Гарвански масакр — колеж извршен во радовишкото село Гарван од страна на воена единица на Кралството на СХС по наредба на жупанот на Брегалничкиот округ, Добрица Матковиќ како одмазда за смртта на колонистите во селото Кадрифаково, Свети-николско, убиени од четата на ВМРО предводена од Иван Јанев-Брло на 16 јануари 1923 година.ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14

На 3 март 1923 година селото било гранатирано и биле застрелани без судење 29 селани, сите мажи, меѓу кои и три деца од 12 до 18 години. Дополнително, една 65-годишна жена од глетката на труповите од ужас починала на самото место.Цочо В. Билярски (ред.) „Тодор Александров: живот легенда“, София,, 1991, 164-165 стр.

За настанот имало реакции не само кај домашната, туку и од европската демократска јавност.В. „Независима Македония“, бр. 6, 29. III 1923 В. „Независима Македония“ бр. 9, 19. IV 1923

Список на убиени селани

Атанас Колев (13) Богатин Георгиев (23) Васил Симеонов (27) Георги Донев (31) Георги Милев (32) Димитрија Колев (37) Димитар Иванов (41) Доне Василев (29) Ефрем Трајанов (30) Ефтим Петрушев (20) Иван Василев (35) Костадин Здравев (18) Костадин Цветков (31) Мите Здравев (19) Моне Василев (12) Тане Иванов (50) Пане Коцев (28) Петре Георгиев (40) Петруш Атанасов (21) Петруш А. Велјанов (35) Петруш Иванов (47) Стевко Трајанов (39) Стое Коцев (34) Стојан Филипов (25) Тасе Ефтимов (52) Трајан Тасев (23) Христоман Поцев (57) Јане Поцев (59) Цвета Томева (65)

Поврзано Кадрифаковски масакр

Наводи

Категорија:Масакри во Македонија Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Гарван