Медицинската етика пред сè претставува поле на применета етика, наука за моралните вредности и способност која се применува во медицината. Медицинската етика како научна дисциплина ја опфаќа практичната примена на клиничката средина, но и историјата, филозофијата, теологијата и социологијата.
Медицинската етика треба да биде сфатена како применета професионална етика,каде биоетиката опфаќа пошироки сфаќања, а се потпира на филозофија на науката и прашања од областа на биотехнологијата. Овие две полиња често се вкрстуваат, а посебноста претставува повеќе прашање на стил, отколку на професионален консензус. Медицинската етика ги дели своите принципи со други области од здравствената етика, како на пример со етика на негувањето.
Историја Историски гледано, западната медицинска етика ја следи обврската на физичарите во антиката како што е на пример Хипократовата заклетва и раните рабински и христијански учења. Во средновековието и во почетокот на новата епоха во ова поле направена е исцрпна анализа од страна на физичари како што се: Исак Бин Али Рахави (Ishaq bin Ali Rahawi – кој ја напиша првата книга посветена на медицинската етика со наслов „Однесувањето на физичарите“) и Мухамад Ибн Закрија Ар-Рази (Muhammad ibn Zakariya ar-Razi), потоа од еврејски мислители како што е Маимонидес (Maimonides), римокатолички схоластичари како што е Томас Аквин (Thomas Aquinas) и детална анализа на католичката морална теологија. Оваа интелектуална традиција продолжува со католичката, исламската и еврејската медицинска етика.
До XVIII и XIX век медицинската етика се појавува како самосвесна расправа. На пример авторотите од доменот на Томас Перцивал (Thomas Percival) пишувале за „медицинска одговорност“ и ја создале фразата „медицинска етика”. Џефри Берлант (Jeffrey Berlant) кој бил еден од критичарите за кодовите на Перцивал, советувањата на физичарите ги сметал како прв пример за неконкурентност. Во 1847 година Американското Медицинско Друштво го усвои првиот етички кодекс, а како основа на кодексот се смета делото на Перцивал. Во 20 век либералниот протестантски пристап беше изразен од мислители како на пример Јозеф Флечер (Joseph Fletcher), a секуларизацијата беше дел од католичката средновековна етика. Според либералната теорија и процедуралната правда во шеесеттите и седумдесттите години на дваесеттиот век поголем дел од расправата за медицинската етика претрпи драматични промени и во поголем дел се реконфигурира во биоетика.
Од седумдесеттите години на дваесеттиот век зголеменото влијание на етиката во современата медицина може да се увиди во зголеменото влијание на Одборот во оценувањето на експериментите врз луѓе, основањето на етички комитети во болниците, поголемата улога на клиничката етика и интегрирањето на етиката во наставната програма во медицинските училишта.
Еден од најстарите документи во историјата на човештвото кој содржи прописи за лекарската одговорност е Хамурабевиот закон (околу 1800 година п.н.е.). Хамурабевиот вавилонски кодекс е пронајден во Суза врз голема камена плоча која е всушност доградба на прастарите сумерски закони. Строгите телесни казни кои се предвидени за кодексот и за најмалите прекршоци сведочат за суровоста на тоа време. Основа на кодексот е концепцијата на вина, зафатена во чисто правни категории и ослободена од секакви правни предрасуди. Во овој законик постоела тарифа за некои хируршки зафати, но биле предвидени и казни за штетни како на пример: губење на видот или постоперативна смрт на болниот.
Во стара Индија строго се казнувал лекарот ако хируршки зафат е причина за смртта на пациентот, но можел да ја избегне одговорноста ако пред операцијата од властите добил одобрување за конкретната операција. Во стариот Египет лекарите морале да се придржуваат кон прописите за лекување од „светата книга“. Во еден од своите записи Плутарх опишува како Александар Македонски наредил да се распне некој лекар, затоа што наместо да лекува пациенти, тој отишол на театарска притстава, а болниот за тоа време останал без лекарка помош и починал.
