thumb|Слика на ѓаволот во Бројот на Beверот е 666, слика Вилијам Блејк. thumb|200px|Илустрација на ѓаволот во книгата Кодекс Гигас. Ѓавол или враг — име што се дава на натприродниот ентитет, кој, во повеќето западни религии, е главното отелотворување на злото. Овој ентитет вообичаено се нарекува со повеќе други имиња, вклучувајќи ги: Сатана, Асмодеј, Велзевул (Зерзевул), Луцифер и/или Мефистофел. Во класичната демонологија, секое од овие имиња се однесува на посебен натприроден ентитет, и постои значајно несогласување кои од нив се навистина зли.

Некои стручњаци сметаат дека поимот за централно натприродно отелотворување на злото, како и поимот за ангелите, за првпат настанал во западниот монотеизам, кога јудаизмот стапил во контакт со персиската религија Зороастризам. За разлика од класичниот монотеизам, Зороастризмот опфаќа два бога, еден добар и еден злобен, заробени во космичката битка каде што двајцата се повеќе или помалку еднакви и исходот е секогаш несигурен. Ахура Мазда ("Мудриот Господар"), исто така познат како Охрмазд е богот на светлината, а Ахриман ("Злобен Дух"), исто така познат како Ангра Маинју, е богот на темнината. Во конечната битка помеѓу натприродните сили на доброто и злото, на човечките души ќе им се суди во огнениот божји суд, и само доброто ќе преживее. Соодветно, луѓето треба да се подредуваат под богот на светлината и неговите ангели, а да го избегнуваат богот на темнината и неговите демони.Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.

Христијанството го гледа Сатаната како ангел избркан од рајот од страна на Господ. Во исламот, ѓаволот се нарекува Иблис или Шејтан. Ѓаволот се појавува во различни форми, кои варираат од човечка форма до некое реално или имагинарно животно (јарец, змеј, граблива птица).

Потекло на името Македонскиот збор ѓавол, односно дјавол, веројатно потекнува од грчкиот збор διάβολος (диаволос), со значење „клеветник“ (т.е. „дијаболичен“). Поимот ѓавол може да се однесува на поголем демон во хиерархијата на Пеколот. Во Македонија ѓаволот во народот се означува и со термините:враг, сатана, едноногиот, нечастивиот, поганец, антихрист, куциот, а посебно е интересен називот „тој натемаго“.Танас Вражиновски, Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје, 2002, стр. 232.

Ѓаволот во христијанството Потеклото на ѓаволот мини|десно|180п|Свети Волфганг и ѓаволот, Михаел Пахер (околу 1471) Според преданијата, во рајот каде што живеел Господ со своите ангели, најстариот од нив посакал да му ја преземе власта на Господ. Во тој обид кон него се приклучиле уште некои ангели, но Господ им ја знаел намерата па ги избркал од рајот, при што најгрешните ги фрлил во пеколот, помалку виновните ги отфрлил во вселената да скитаат, а оние кои биле нерешителни ги пратил на земјата. На тој начин, од првобитните ангели настанале три вида ѓаволи: ѓаволи во пеколот; ѓаволи во вселената, кои се движат со ветриштата и ѓаволите на земјата кои народот ги нарекувал нечастиви. Според други верувања, кога Господ ги создал Земјата, небото и останатите небесни тела почувствувал здодевност. Гледајќи го сопствениот лик во водата, тој посакал да има друштво па го оживотворил сопствениот лик. Но, новото бите почнало да се меша во неговите работи и да му го расипува создаденото. Тогаш, Господ го создал човекот, како антипод на претходно создаденото битие. Во своето непријателство и омраза кон Бога, ѓаволот се свртел против човекот кој е божјо дело, постојано обидувајќи се да ги сврти луѓето против бога за да ги искористи во одлучувачката војна против него.Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија. Скопје: Издавачки центар Три, 2004, ISBN 9989-918-97-X.

Според богомилското дуалистичко поимање на светот, ѓаволот бил син на Господ Сатанаил (Бугарија), Натанаил (Србија), а ангелите биле негови поданици. Ангелите му плаќале данок на Господа во жито и масло, а неговиот син посакувајќи ја власта и моќта на Господ ги наговорил ангелите да се кренат против Господ и, за таа цел, тој им ги намалувал даноците, тврдејќи дека татко му ги оштетува. Но, Господ дознал за заверата, му ги одзел светлината и, делумно, моќта на синот свој и со неговите истомисленици го прогонал на земјата која во тоа време била само вода. Во Јованово евангелие (19) за овој настан се вели: „...Го преобрази поради неговата самољубивост: светлината му беше одземена, лицето му доби боја како вжештено железо и заличи целосно на човечкото лице. Со опашката тој повлече третина од божјите ангели...“ По паѓањето на земјата, ѓаволот прво создал почва, зашто моќта за творечката дејност не му била одземена. Според богомилското верување, со помош на своите ангели, тој ја создал месечината, ѕвездите, дождот, снегот, громот и останатите временски промени, на земјата ѝ наредил да создаде животни и растенија. Според преданието од малоазиските богомили (фундагиагити), при прогонството од небесното царство, Сатанаил ги украл двете нешта создадени од Бога - сонцето и човечката душа. Сатанаил создал човек кој личел на него, со помош на ангелите од третото небо. Во текстот „Паноплија догматика“ од Ефтимиј Зигабен описот на ова дело е следен: „Потоа Сатанаил го создал телото на Адам од прстот, водата и правта. Од него истекла вода низ десната нога и се прелеала врз големиот прст, па се пролеала врз земјата. Од неа настанала змијата. Сатанаил си го собрал здивот и вдахнал живот на телото создадено од него...“

Според средновековната легенда, главниот ѓавол, Луцифер, некогаш бил убав, но во пеколот тој е грд и има три лица, со различни бои: црвено, жолто-бледо и црно. Вообичаено, вака го прикажувале ѓаволот и средновековните уметници, веројатно како спротивност на божјото тројство, а трите бои биле симболи на немоќта, незнаењето и омразата. Притоа, според средновековната легенда, Луцифер паднал од небото на јужната полутопка со главата надолу, а преплашената земја се тргнала и така пред него настанал пеколот, а зад него чистилиштето. Оттука, ако се влезе во пеколот од северната полутопка, Луцифер стои на нозете, а ако се гледа од јужната полутопка, тој стои наопаку, т.е. со стапалата нагоре.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 221-222.

