Рендал Патрик Манро () е програмер познат по неговиот семрежен стрип xkcd. Тој и неговиот семрежен стрип уживаат култен статус меѓу љубителите на такви стрипови. Тој е еден од малкуте автори на семрежни стрипови кои живеат од тоа.
Животопис Манро бил љубител на стрипови уште од мала возраст, почнувајќи со Калвин и Хобс. Матурирал во средното училиште за математика и наука во Клоувер Хил, а дипломирал физика на универзитетот Кристофер Њупорт во 2006. Манро бил соработник на НАСА пред и по дипломирањето. Во јануари 2006, неговиот договор со НАСА истекол и тогаш почнал да работи само на неговиот семрежен стрип, xkcd. Сега се издржува себеси со продавање на разна роба поврзана со xkcd. Семрежнот стрип набргу станал многу популарен, достигнувајќи дури 70 милиони гледања на месец до октомври 2007.
Манро држел говори на места како Googleplex, штабот на Google во Маунтин Вју, Калифорнија.
Во декември 2006, Манро во знак на протест им напишал чек на Verizon кој содржел сложен математички израз за да искаже $0,002.
Манро живее во Сомерсвил, Масачусетс и има двајца браќа: Даг и Рики. See mouseover text.
Стрипот
thumb|right|350px|"Википедијански протестирач", со дополнителен текст „СТАВЕТЕ ДЕЛУМНА ЗАШТИТА НА УСТАВОТ“ (SEMI-PROTECT THE CONSTITUTION) xkcd е семрежен стрип со теми од програмирање, математика, наука, јазик и романтика.
Поврзано xkcd
Наводи
Надворешни врски
xkcd – страница на стрипот со врски до неговата продавница, форуми и благ (блог) xkcd-es – шпанска верзија на стрипот
Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски автори на стрипови Категорија:Американски автори на семрежни стрипови Категорија:Луѓе од Пенсилванија Категорија:Луѓе од Вирџинија