Михо Чакеља (хрватски: Miho Čakelja; , Хрватска, – , ) — македонски архитект и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Животопис Чакеља е роден во хрватскиот град Дубровник на 9 јануари 1909 година.После дипломирањето на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1933 година, се доселил во Скопје, каде останал до крајот на својот живот. Освен педагошката работа, развил богата проектантска и урбанистичка активност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимавал и со графички дизајн. Позначајни реализации: зградата на Вакувската дирекција во Скопје; зградата на Електродистрибуција во Скопје. Го проектирал архитектонскиот дел на термо и хидроелектрани во Македонија. Од урбанистичкото проектирање познапознач ајни дела му се: урбанистичкото решение за Културно-спортскиот центар „Сарај“ во Скопје во 1949 година, Директивниот план на Гостивар, работнички населби на рудникот „Злетово“. Негов проект била и Зградата на Ибни Пајко која е изградена во 1938 година. Починал во Скопје на 12 април 1977 година.
Наводи
Категорија:Македонски Хрвати Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски универзитетски професори