Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпански и ) — голем полуостров сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.

Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат на него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.

Држави и територии Грб Знаме Земја / територија Главен град Површина(км2) Население()Census data, "Official Spanish census"Census data, "Portuguese census department" Удел(%) Андора Андора ла Веља 468 0,1 Гибралтар(британско владение) Гибралтар 7 0,0 Португалија Лисабон 89.015 15,3 Франција(Француска Сердања) Париз 539 0,1 Шпанија Мадрид 49.3515 84,5 Вкупно 583.544 100

Јазици Андора каталонски Гибралтар англиски Португалија португалски мирандски (официјално признаен) Шпанија баскиски шпански (наречен и кастиљски) католонски (наречен и валенсиски) галисиски астурски (официјално признаен) окситански (локално: арански, официјално признаен)

Предримски јазици На Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:

луситански аквитански иберски келтоиберски тартесиски

Историја Во 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.

Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, сè до завршувањето на Наполеоновите војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора.

Наводи

Поврзано

Пиринеи Ибери

Категорија:Јужна Европа Категорија:Полуострови во Европа Категорија:Региони во Европа