Липковска Река или Липковка — река во Североисточна Македонија, која заедно со Коњарска Река ја создаваат Кумановска Река во Куманово.. Тече низ општините Липково и Куманово.

Водотек мини|220п|лево|Липковска Река на хидрографска карта на подрачјето. Настанува кај селото Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Влегува во Куманово од северозапад и се спојува со Коњарска Река, со што водотекот низводно е веќе наречен Кумановска Река. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина од 300 км2. Во нејзиниот слив се изградени вештачките езера Липково и Глажња. Средниот протек изнесува 1,42 м3/с.

Историја На 1 мај 2014, реката се излеала кај селото Оризари, Општина Липково. Биле поплавени околу 100 хектари од обработливото земјиште.

Во декември 2017 година започнале градежните зафати за регулирање на водотекот на реката. Во септември 2018 година биле завршени градежните зафати.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија