Аферата мис Стон според времетраењето, спектакуларноста, добиените финансиски средства и афирмацијата на македонското револуционерно дело на меѓународен план е најголемата афера во историјата на Македонската револуционерна организација. Главни учесници во неа биле Јане Сандански, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и грабнатата Мис Стон која била првиот американски граѓанин киднапиран надвор од територијата на САД.Лаура Бет Шерман, Пожари в планината, Македонското ревоюционно движение и отвличането на Елен Стоун, (превод од английски Екатерина Николова), София, 1992.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003.

Причини

Солунска афера

По Солунската провала, ТМОРО се нашла во тешка положба, голем дел од организациската мрежа била разоткриена, комитетите посебно во Солунскиот окружен комитет биле обезглавени, а речиси целиот Централен комитет бил фатен и осуден. Затоа по Солунска провала се преземени дејствија за опоравување на организацијата, а како главно прашање се наметнале финансиските средства.

Кон крајот на март 1901 година во Софија во хотелот Батемберг се одржало советување на кое присуствувале Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Д-р Руменов, Ризo Ризов и адвокатот Стрезов. На оваа средба се наметнало прашањето за финансиска помош од бугарската влада што категорички било отфрлено од Делчев. Тој решил, за да се соберат финансиски средства, да се изведат сопствени киднаперски акции во Македонија.

Први обиди Гоце Делчев го ополномоштил Михаил Герџиков да изврши едно киднапирање во Македонија, но турските сили сѐ уште биле раздвижени поради Солунската провала и затоа овој обид останал неуспешен. Во летото 1901 година се одржало советување во Ќустендил на кое присуствувале Гоце Делчев, Јане Сандански и Христо Чернопеев и тие заклучиле дека: мини|200п|лево|Сава Михајлов, Јане Сандански и Крсто Асенов ситните грабежи само го нарушуваат престижот на Организацијата, а не придонесуваат за нејзино финансиско закрепнување.

Затоа Јане Сандански предложил да го киднапира кнезот Фердинад при неговата посета на Рилскиот манастир, но оваа иницијатив на Сандански била отфрлена од страна на Гоце Делчев и предложил војводите да спроведаат акции за собирање на пари, но надвор од границите на Бугарија.

Раководството и војводскиот кадар се нашол во дилема. Имено помошта од Бугарија не била прифатлива, ситните акции биле непожелни, а големите биле опасни по Организацијата и ослободителнот делото но сите разбрале дека мора нешто да се стори за да се дојде до пари.

Во 1901 година некаде околу Петровден, Јане Сандански, Христо Чернопеев и Сава Михајлов подготвиле план за киднапирање на Сулејман бег од Горна Џумаја, но поради болест на бегот таквата акција била откажана.Спомени на Јане Сандански

Бидејќи таа акција била одложена Јане Сандански и Чернопеев се нашле во Разлошко и решиле да го грабнат д-р Хаус кој бил протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа, тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестанската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Според Христо Чернопеев киднапирањето на Мис Стон било поприфатливо бидејќи:

Киднапирањето

Подготовки и планот за грабнување

За акцијата најпрво бил известен ОК во Банско на чело со Димитар Лазаров, потоа бил утврден планот кој се состоел од неколку точки:

1. Четата кој ќе го изврши грбнувањето да се состои од малку луѓе, а во неа требало да влезаат Јане Сандански, Христо Чернопеев, ајдутинот Стојан Просјакот и уште двајца комити кои требало два дена порано да заминат за село ГрадевоПленяването на Мисъ Ел. Стонь и г - жа Катерина Стефанова Цилка, сообщава Л. Томовъ, Ил. Илинденъ г. V, 9 - 10 (49 - 50), София, 1933, 25

2. Киднапирањето да се изврши на патот од Разлог за Горна Џумаја кај месноста Потпрена Скала

3. Содејство да даде комитетот од село Градево на чело со Ангел Мазнеов

4. Со четата да замине и Вапцаров кој требало да ги посочи жените

5. Пред жените со крпа на глава требало да оди Митре Захов за да го најави нивното пристигање

6. Како придружник на Мис Стон да се земе Катерина Ушева

За целиот план притоа биле известени Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Делчев се двоумел додека Ѓорче бил на мислење дека со грабнувањето нема да се добијат големи финансиски средства. Треба да се истакне дека Јане и Христо Чернопеев решиле на своја рака да ја покренат акцијата.

