Јосеф Бен Лев (, – , ) бил еврејски рабин од Македонија, специјалист за еврејското право. Се преселил во Солун во 1534 година и станал претседател на Еврејскиот суд во СолунЃорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993. Ги бранел интересите на солунските еснафи за производство на ткаенини во рамките на феудалното еснафско занаетчиство. Се прочул како заштитник на бедните Евреи. Дошол во судир со претставниците на еврејската елита, па неговите синови биле убиени, а тој морал да избега во ИстанбулЕврейски извори за обществено–икономическото развитие на Балканските земи през XVI век, I, София, 1958. Автор е на четиритомно дело (прашања и одговори) печатено во Цариград (1556, 1573 и 1597). Неговите „респонцес“ биле препечатени во два тома во Амстердам во 1726 годинаЕврейски извори за обществено–икономическото развитие на Балканските земи през XVII век, II, София,1960.

Наводи

Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски Евреи Категорија:Македонски рабини