2 април - Претседателството на СФРЈ испраќа специјални сили да ги запрат демонстрациите и прогласува вонредна состојба во Косово. Вонредната состојба трае 7 дена.KOSOVO: ONE YEAR AFTER THE RIOTS 3 април - Завршуваат демонстрациите на Косово. Девет лица се убиени, а повеќе од 250 се повредени.6 More Yugoslavs Sentenced For Ethnic Rioting in Kosovo
1982
1983 12 април - Владиките на Српската православна црква потпишуваат петиција против прогонувањето на Србите од Косово.
јули-август - Алија Изетбеговиќ бил уапсен од страна на властите. Изетбеговиќ бил обвинет и осуден за неговите дела, а особено за Исламската декларација, во која тој пишува за ренесансата меѓу муслиманите од светот и за нивното будење од летаргијата во која се наоѓале.
1984 1 јануари - Група од 26 словенечки интелектуалци и јавни личности бараат промена на Уставот на Југославија на начин на кој експлицитно ќе бидат заштитени слободата на говорот и здружувањето.
1985 25 мај - Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.
20 јули - Претседателството на СФРЈ го прифаќа извештајот на Милан Кучан во кој се наведува дека правото на српскиот народ за сопствена држава не е исполнето поради автономијата на провинциите Косово и Војводина.
1986 28 мај - Слободан Милошевиќ е избран за претседател на Сојузот на комунистите на Србија.
24 и 25 септември - Белградскиот дневен весник Вечерње новости го објавува Меморандумот на Српската академија на науките и уметностите.
1987 20 февруари - Излегува од печат словенечкиот месечник Нова ревија 57 во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
24 април - Милошевиќ го посетува САП Косово каде што се состанува со локалните Срби каде тие се жалат дека се тероризирани од албанското мнозинство. Во текот на неговите разговори со Србите и со локалите комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Доаѓа до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанува на страната на народот изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
28 јуни, на Видовден, Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
2/3 септември - во ноќта помеѓу помеѓу втори и трети септември Азиз Кељменди, војник на ЈНА од албанска националност, на спиење убива четворица војници и ранува уште 7 други.Ethnic Killing Delivers a Jolt To Yugoslavs
14 декември - Претседателот на Претседателството на СР Србија, Иван Стамболиќ, во директен судир со Слободан Милошевиќ е сменет од позицијата. Со тоа Милошевиќ конечно завршува промената на властта во СР Србија иницирана со поделбата во раководството предизвикана од Меморандумот на САНУ.
1988 12 февруари - Група на српски академици бара создавање на српски автономни области на територијата на СР Босна и Херцеговина и во СР Хрватска.
12 мај - На масовен митинг во Љубљана, СР Словенија формиран е Словенечкиот селански сојуз (словенечки: Slovenska kmečka zveza) - првo некомунистичкo политичкото здружување во СФРЈ. Овој настан се смета за почетокот на Словенечката пролет.
15 мај - Сменет е сојузниот секретар на народна одбрана Бранко Мамула поради спротивставувањето Слободан Милошевиќ. На неговото место доаѓа Вељко Кадијевиќ.
4 октомври - Во Бачка Паланка се собира толпа која протестира против покраинската влада на САП Војводина.
5 октомври - Под контрола на Слободан Милошевиќ, Михаљ Кертез со 100.000 луѓе од Бачка Паланка, Србија, и од остатоко од Србија доаѓаат во Нови Сад на протести против Владата на САП Војводина.
6 октомври - ЈНА одбива да ја растера толпата собранииската зграда во Нови Сад. Владата на Војводина поднесува оставка и е заменети нова лојална на Милошевиќ.Growing Yugoslav Ethnic Protests Lead Province Officials to Resign Со овој настан Србија добива 2 од деветте гласови (наскоро 8) во Претседателството на СФРЈ.
17 октомври - Неуспешен обид на Стипе Шувар да го отстрани Милошевиќ од СК на СКЈ.
ноември - Бројот на членови на сојузното претседателство е намален на 8 - елиминирана е на позиција на претседател на Претседателството на СКЈ.
17 ноември - Покраинската Влада на Косово (на Азем Власи, Јашари) поднесува оставка. Поставени се политичари лојални на Милошевиќ. Овој настан ги иницирал првите од многуте демонстрации на Албанци кои ќе следуваат. Србија со овој потег контролира 3 од 8 гласови во Претседателството на СФРЈ.
18 ноември - Масовен митинг на околу 1.000.000 луѓе се одржува на устието на Сава во Дунав, во Белград.Rally in Belgrade Protests Ethnic Albanian Surge.
19 ноември - Во Приштина маршираат околу 100.000 Албанци, гневни поради промената на покраинската влада.Yugoslav Groups Hold Rival Demonstrations - New York Times
31 декември - Соочувајќи се со надворешниот долг достигна 21 милијарда американски долари, стапка на невработеност од 15% и на инфлација од 250%, југословенската владата предводена од Бранко Микулиќ поднела оставка. BELGRADE CABINET QUITS IN A DISPUTE
1989 10 јануари - Во Титоград се собераат повеќе од 100.000 демонстранти кои протестираа против владата и СР Црна Гора, која поднесува оставка следниот ден.Leaders of a Republic In Yugoslavia Resign Новото раководство е сочинето од сојузниците на Милошевиќ: Момир Булатовиќ, Мило Ѓукановиќ и Светозар Маровиќ. Со ова Србија може да смета на 4 од вкупно 8 гласови во Претседателството.
28 февруари - Фрањо Туѓман на зградата на Здружението на писателите на Хрватска, јавно ја претстави на политичката програма на она што подоцна ќе стане Хрватска демократска заедница.
