Лазар Колишевски (роден како Лазар Панев Колишев; — ) — долгогодишен водач на македонските комунисти и моќен човек во Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот.
Животопис Колишевски е роден во Свети Николе, но по смртта на неговата мајка, на четиригодишна возраст бил донесен во сиропиталиштето во Битола. Во 1928 година заминал во Крагуевац, каде што се запишал во Воено-занаетчиската школа. Таму се зачленил во СКОЈ и како негов член во 1933 бил уапсен. Во 1935 бил примен за член на КПЈ и влегол во составот на месното раководство на Партијата за Крагуевац. Во 1940 година, Окружната партиска конференција за Крагуевац го избрала за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во декември истата година, Колишевски бил определен за инструктор во Смедеревска Паланка и таму останал до окупацијата на Југославија во 1941 година.
Учество во НОБ thumb|лево|150px|Споменик за судењето на Колишевски од страна на бугарскиот фашистички окупатор. Во мај 1941 година Колишевски дошол во Македонија, но во јуни заминал за Белград. Во Македонија повторно дошол на почетокот на август. По одлуката на Коминтерната за враќање на партиската организација во Македонија во составот на КПЈ и сменувањето на Методија Шаторов-Шарло од раководната позиција на партијата во Македонија, Колишевски влегол во новиот Покраински комитет, формиран на 21 септември 1941 година. Станал член и на Покраинскиот воен штаб и се вклучил и во подготовките на востанието против бугарската власт, но набрзо, на 6 ноември 1941 година, бил уапсен од бугарската полиција, заедно со 15 други дејци на Охридската партиска организација.Петър Христов Петров „Македония: история и политическа съдба“, „Знание“ ООД, 1998, стр. 64
На судскиот процес во Охрид на 26 и 27 ноември, заедно со Петре Пирузе, бил осуден на смрт. На 7 декември Колишевски, додека бил во затвор, поднесол молба за помилување до бугарскиот цар Борис III, по што смртната казна му била заменета со доживотен затвор. На 18 март 1942 година бил префрлен од скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останал сè до 7 септември 1944 година, кога во предвечерјето на новата власт во Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт бил ослободен заедно со другите затвореници.Благој Думановски „Зад железните решетки“: затвореничка хроника“, Куманово, 1972, 105-106 и 280 стр.
При основањето на Комунистичката партија на Македонија на 19 март 1943 година обично се смета дека Колишевски во отсуство бил избран за секретар на партијата, но за тоа не постојат документи и има мислења дека тоа е фабрикувано по ослободувањето.Anton Kolendić “Bijele mrlje makedonske povijesti”, “Start magazine”, Zagreb, No. 537, 19.8.1989, 54 str.
мини|десно| Реферат на Лазар Колишевски, потпретседател на АСНОМ, за политичката ситуација во Македонија, изнесен на Второто заседание на АСНОМ, (30.12.1944) Додека бил во затвор, на Првото заседание на АСНОМ, во август 1944 година, бил избран за еден од претставниците на Македонија во Президиумот на АВНОЈ.
За народен херој бил избран на 2 август 1952 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 191
По ослободувањето thumb|left|230px|Лазар Колишевски По своето ослободување, Колишевски се вратил во Македонија и ја презел функцијата секретар на Комунистичката партија на Македонија, а на таа функција останал до јули 1963 година. Колишевски многу брзо станал влијателен човек во Македонија. На 26 ноември 1944 година, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, тој бил избран за негов потпретседател, а во декември 1944 година бил избран за прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Набрзо, во јануари 1945 година застанал на чело на Работното тело на Президиумот на АСНОМ, кое фактички ги презело надлежностите на Президиумот на АСНОМ. На Третото собрание на АСНОМ, одржано на 16 април 1945 година, Колишевски бил избран за прв претседател на Владата на Демократска Федерална Македонија.
мини|десно|Првата Народна влада од 1945 на чело со Колишевски Во текот на својата политичка кариера, Колишевски бил на различни државни и партиски функции и играл важна улога во политичките настани и општествените процеси во СРМ и СФРЈ. На Петтиот конгрес на КПЈ, одржан во јули 1948 година, тој бил избран за член на Централниот комитет на КПЈ. Исто така, бил избиран за народен пратеник во сите состави на републичкото и сојузното собрание од 1945 до 1972 година. Од 1963 до 1967 година бил претседател на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија. Од 1967 до 1972 година бил член на Советот на Федерацијата, а од 1972 до 1984 година бил член на Претседателството на СФРЈ. По смртта на Јосип Броз Тито, на 4 мај 1980 година, Колишевски, како тогашен потпретседател на Претседателството на СФРЈ, станал претседател на Претседателството, но на таа должност останал само неколку денови.„Архивата на Лазо Колишевски до 300.000 страници во МАНУ е тајна дури и за лустраторите“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 2-3. Поради редовната ротација на функциите, веќе на 15 мај 1980 година, должноста претседател на Претседателството ја презел претставникот на Босна и Херцеговина.
По падот на комунизмот, Колишевски се повлекол од јавниот живот и до крајот на животот живеел како пензионер. По неговата смрт во 2000 година, неговата лична архива од 300.000 страници била оставена на чување во МАНУ, каде со неа раководи посебен одбор. Во негова чест, во паркот во Свети Николе во 2002 година бил поставен негов споменик.„Откриено Спомен-обележје на Лазар Колишевски во Свети Николе“ , „Утрински Весник“, 11 октомври 2002.
Литература мини|Споменикот на Лазар Колишевски во Свети Николе Драган Кљакиќ „Времето на Колишевски“, Скопје, 1994. Крсте Црвенковски, Славко Милосавлевски „Нашиот поглед за времето на Колишевски“, Скопје, 1996. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 187–191
Наводи
Поврзано Социјалистичка Република Македонија Титоизам
Надворешни врски
Лазар Колишевски „Аспекти на македонското прашање“ , „Култура“, Скопје, 1962 година (текст) „Ваша екселенцијо, сето злато на Мали е ваше“ , Утрински весник Savo Kržavac "Bravar nije voleo zlato", НИН Молба за помилување на Лазар Панев Колишев до бугарскиот цар Борис од 7 декември 1941 г
Категорија:Претседатели на Сојузот на комунистите на Македонија Категорија:Македонски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски политичари Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Комунистички водачи Категорија:Јунаци на социјалистичкиот труд Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