Ѓорѓи Карев (Крушево, 1887 — Скопје, 8 септември„На Карев му ставија спомен плоча на погрешна куќа, а државата го заборави“ , „Вест“, 27.8.2005. 1950) — брат на македонскиот револуционер Никола Карев.
Животопис Како шеснаесетогодишник се борел во Илинденското востание, а меѓу 1941-1944 година, за време на бугарската окупација на Македонија, е кмет на Крушево.
По Втората светска војна е осуден и затворен во Идризово. Мише (Михаил) Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорги, во своето сведоштво тврдел дека проблемите на семејството Кареви со комунистичката власт на Македонија започнале веднаш по ослободувањето, кога без никакви докази, во монтиран судски процес, бил осуден и затворен помалиот брат на Никола - Ѓорѓи Карев. Прво е осуден на смрт, но подоцна казната му е заменета со 5 години затвор.Дарко Јаневски, „Каде е закопан братот на Карев ликвидиран во Идризово?“ На само неколку дена пред излегување, односно пред завршување на казната тој е ликвидиран во Идризово, а гробот не му се знае до ден денес.
Наводи
Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски општественици Категорија:Починати во Скопје Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Родени во 1887 година Категорија:Починати во 1950 година