3 март - Уапсен е Азем Власи.
17 јуни - Формирана е Хрватската демократска заедница.
1990
22 јануари - Делегатите на Словенија, Хрватска и Македонија го напушите 14-иот конгрес на СКЈ.Yugoslavia on the Brink
април/мај - Избори во Хрватска. Хрватската демократска заедница освојува повеќе места во собранието и го бираат Фрањо Туѓман за претседател.
13 мај - Немири на Максимир (стадион) помеѓу навивачите на Динамо и Црвена ѕвезда.
13 мај - Благоје Аџиќ, началник на Генералштабот на ЈНА, издал наредба за преземање на вооружувањето и муницијата на ТО и нивно складирање во складиштата на ЈНА.
17 јуни - Формирана е ВМРО-ДПМНЕ.
17 август - ЈНА го спречила хрватското МВР да преземе контрола над Книн.
19 август - 2 септември - Србите од Хрватска одржале референдум за прашањето автономија на Србите во Хрватска.
25 ноември - ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во парламентот. Комунисти добиваат само 31 места.
29 ноември - Аркан од Српската доброволна гарда е уапсен во Хрватска, но наскоро е ослободени.
8 декември - Слободан Милошевиќ е избран за претседател на Република Србија.
21 декември - Српското национално собрание и привременото претседателство на Заедницата на општина северна Далмација и Лика го прогласуваат САО Краина.
24 декември - Момир Булатовиќ, близок соработник на Слободан Милошевиќ, е избран за претседател на Република Црна Гора.
22 декември - Хрватскиот парламент усволи нов устав, со кој статусот на Србите во Хрватска е сведен на национално малцинство.
1991 26 февруари - Српското национално собрание СБЗС ја усвоило Декларацијата за суеверност и автономија на Србите, со која Србите во Хрватска се прогласуваат за суеверен народ кој има право на автономија.
март - Конфликт во полициската станица Пакрац.
31 март - Вооружен конфликт во Навионалниот парк Плитвица.
1 април - Извршниот совет на САО Краина донел одлука за присоединување на САО Краина со Република Србија.
30 април - Милан Бабиќ е избран за претседател на Извршниот совет на САО Краина.
6 мај - Извршувајќи ја стражарската должност во касарната во Сплит, во текот на масовните демонстрации на поддржувачите на независноста на Хрватска застрелан е Сашо Гешовски (од Кавадарци) - првата македонска жртва во војната што се распламтуваше. Во тенковите и транспортерите кои тој ден излегоа на улиците на Сплит се наоѓаа и голем број други македонски војници.Demonstracije u Splitu 1991 ispred komande JNA
12 мај - На територијата САО Краина е одржан референдум за тоа дали треба САО Краина да се присоедини со Република Србија и да остане во Југославија.
15 мај - Стипе Месиќ треба да ја преземе должноста претседател на Претседателството на СФРЈ.
19 мај - Хрватска одржала референдум на кој гласачите се изјасниле за независност во однос на СФРЈ.
29 мај - Собранието на САО Краина прогласило Статут на САО Краина за Уставниот закон и го избрала Милан Бабиќ за претседател на владата, а Милан Мартиќ за министер за одбрана.
Јуни - Ратко Младиќ станува командат на IX Корпус (Книскиот корпус) на ЈНА.
25 јуни - Хрватска и Словенија прогласиле независност во однос на Југославија.
25 јуни - Конституирано е Големото народно собрание на Славонија, Барање и на западен Срем. Одлучено е областа СБЗС да се конситуира како САО СБЗС и дека треба да се отцепи од Хрватска. Горан Хаџиќ е избран за кандидат за претседател на владата.
26 јуни - Ден после прогласувањето на независност на Словенија и Хрватска, делегатите од овие две републики трајно го напуштаат Собранието на СФРЈ. На овој начин Собранието на СФРЈ станува првата “распарчена” институција на СФРЈ.
26 јуни - Сојузниот извршен совет оценил дека одлуките донесени на
25 јуни 1991 година за осамостојување на Словенија и Хрватска се нелегални. СИВ издава наредба со која се забранува воспоставување на гранични премини внатре во територијата на СФРЈ. СИВ издава целосно овластување на Сојузниот Секреторијат за Внатрешни работи( ССУП т.е. сојузна полиција) и на Југословенската Народна Армија (ЈНА) да воспостават контрола над државните граници на СФРЈ (одлуката се однесува на граничните премини кои ги поставиле словенските погранични органи).
28 јуни - Известување за јавноста дека единиците на ЈНА ја преземале контролата на границата на територијата на Словенија, со тоа извршувајќи ги работните задачи.
28 јуни - Единиците на ЈНА почнале да ја напуштаат Словенија; последните единица на ЈНА ја напуштиле Словенија на 26 октомври 1991 година.
29 јуни - Договор помеѓу претседателот на СИВ и претседателот на Претседателството на Словенија. Договорот налага да се прекинат војните операции, ранетите припадници на ЈНА да се префрлат во болници, единиците на ЈНА да се повлечат од границите и патиштата на касарните и да се формира мешовита комисија која ќе го надгледува сето тоа.
1 јули - Претседателството на СФРЈ го прогласило Стјепан Месиќ за претседател на Претседателството, д-р Бранко Костиќ за потпретседател. На изборот присуствува трочлена делегација на Европската заедница. Четири члена на претседателството (членови од СР Србија, САП Војводина, САП Косово и СР Црна Гора) бараат писмена гаранција од ЕЗ дека Собранието на Хрватска и Собранието на Словенија ќе го почитуваат моротариумот од три месеца на спроведување на законот за раздружување.
7 јули - Потпишана Брионската декларација.