мини|НУ Завод и Музеј - Битола (преден поглед) Народен музеј - Битола — музеј во центарот на Битола, сместен во некогашното Битолско воено училиште, основано во 1847 година.

Историјат Со одлука на Владата на Република Македонија за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата (Службен весник на РМ број: 84/2003), Заводот за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола доби статус на национална установа од областа на културата и се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, односно Завод и музеј Битола.мини|десно|Античка статуа на божица во музејотДенес, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, е национална установа од областа на културата чија основна дејност е заштита, систематизација, научна обработка и презентација на културното наследство во Општина Битола. мини|Преден поглед кон главниот објект на музејската установа Својата дејност, програма, цели и задачи, институцијата ги остварува преку секторите за музејска дејност, заштитна дејност и секторот за заеднички служби.

Во установата се вработени 48 лица од кои 31 лице е со висока стручна подготовка.

Објекти Заводот и музеј Битола во вршењето на својата дејност ги користи следните објекти: Стара касарна

Античко наоѓалиште Хераклеја Линкестис Уметничка галерија Јени џамија (Битола) Спомен-куќа на Гоце Делчев Спомен-куќа на Стив Наумов Магазата на ул. „27 март”

Во музејот можат да се видат многу поучни работи, како на пример статуи од познати борци (Гоце Делчев, Питу Гули итн.), праисторијата на луѓето и др.

Надворешни врски

Официјална страница на музејот

Музеј Битола — страница на туристичкиот портал на Битола

Категорија:Музеи во Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Музеи во Македонија