Тек на акцијата мини|десно|180п|Местото каде била грабната Мис Стоунмини|десно|180п|Катерина Цилка Додека Сандански и Христо Чернопеев го подготвувале планот нивната чета на чело со Никола Дечев од Стара Загора ги чекала во Пирин. Меѓутоа на Делчев му здодеало чекањето и затоа испратил писмо со остар тон дека ако Сандански и Чернопеев не се појават, тој уште истата вечер ќе се врати со четата во Бугарија.

Затоа Сандански и Чернопеев и поради остриот тон на писмото дошло до расправија. Поради тоа од 14-члената чета, 11 души биле разоружани и пратени во Бугарија. Со војводите останале Димитар Ќосето, Стоил Просјакот и Димитар Инев по што биле запознаени со киднаперскиот план. За започнување на сета акција се чекал сигнал од ОК во Банско.

Меѓутоа еден дел од банските чорбаџии негодувале против грабнувањето и затоа Сандански и Чернопеев морале да заминат во Банско, а работата ја пресекол Чернопеев кога истакнал:

Добро, но дајте вие по 5.000 лири секој, и ќе се откажеме .

Истовремено Лазар Димитров раководителот на ОК во Банско се запознал со Мис Стон и го дознал точниот час не нејзиното заминување, а како нејзини кираџии биле стокмени Саве Мехомиски и Георги Мацурев кој биле организациски луѓе. Откако сè било подготвено и четата била засилена со 6-мина селани заминале кон месноста Потпрена Скала, а таму со 5 комити им се придружил Крсто Асенов.

Грабнувачите биле облечени во турска облека и требало меѓу себе да говораат на турски јазик за да се остави впечаток дека грабнувањето го направиле Турци. Во караванот кој бил чекан се наоѓале: Мис Стон, Катерина Ушева, Катерина Цилка со нејзиниот маж Григор, три учителки, две ученички и други.

Тие требало да се разделаат во Горна Џумаја, Мис Стон требало да замине за Солун додека пак Цилка со нејзиното семејство требало да замине за Корча. На 28 септември 1901 година патниците биле пресретнати и поведени во планина и тогаш Мис Стон и Цилка биле одделени од групата. Цилка била земена наместо планираната Катерина Ушева која била болна, а Цилка била грабната за да не бидат обвинети за неморал, односно за да ѝ прави друштво на Мис Стон.

Треба да се истакне дека грабнувањето не се одвивало според предвидениот план. Мис Стон тргнала подоцна од предвиденото време додека пак селаните кои требало да ја снабдат четата со храна поради присуството на турска војска не можеле тоа да го направат и затоа комитите кои чекале два дена прегладнеле. Непосредно пред грабнувањето четата дошла во судир со еден Албанец кои почнал да стрела со револвер и притоа успеал да рани едно момче. Албанецот бил совладан и четата го зела со себе.

По грабнувањето прегладнетите комити почнале да го пребаруваат товарот барајќи храна и почнале да јадат свински производи и заборавајќи притоа дека треба да зборуваат турски со што се појавиле сомненија меѓу грабнатите дека не станува збор за турски разбојници.

Дополнително на тоа, четата дознала дека Албанецот е познат разбојник кој извршил бројни злосторства врз селаните и Крсто Асенов не можејќи да се воздржи го ликвидирал разбојникот пред очите на грабнатите патници, а сето тоа придонело да се засили сомнежот дека киднаперите не се Турци. На 3 септември (16 септември нов стил) османлиското комесарство испратило вербална нота до Министерството за надворешни работи и вероисповед во Софија, во која се вели дека:

Шестмесечната одисеја Први денови Четата од безбедносни причини се движела ноќе и постојано го менувала правецот на движење за да не бидаат откриени. Вториот ден тие биле во околината на село Долна Сушица и на жените како утеха им биле подарени горски цвеќиња и претходно земената библија. мини|десно|180п|Д-р Џон Хаус Кај селото Сушица третиот ден на жените им било откриено дека се грабнати за откуп, а Чернопеев ги предупредил дека ако се обидаат да избегаат ќе ги убијаат.

