thumb|right|Вештерки од Ханс Балдунг (дрворез, 1508) Маѓесништво, во разни историски, антрополошки, религиски и митолошки контексти е употреба на натприродни или магични моќи. Волшепството ја одразува употребата на такви моќи со цел да се нанесе штета или да се повредат луѓето во некоја заедница или нивната сопственост. Други употреби на поимот се однесуваат на разликите помеѓу лоша маѓија и добра маѓија, добрата маѓија се користи за да се отстрани лошата маѓија од некого. Концептот на волшепството е третирано како културна идеологија, средство за да се објасни човечката несреќа со префрлање на вината врз надмоќно суштество или познато лице во заедницата

Историографија на маѓесништвото Историчарите на европското волшепство изнашле антрополошка дефиниција која не е во сооднос со европското и британското волшепство, а не одговара ниту на африканските модели. Присуството или отсуството на магичните техники малку ги загрижува оние кои учествуваат во вештерски ритуали, некои од обвинетите се обиделе да нанесат штета со изведување на такви ритуали.. Како и во антропологијата така и историчарите гледаат на вештерството како идеологија за објаснување на несреќата, сепак оваа идеологија се појавува на различни начини. Постојат неколку типови на вештерки според народното верување и неколку типови на луѓе обвинети за вештерство од различни причини. Ричард Кикхефер (Richard Kieckhefer) ги поделил обвинетите во три категории: Оние фатени на дело на правење на добра или лоша магија; добронамерни вештери или лекувачи кои ја изгубиле довербата на луѓето или властите; и оние кои се непријатели со сите соседи. Кристина Ларнер ( Christina Larner) додава и четврта категорија: Оние одбиените да бидат вештерки а опкружени со аура на вештерски верувања. Вештерка од соседството или народна вештерка : Вештерка која го проколнува соседот по некоја расправија. -Маѓепсничка или волшебничка Професионална лекувачка, волшебничка, гатачка или бабица, или личност која се збогатува преку магија, со здогледување на несреќата кај соседите или нивниот имот, поради соперништвото од нејаснотијата помеѓу добрата и лошата магија, таквите идндивидуи се етикетираат како вештерки. -Натчовечката или ноќната вештерка: Отсликани од многу раскажувачи како демон кој се појавува во визии и соништа. Вештерките во соседството се производ на тензијата меѓу соседите а се пронајдени само во мали рурални села каде што жителите се потпираат еден на друг Таквите обвинувања обвинувања се случуваат по кршење на некои општествени норми, како навремено невраќање на некој позајмен предмет, а секоја личност дел од општествената размена може потенцијално да падне под сомневање. Тврдењата за “волшебнички” и “натприродни” вештерки иако не во сите случаи се издигаат од општествените тезнии: натприридните вештерки често немаат никаква врска со општинските конфликти, туку изразените тензии меѓу луѓето и натприродното: а во Источна и Југоисточна Европа овие натприродни вештерки станаа идеологија во објаснување на штети во што верува целата заедница.

thumb|250px|Слика во Рилскиот манастир во Бугарија, осудувајќи ги маѓесништвото и на традиционалната народна магија

Демонологија Под монотеистичните религии на Левантот (имено, христијанството и исламот), маѓесништвото се поврзува со ересот и одметнувањето помеѓу католиците, протестантите и во вековното водство на доцниот средновековен/почетокот на модерниот европски период, стравот од волшебништвото доведе до големи ловења на вештерки. Throughout this time, it was increasingly believed that Christianity was engaged in an apocalyptic battle against the Devil and his secret army of witches, who had entered into a diabolical pact Севкупно, стотици, илјадници луѓе се убиени а други затворени, измачувани, прогонувани а им биле одземани и земјата и покуќнината. Поголемиот дел од обвинетите се жени а во некои религии пак поголемиот дел се мажи. Обвинувањата за вештерство се чести со другите обвинувања за ерес кај групи како што се Катарите и Валдензијанците. Malleus Maleficarum познатиот прирачник за ловење на вештерки подеднакво употребуван и од католиците и протестантите, појаснува како да препознаете вештерка, што ја прави жената да биде вештерка, како да судите вештерка и како да казните вештерка. Книгата ги дефинира вештерките како зли и со женски пол.