Како прва позната кодификација на начелата на лекарската етика може да се смета заклетвата што морале да ја полагаат припадниците на здружението на асклепиевците на Стара Грција. Оваа заклетва е позната под името Хипократова, затоа што е зачувана во збирните дела кои му се препишуваат на Хипократ (460 - 377 п.н.е.). Според најновите истражувања се смета дека текстот и припаѓа на Питагорејската филозофска школа. Хипократ ја полагал оваа заклетва, но не ја составил. Во своите суштински делови Хипократовата заклетва ја зачувала вредноста до денес. Во текот на столетијата таа им била патоказ на европските лекари. Во заклетвата се забрануваат абортусот и евтаназијата, што е необично според старогрчките сфаќања. Тие зафати не биле дозволени за лекарот чијашто основна должност била зачувување и продолжување на човечкиот живот.
Хипократ е прв кој ја истакнал важноста на објективното научно набљудување на болниот и кој медицината сосема ја одделил од магијата и религијата и го увидел темелното значење на лекарската етика. Лекарот има само два вида на обврски: спрема болниот и спрема колегите. Философот Платон (427 - 347 п.н.е.) во своето дело за идеална држава подвлекол дека интересите на болниот мора да се подредат на неговите интереси како граѓанин и како припадник на заедницата. Според Платон подобро е неизлечивите болни да се оставаат да умрат, отколку да им се продолжува животот на економска штета на заедницата. Хипократовото и Платоновото гледиште се два екстремни ставови кои нашето време успеа да ги надмине. За Старите Грци била пресудна моралната (етичката) страна на лекарската деонтологија , а Римјаните се интересирале за правните аспекти. Во Дигестите било формулирано правното начело: „Sicuti medico imputari eventus mortalitatis non debet, ito quodeber imperiteam commists, imputari ei debet”. Ова во превод гласи: „...на лекарот не треба да му се препишува одговорноста за смртта на пациентот , туку треба да му се препишува тоа што го пропуштил од незнаење“.
Во средновековното готско право лекарот можел да наплати хонорар само доколку лекувањето било успешно, но ако лекувањето не е успешно тогаш лекарот бил казнуван. Формулата commitis archial гласи: „Од корисните умеења ниедно не дава таква помош како медицината. Во помагањето на болниот таа е постојана како мајчината љубов, се бори против болки и ни помага тогаш кога никакво богатство ни моќ не можат да ни користат. Медицината е умеење што повеќе открива за човекот, отколку што тој знае за себе. Тоа е умеење што го јакне колебливецот, го враќа нарушеното здравје и со мудри предвидувања дава отпор на болеста. Лекарите не смеат да го запуштат своето знаење, туку мора постојано да го прошируваат и да се советуваат со други лекари. Тие свечено ветиле дека ќе го го мразат злото,а ќе го сакаат искреноста и чистотата. Пропуст во обичниот живот може да се прости, но да му се наштети на човековото здравје е злосторство еднакво на убиство.“
Во стара Кина, во делото „Илјада златни векови“ Сун-Су-Мијао (581 - 673 п.н.е.) ги опишал етичките обврски на лекарот. Неговите формулации потсетуваат на Хипократовата заклетва, но веројатно настанале без влијание на грчката филозофија. Неговите формулации потсетуваат на Хипократовата заклетва која влијаела врз арапските и латинските погледи на етиката и врз писателите и лекарите во средниот век. Во првите медицински школи (Салерно, Монтепелиер, Болоња) се воведува заклетва која е всушност Хипократовата заклетва во христијанско руво. Од деонтолошки аспект е значајна молитвата на еврејскиот лекар Асаф. Оваа средновековна традиција ја продолжил лекарот Аматус Лузитанус (1511-1568) кој го завршил делото „Curationum medici-nalium centurial septem“ со прикажување на своите етички начела. На поранешните југословенски простори првите законски прописи за лекарите се наоѓаат во статутите на далматинските и истарските градови. На Конгресот на меѓународните сојузи на лекарските друштва е заклучено дека Хипократовата заклетва треба да се приспособи кон денешните потреби, а посебно кон наднационалните концепции за моралните обврски на лекарот. Со тоа е изработена нова заклетва која е наречена „Женевска формулација на Хипократовата заклетва”.
