Полинезиските јазици е семејство јазици кои се зборуваат во Полинезија. Се класификуваат како припадници на поширокото австронезико семејство, поконкретно како дел од океанската гранка. Самите тие се делат на две подгрупи: тонгиски и јадрени полинезиски јазици. Во светот има околу 5 милиони Полинезијци.

Постојат околу 40 полинезиски јазици. Најзначајни од нив се тахитскиот, самоанскиот, тонганскиот, маорскиот, фиџискиот и хавајскиот. Полинезиските острови биле населени релативно доцна во историјата, а јазиците почнале да се двојат дури пред 2000 години. Ова значи дека јазиците од оваа група имаат големи меѓусебни сличности. Тонгиската подгрупа ја сочинуваат тонганскиот и ниуеанскиот јазик, додека пак сите останати се сметаат за дел од јадрената група на полинезиски јазици.

Класификација

Класификација според Базата на основни австронезиски зборови Најновите групирања на полинезиските јазици се утврдени со анализата на Базата на податоци на основниот лексикон на авsтронезиските јазици (Austronesian Basic Vocabulary Database)База на податоци за основниот лексикон на австронезиските јазици во 2008 г. Тука се наведени само оние со 90% убедливост:

тонганско-ниуески јазици тонгански јазик ниуеански јазик анутаски јазик ренелски јазик или ренелско-белонски јазик валиски јазик футунски јазик елискоисточни јазици Тикопијаски јазик Елиски јазици Тувалскоисточни јазици тувалски јазик Источнополинезиски јазици Футунски јазици самоански јазици самоански јазик токелајски јазик емајски јазици западноувејски јазик емајски јазик ифиро-мелески јазик пиленски јазик Футуно-анивански јазик

Од регионалните јазици тука не се вклучени ниуафоуанскиот и пукапуканскиот, за кои нема утрврдено класификација.

Класификација според Ethnologue Според Ethnologue, целосниот список на полинезиски јазици еПолинезиските јазици на Ethnologue.:

полинезиски јазици (39 јазици)

јадрени полинезиски јазици

источни

централни

маркиски јазици маркиски јазик северномаркиски јужномаркиски мангаревански јазик хавајски јазик пукапукански јазик

тахитски јазици австралски јазик маорски јазик пенрински јазик ракаханганско-манихикиски јазик раротонгански јазик тахитиски јазик туамотски јазик мориорски јазик †

рапански јазик

рапанујски јазици

рапанујски јазик

самоански јазици

ниуафоуански јазици

ниуафоуански јазик

валиски јазик

елиски јазици (8)

капингамарангиски јазик

нукумански јазик

нукуорски јазик

нукуриски јазик

онтоншко-џавански јазик

сикајански јазик

такуански јазик

тувалски јазик

футунски јазици

анутски јазик

емајски јазик

источнофутунски јазик

футуно-анивански јазик

меле-филански јазик

ренелски јазик

тикописки јазик

западноувејски јазик

пиленски јазик

пукапукански јазици

пукапукански јазик

самоански јазици

самоански јазик

ниуатопутапуански јазик †

токелајски јазици

токелајски јазик

тонгански јазици

ниуеански јазик

тонгански јазик

Меѓусебни сличности Делумно поради фактот што овие јазици се раздвоиле во групи во компаративно поскоро време, голем број зборови од лексиконите на овие јазици се меѓусебно слични. На табелата подолу се прикажани зборовите „небо“, „северен ветер“, „жена“, „куќа“ и „родител“ како претставителен избор на поими од следниве јазици: тонгански; ниуеански; самоански; сикајански; такуански; рапанујски; тахитски; куковоостровски маорски (раротонгански); маорски; северномаркески; јужномаркески; хавајски и мангаревански.

МакедонскиТонганскиНиуеанскиСамоанскиСикајанскиТакуанскиРапанујскиТахитскиРаротонганскиМаорскиСеверномаркескиЈужномаркескиХавајскиМангареванскинебосеверен ветержена куќародител

Помеѓу различните полинезиски јазици може да се забележат извесни правилни совпаѓања и еквиваленти. На пример, маорските гласови , , и соодветствуваат на хавајските , , и . Така „човек“ на маорски е tangata, а на хавајски е kanaka; маорскиот збор за „долгнавест“ е roa, а истиот на хавајски е loa. Познатиот хавајски поздрав aloha е еквивалент на маорскиот збор aroha, „љубов“ или „нежност“.

Сличностите во лексиконот им овозможуваат на луѓето од разни островски групи да се разбираат изненадувачки добро. Многу полинезисски јазици биле, и сè уште се жртва на европските колонизации. Пример за ова се маорскиот и хавајскиот, кои биле во голема мера потиснати од англискиот јазик, и почнуваат да заживуваат дури во последно време, и тоа благодарение на посебни напори.

Поврзано

Малајско-полинезиски јазици Праполинезиски јазик

Белешки

Наводи Krupa V. (1975-1982). Polynesian Languages, Routledge and Kegan Paul Irwin, Geoffrey (1992). The Prehistoric Exploration and Colonisation of the Pacific. Cambridge: Cambridge University Press. Lynch J. (1998). Pacific Languages : an Introduction. University of Hawaii Press. Lynch, John, Malcolm Ross & Terry Crowley (2002). The Oceanic languages. Richmond, Surrey: Curzon Press. Marck, Jeff (2000), Topics in Polynesian languages and culture history. Canberra: Pacific Linguistics.

Надворешни врски

Семејна лоза на полинезиските јазици на „Етнолог“