„Бели“ вештерки Во Англија поимот “вештерка” не е употребуван само за да се опише зол волшебник, туку исто така и за лукав човек. Постоеле многу променливи термини за овие практиканти „бели“ „добри“ или „добронамерни“ вештерки, благословувачи, врачеви, маѓепсници, сепак најчести се лукавец и итрец. Современистот Региналд Скот изјавил „Денес не е поразлично да се каже на англиски јазик, таа е вештерка или таа е итра жена“ додека итреците се здобивале со почит јавното мислење за нив сепак не било многу позитивно, бидејќи се верувало дека тие како што може да излекуваат така може и да наштетат. Многу од овие мажи и жени биле осудувани за вештерство. Многу вештерки од Англија се обвинети дека се дружат со демони, а многу всушност биле мудри луѓе чии познавања за самовилите се демонизирани: Многу Француски devins-guerisseurs се обвинети за вештерство, а половината од обвинетите вештерки во Унгарија биле исцелители.

Некои од исцелителите и вражалците обвинувани за вештерство се сметале себеси за посредници помеѓу обичниот свет и духовниот свет, еквивалентни на шамани. Таквите луѓе ги опишувале контактите со самовилите, духовите или мртвите како вонтелесно искуство и патување низ кралствата на ″другиот свет″. Верувањата од овој тип се вметнати во преданијата во поголемиот дел од Европа и нашироко се опишани обвинетите вештерки во Средна и Источна Европа. Повторувања на теми вклучува учество во повикување на мртвите или големи гозби често водени од женско божество кое подучува магија и дава пророштва: и учество во борби против злите духови, вампири или вештерки, да обезбеди плодност и просперитет за заедницата.

Наводни практикувања Практикувањата со кои историски се одбележува волшепството се оние кои влијаат врз умот, телото или споственоста на друго лице против неговата или нејзината волја или во кои верува личноста која го обележува тоа, да го потцени општествениот или религискиот поредок. Некои модерни толкувачи сметаат дека пакосната природа на маѓесништвото е дело на христијанството. Концептот на маѓепсничар кој влијае врз телото или сопственоста на друго лице против неговата волја е јасно претставено во многу култури, бидејќи постои традиција и во народната магија и религиската магија кои имаат за цел да се спротивстават на лошата магија или да идентификуваат практиканти на лоша магија. Многу примери може да се најдат во древните текстови, како што се оние од Египет и Вавилон каде што се верува дека лошата магија има моќ да вијае врз умот, телото и сопственста, практикантите на лошата магија стануваат веродостојна причина за болести, заболувања кај животни, лоша среќа, ненадејна смрт, неплодност и слични несреќи. Волшепството од општествено поприфатлив карактер е она кое го одбива злото и го идентификува наводниот злосторник за да го казнат. Народната магија која се користи да се препознае или заштити човек од лоша магија, често е заменета со онаа која ја користат вештерките. Во народното верување исто така постои концептот за бели вештерки и бела магија која е строго добротворна. Многу неопагански вештерки се повикуваат на овој концепт, и пророчуваат етички кодови кои им забрануваат да изведуват магија врз лица без нивна согласност Каде верувањето во практикување на лоша магија постои, овие практиканти се прогонувани со закон а кај општата населеност се омразувани и набљудувани со страв, додека добротворната магија се толерира и е прифатена од народот – иако православието се противи на тоа.

thumb|„Волшебен круг“ (1886) од Џон Вилијам Вотерхаус

Фрлање на магија Најверојатно најочигледната одлика кај вештерките е способноста за фрлање на магија, “магија” е збор употребен да ги означи средствата употребени за остварување на целта. Магијата може да се состои од група зборови, формула или стих, или ритуал, или пак комбинација од истите.

right|250px|thumb|Христинизирање во Норвешка

Повикување на мртвите Остро кажано “некромантијата” е обред на повикување на духовите на мртвите за божествување или пророштво – иако терминот се употребува и за повикување на мртвите и за други цели. Вештерките сè уште одат по патиштата и гробиштата со нивната лажна магија и го повикуваат ѓаволот, тој им доаѓа во ликот на мажот закопан таму, небаре се издига од мртвите.