Ѓаволот во средновековната теолошка литература Во средновековната теолошка литература се нагласува злобниот карактер на ѓаволот, кој постојано ги наведува луѓето на гревови. Во тој поглед, во средновековната книжевност, ѓаволот добива некои особини кои претходно не му биле припишувани: тој станува моќен господар кои настојува да ги потчини слабите, колебливи луѓе и да ги стави под својата власт, барајќи да му се заколнат на верност (Fac mihi hominium), а истовремено им ветува богата награда. Иако средновековните автори тврдат дека, според својата моќ, ѓаволот не му е еднаков на бога, сепак тој претставува голема опасност и закана и се одликува со голема моќ.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 286.

Црковната литература ги прикажува ѓаволите како постојани придружници на грешните луѓе. Така, во своето дело „Дијалози за чудата“, Цезариј од Хајстербах соопштува дека една испосничка ги видела демоните кои седеле на грбовите на калуѓерите при што личеле на мајмуни и мачки и ги имитирале гестовите на калуѓерите. Во друга прилика, некоја богата госпоѓа се појавила во црквата накитена, но не забележала дека на нејзиниот раскошен фустан седат многу ѓаволи. Тие биле црни, се смееле, плескале од радост и се превртувале како риби во мрежа. Според Цезариј, бројот на ѓаволите е голем, иако не се знае точно колку ги има, но тоа ќе се открие на Судниот ден. Според зборовите на Рудолф од Шлетштат, еден опседнат човек раскажувал дека во Цирих се собрале 6 606 ѓаволи кои ќе ги нападнат граѓаните, казнувајќи ги за нивната гордост. Но, не само што се бројни, туку ѓаволите се и многу лукави, се служат со различни средства за да ги заробат душите на грешниците и уживаат во своите злодела. Притоа, ѓаволите често се појавуваат дури и само ако ненамерно им се спомене името. Цезариј од Хајстербах наведува неколку такви примери: налутениот татко му се развикал на синот со зборовите „оди по ѓаволите“ и него веднаш го однел ѓаволот; друг татко ја искарал својата ќерка, споменувајќи го ѓаволот, кој веднаш се вселил во неа; на еден слуга му здодеало да го чува манастирското лозје и го повикал ѓаволот да го замени, а тој веднаш се појавил; некој човек сакал насилно да има сексуален однос со жена му, а таа го проколнала со ѓаволот и потоа останала бремена и родила чудовиште; некој човек заминал на поклонение, проколнувајќи ја жена си со зборовите дека ќе ја чува ѓаволот и навистина, за време на неговото отсуство, ѓаволот ја чувал и ги бркал нејзините љубовници.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 288-293.

Колку и да делува наобично, средновековната латинска книжевност наведува и примери на добри ѓаволи (diaboicae bonitatis). На пример, Цезариј од Хајстербах ја раскажува приказната за еден витез кој имал способен штитоносец, убаво момче кое верно му служело на својот господар. Подоцна, кога се разболела неговата жена, витезот дознал дека неговиот штитоносец е ѓавол и дека му причинувала голема радост да им служи на луѓето. Исплашен, витезот го отпуштил од службата, а кога му платил пет солиди, ѓаволот му ги вратил парите со цел со нив да купи нова камбана за запуштената црквата. Според друга приказна, еден добар ѓавол го носел на грбот витезот Еверхард низ разни места, вклучувајќи ја и светата земја и го вратил неповреден дома. Некој ѓавол ги предупредил селаните да не јадат од месото кое потекнувало од украдена крава, а исто така ги откривал гревовите кои луѓето не сакале да ги исповедаат.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 294-295. Еден ѓавол зел човечки лик и верно му служел на некој богат човек. За да го награди, богатиот му ја дал на ѓаволот својата ќерка за жена, но ѓаволот побегнал зашто таа го малтретирала. Притоа, ѓаволот му признал на богатиот човек дека неговата татковина е пеколот, велејќи дека таму никогаш не претрпел толкаво зло како она од сопругата.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 388.

Цезариј од Хајстербах наведува повеќе случки во кои ѓаволите ги напаѓаат дури и свештениците во случаите кога тие се однесуваат несоодветно: на пример, во некоја црква во која свештениците ги пееле црковните песни гласно и без побожност, а ѓаволот ги собирал нивните гласови при што наполнил цела вреќа; околу некој калуѓер кој спиел во манастирскиот хор се собирале ѓаволите во облик на свињи, кои ги собирале гласовите кои испаѓале од неговата уста; некој грешен свештеник другарувал со некој витез со кого правел порочни дела, а ѓаволот го казнил така што се преправил како свештеникот и го налутил витезот, кој му ја повредил главата на свештеникот;Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 301, 303. еден калуѓер заспал за време на молитвата, а на неговиот грб се појавил ѓаволот во облик на змија, а на главата на друг калуѓер, кој исто така спиел за време на молитвите, стоел мачор.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 386.