Сојузот на лекарските друштва на поранешна С.Ф.Р. Југославија ја прифатија Женевската конвенција, така што таа беше обврска и за нашите лекари. Сојузот изработи и Кодекс на лекарска етика која ги изразува не само современите потреби на медицинската етика туку и промените во социјалното уредување на општеството. Овој кодекс важеше сè до прогласувањето на самостојноста на Република Македонија, на 08. 09. 1991 година, а на 05. 06. 1992 година беше донесен „Кодексот на медицинска деонтологија“ од лекарската комора на Република Македонија.
Идејата за хуманоста, како што се појавува во женевската формулација не била позната во Стариот Свет. Како што лекарите од антиката ја вршеле својата должност во името на боговите, така од денешниот лекар се бара да се жртвува во името на хуманоста. Поединецот има обврска кон општествената заедница, но и заедницата има обврска кон поединецот. Промената на општествените односи неминовно доведува до нови сфаќања за основните должности на лекарот, но исто така му се наметнува и исполнување на социјалната функција на медицинската струка.
Вредности на медицинската етика Шест вредности кои вообичаено се применуваат во медицинската етика се: Автономија – пациентот има право да го одбие или да го одбери своот третман (Voluntas aegroti suprema rex). Добротворност – лекар од општа пракса треба да постапува за доброто на пациентот (Salus aegroti suprema lex). Правичност - распределба на недостатокот на здравствени услуги и одлука каков третман секој пациент треба да добие (правичност и еднаквост). Достоинство - пациентот (и здравственото лице кое го негува пациентот) имаат право на достоинство. Искреност и чесност
Вредностите како што се овие не даваат одговор како да се однесува лекарот во одредена ситуација,туку обезбедуваат корисна рамка за разбирање на конфликтите.
Кога моралните вредности се судираат тогаш се добива етичка дилема или криза. Не постои добро решение во случај на дилема во медицинската етика, а понекогаш вредностите на медицинската заедница (на пример болницата и персоналот) се судруваат со вредностите на пациентот, со вредностите на неговото семејство или пак со вредностите на општествената заедница. Конфликтите исто така можат да се појават помеѓу тие кои ја обезбедуваат здравствена нега или помеѓу членовите на семејството. Некои сметаат дека принципите на автономијата и принципот добротворност се судруваат доколку пациентот одбие трансфузија на крв, а кажувањето на вистината не беше толку нагласено пред епохата на ХИВ (HIV). Автономија Принципот автономија ги признава правата на поединецот за самоопределување. Вкоренето е во општествената свест дека поединецот е способен да донесува одлуки за личните прашања. Автономијата стана поважна откако социјалните вредности се променаа во смисла на дефинирање на медицинскиот квалитет, односно дека резултатите се поважни за пациентот, отколку медицинскиот персонал. Растечката важност на автономијата се смета за социјална реакција на „патерналистичката“ традиција во здравствената нега. Почитувањето на принципот автономија е основа за општа согласност.
Автономијата е главен показател за здравјето. За многу болести карактеристичен е недостатокот на автономија и тоа на неколку начини. Автономијата е показател за лична благосостојба и благосотојбата на здравственото лице. Тоа има влијание врз медицинската етика, а треба да се одговори на прашањата : дали цел на здравствената нега е да лекува или да профитира?“ или „дали цел на здравствената нега е да негува и здравствените работници и општеството да профитираат од тоа?“. (Етиката се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу активностите на поединецот и нивното влијание врз заедницата.)