По регион

Европа Сегашната проценка на бројот на луѓето погубени поради вештерство варива од 40.000 до 100.000. Вкупниот број на судења на вештерки во Европа за кои се знае дека се завршени со погубувања изнесува околу 12.000. Во раната модерна Европска традиција, стереотипно, и не секогаш точно, но вешрерките биле. Ловот на вештерки за првпат се појавува во Швјацарија и Германија за време на 15 и 16 век. Врвот на ловот на вештерки во Германија е достигнат помеѓу 1561 до 1670. Познатата вештерка од фолклорот и популарните суверенија се комбинација на бројни влијанија Карактеризацијата на вештерките како практиканти на зла магија се развила со текот на времето Раните преобратувања во Христијанството, се потпирале врз христијанското свештенство да употребуваат магија поефикасно отколку со старите методи кај Романскиот паганство, христијанството обезбедило методологија што вклучува светци и остатоци, слични на божествата и талисманите во паганството. Откако христијанството стана доминантна религија во Европа, неговата грижа околу магијата се намали. Вештерките или вештерите вклучени во тие обреди наводно го отфрлале Исус и жртвите: практикувале Вештерски собири ( изведување на пеколни обреди што често ги исмејувала жртвувањата на црквата ) : оддавале божествена чест на Принцот на Темнината: а за возврат добивале од него натприродни моќи. Постои верување во фолклорот дека Ѓаволскиот знак како жигот кај стоката е стиснат на кожата на вештерките за да се означи дека е направен пактот. Вештерките најчесто се опишуваат како жени. Вештерките го расипуваат општеството, а поконкретно, бракот Се верува дека вештерките обично склопувале пакт со ѓаволот да се здобијат со моќ за да се справат со неплодноста, поради голем страв за доброто на децата или одмазда на љубовникот. Црквата и Европското општество не биле отсекогаш така желни за лов на вештерки или нивно обвинување за лошите случувања. Светецот Бонифациј објавил во 8 век дека верувањето во постоењето на вештерки не е Христијански начин.. Одрекувањето е прифатено со Канонскиот закон, сè додека не беше повратен назад во подоцните векови кога ловот на вештерките стапи во сила. Во 1307 судењето на Витешкиот темплар покажува паралели на обвинувања за вештерство, напакостување и маѓесништво, а може е и почетокот на големиот Европски лов на вештерки.. Црквата не ја измисли идејата за лов на вештерките како потенцијално опасна сила за практикантите да се осудат на смрт Оваа идеја е честа и пред Христијанската религија Според учителот Макс Дашу, концептот на средновековното волшепство содржи многу од своите елементи уште пред појавата на христијанството Овие може да се најдат во Bacchanalias особено во времето кога се предводени од свештеничката Paculla Annia (188-186). Сепак, дури и подоцна се верувало дека не сите вештерки употребуваат зла магија Во Англија обезбедувањето на оваа исцелителна магија е работа на Вештерскиот доктор попознат како итрец, бел вештер, или врач. Поимот Вештерски доктор е во употреба во Англија и пред да се поврзе со Африка Врачарите биле способни да уништат зла магија (други народни маѓесници си имале свои гледишта. Опфатни мерки специјализирани во дијагнозирање на сојузи од самовили, додека додека магиски лекови за пообични болести како изгореници или забоболка се лекувале со волшебници.)