Од своја страна Мис Стон истакнала дека нема да им даде повод за такво нешто меѓутоа кога дознала колкава сума на пари бараат за неа таа се исплашила, имено станувало збор за 25.000 лири односно 101.000 долари. Третата ноќ четата навлегла во Бугарија, со цел таму да се засолни сè додека не се смири состојбата во Горна Џумаја. Тие се засолниле во селата Флорош и Црвиште, а Сандански во меѓувреме заминал во Дупница на лекување но и да дознае нешто.

Таму од Никола Малешевски разбрал дека бугарската армија и жандармерија ја пребаруваат пограничната област и затоа четата се вратила во Горна Џумаја. По враќањето тие времено се сметиле во една куќа во Селиште и ги започнале првите обиди за преговори со цел да се добие откуп.

Преговори На 4.09.1901 година во Банско, Григор Цилка и останатите ослободени ја известиле тамошната протестанска заедница, а тие пак на 5 септември телеграфски го известиле д-р Џон Хаус кој од своја страна пак за киднапирањето го известил американскиот конзул во Солун, П. Х. Лазаро, тој пак го известил американскиот конзул во Цариград, Дикенсон. мини|десно|180п|Вилјам Пит Лазаро покрај известувањето за киднапирањето потенцирал дека американскиот конзулаат треба да побара од Високата порта да го плати откупот и да не испраќа војска бидејќи би можеле да настрадаат грабнатите .

Шест дена по грабнувањето на 9.09.1901 година Мис Стон била принудена да го напише првото писмо со кое требало да започнат преговорите. Споменатото писмо било диктирано од Јане Сандански и Чернопеев, а самата Мис Стон требало да одлучи до кого ќе го адресира и таа решила да го испрати до Костадин Петканчин од Банско и нејзин стар пријател.

Во писмото било наведено дека за нивното враќање се бараат 25.000 лири и дека Петканчин требало да го извести Вилјам Пит кои бил касиер во американскиот совет во Цариград. Меѓутоа Петканчин исплашен од писмото ги известил турските власти и првиот обид за започнување на преговори пропаднал. Потоа Мис Стон ја натерале да напише ново писмо сега до д-р Хаскел кој бил мисионер во Самоков.

Оваа писмо лично било однесено од Крсто Асенов во тој момент содејство дале и Ѓорче Петров и Никола Малешевски. На 28 септември д-р Хаскел во Цариград имал средба со Вилјам Пит, Еди Пенсер - времен американски претставник и Чарлс Дикинс - дотогашен генерален американски конзул во Цариград.

Вмешување на американскиот Департмент Во киднапирањето на Мис Стон се вмешал и американскиот Департмент и почал да дава инструкции на Дикенсон и Лејшман, потенцирајќи дека Департментот нема да се занимава со киднапирањето и сета одговорност се препушта на Лејшман. мини|десно|180п|Чарлс Дикенсон Американскиот совет за пропаганда истакнал дека нама да го плати откупот затоа што со тоа би се направил опасен преседан. Од друга страна Департментот истакнал дека без дозвола на Конгресот на САД и тој нема да може да го плати откупот.

На 3.10.1901 година американскиот државен секретар му препорачал на Американскиот совет за пропаганда дека парите за откуп може да се собераат по пат на доброволни прилози и истовремено ветил дека администрацијата ќе го убедува Конгресот да ги врати парите на дарителите. За собирање на пари од доброволни прилози била отворена посебна сметка во банка, а од своја Департментот на 24.09.1901 година ги известил своите претставници во Цариград дека владата на САД и американскиот совет не преземаат одговорност за плаќање на откупот но истовремено било истаканто дека нема да прваат пречка при собирањето на доброволните прилози.