Петар Наневски ( во — во )Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 173. — македонски поет, сликар, есеист, припадник на третата генерација македонски писатели. Тој бил член на ДПМ и ДЛУМ.
Животопис Завршил Училиште за применета уметност и Педагошка академија во Скопје. Работел како наставник по ликовно воспитување во кавадаречката гимназија и кустос-ликовен уметник во Музеј-галеријата во Кавадарци.
Творештво Во текот на својата творечка активност ги објавил книгите:
Починка и врвици (поезија, 1961) Срп и нежност (поезија, 1971) Причина и спокој (поезија, 1977) Галии низ зумбулите (поезија, 1978) Сончевата споредба (поезија, 1980) Сликар меѓу ѕуници (поезија, 1982) Полноќна Ваташа (поезија, 1983) Грчот на Лаокон (поезија, 1985) Така прорече Морос (поезија, 1993) Фрлач на дискови (поезија, 1996) Глетки од фенерот на Диоген (избор 1997) Хетери, музи и мајстори (1998) Талози и часовници (2004) Вечерни актови (трилогија 2006) Резултати (афоризми 2008) Трактат на есејот (2010) Како сликар реализирал и учествувал во подготовката на повеќе од 300 ликовни изложби во земјата и во странство. Член е на Советот на Друштвото на писатели на Македонија.
Наводи
Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Починати во 2022 година Категорија:Луѓе од Ваташа Категорија:Починати во Ваташа Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски есеисти Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски сликари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Членови на ДЛУМ