Госпоѓа Даловеј (англиски: Mrs Dalloway) - роман на англиската писателка Вирџинија Вулф. Првобитно, романот бил објавен на 14 мај 1925 година.

Содржина Дејството во романот се одвива во Лондон, текот на еден ден во средината на јуни. Госпоѓата Клариса Даловеј, жена на возраст од 52 години, приредува прием и затоа утрото излегува во градот за да купи цвеќе. Кога стигнува во продавницата, наеднаш сите луѓе се загледуваат во еден автомобил во кој се наоѓа некоја многу важна личност, некој од кралското семејство или премиерот. Навистина, автомобилот продолжува кон Бакингемската палата каде се насобрале многу луѓе. Но, тогаш, на разни места во Лондон вниманието на луѓето е свртено кон еден авион што испишува реклама на небото. Истовремено, автомобилот и авионот го забележува брачниот пар Лукреција и Септимус Ворен Смит. Лукреција е незадоволна од својот сопруг, ветеран од Првата светска војна, кој има психички проблеми и често зборува сам со себе, му се причинува дека гледа свои познаници и слуша непостоечки звуци. Кога пристигнува дома, г-ѓа Даловеј е разочарана од веста дека нејзиниот сопруг Ричард ќе руча на друго место, без неа. Малку подоцна, додека таа го поправа фустанот, во куќата ненадејно влегува Питер Волш, нејзиниот пријател од детството за кого во минатото размислувала дали да се омажи со него. Питер само што пристигнал од Индија и ѝ кажува на Клариса дека планира да се разведе, зашто е вљубен во една мажена жена. Кога Клариса го потсетува на заедничките случки од минатото, Питер почнува да плаче, но тогаш во куќата влегува ќерката на Клариса, Елизабета и тој набрзина си оди. Оттука, Питер заминува во Регентовиот парк, каде се сеќава на настаните од минатото и на својот последен заеднички одмор со Клариса, кога таа го запознала Ричард Даловеј. Во паркот се наоѓа и брачниот пар Ворен Смит при што Септимус зборува самиот со себеси.Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 3-72.

Од Регентовиот парк, Септимус и Лукреција го посетуваат сер Вилијам Бредшо, еден од најпознатите доктори за нервни заболувања. Во младоста, Септимус го напуштил семејниот дом и се преселил во Лондон, каде со голем елан почнал да се образува, да пишува поезија и да напредува во работата. Но сето тоа било прекинато кога почнала Првата светска војна. Септимус веднаш се пријавил како доброволец и се докажал на бојното поле. На фронтот, тој се зближил со неговиот надреден офицер Еванс, кој погинал при крајот на војната. Во тоа време, Септимус бил во Милано и таму, чувствувајќи дека ги губи чувствата, тој се оженил со Лукреција. По враќањето во Англија, неговата психичка состојба почнала да се влошува. Сер Бредшо ги прима љубезно, им кажува дека Септимус е сериозно болен и препорачува да го префрлат во еден санаториум. Во тоа време, Ричард Даловеј пристигнува на ручекот кај леди Братон, каде дознава дека Питер е во Лондон. Потоа, тој се враќа дома и на Клариса ѝ подарува букет цвеќе, по што веднаш заминува по некоја работа. Тогаш, ќерката Елизабета излегува надвор, заедно со нејзината наставничка Килман, а откако се разделуваат, таа шета низ улиците на Лондон. Истовремено, во својот стан, на Септимус наеднаш му се враќа разумното однесување и тоа ја прави Лукреција многу среќна. Меѓутоа, во тој миг влегува д-р Холмс и Септимус, исплашен да не го однесат во санаториумот, извршува самоубиство фрлајќи се низ прозорецот. Питер Волш, пак, пристигнува во својот хотел, каде добива писмо од Клариса и тоа го поттикува да размислува за минатото и за иднината, по што одлучува да оди на приемот кај Клариса.Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 73-144.

Во куќата на семејството Даловеј пристигнуваат голем број гости, меѓу кои и премиерот, со што приемот добива во значење. Клариса е задоволна од успехот на забавата, но истовремено, таа чувствува празнина во душата. Меѓу гостите се наоѓа и докторот Бредшо, кој ѝ кажува на Клариса за самоубиството на едно младо момче, а тоа привремено ја потресува неа. На приемот доаѓа и Питер Волш, но Клариса е премногу зафатена со гостите и нема време да поразговара со него. Конечно, непоканета, на забавата доаѓа и Сели Сатон, сега леди Розетер. Таа и Клариса не се виделе многу години, а во меѓувреме Сели се омажила за богат фабрикант од Манчестер кому му родила пет сина на кои таа е многу горда. На забавата, Сели се дружи со Питер, чекајќи да дојде Клариса, но таа е зафатена со другите гости и Сели ја напушта забавата без да поразговара со неа. Кога си заминуваат гостите, останува само Питер, која очекува да ја види Клариса.Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 144-170.

Ликови во романот Покрај насловниот лик, во романот се појавуваат уште неколку ликови. Притоа, карактеристично е тоа што сите ликови се поврзани на некој начин: или се познаваат меѓу себе или се среќаваат на определени места. На пример, на почетокот на романот, само што излегува од својот дом, Клариса Даловеј го среќава Хју Хвајтбред, кој подоцна ќе биде поканет на ручек кај леди Братон, заедно со Ричард Даловеј; на тој ручек, леди Братон му кажува на Ричард дека се вратил Питер Волш; шетајќи низ Регентовиот парк, пак, Питер ги здогледува Септимус и Лукреција Ворен Смит (иако не ги познава); купувајќи цвеќе, вниманието на Клариса го привлекува автомобилот во кој се наоѓа некоја позната личност, а истиот автомобил го набљудуваат Септимус и Лукреција; за време на приемот, Клариса се среќава со докторот Бредшо, кој ѝ кажува за самоубиството на Септимус, кого таа не го познава, итн. Клариса Даловеј: Таа е дама од високото општество на возраст од 52 години, витка и привлечна, иако неодамна имала сериозна срцева болест. Таа не е многу начитана и не може да се смета за интелектуалка, но сепак поседува елеганција и префинето однесување. Таа секогаш имала сè, но никогаш не барала ништо повеќе од она што го дозволуваат правилата на цивилизираниот свет. Таа е исклучително сензибилна и има изразено чувство на недоволност и недовршеност. Оттука, иако однадвор е мирна жена, таа чувствува голема празнина во душата што ја попочлнува со своите сеќавања, а речсиси нема никакви планови за иднината. Сепак, Клариса Даловеј е личност која освојува со својот топол и тивок шарм.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 173. Ричард Даловеј: Тој е присебен и повлечен човек кој потекнува од високото општество и кој успеал да оствари непретенциозна политичка кариера. Тој е природен човек, едноставен и полн со добрина. Во односот кон Клариса, тој е внимателен и трпелив, непоколебливо (но, без опсесија) вљубен во неа. Елизабета Даловеј: Таа е убава девојка на возраст од 17 години, но сосема различна од нејзината мајка. Таа не сака снобовски да ги прима правилата, туку сака да направи нешто самостојно. За разлика од мајка ѝ, таа не ги сака приемите. Истовремено, поттикната од нејзината сиромашна наставничка, таа е заслепена од верата.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 173-174. Септимус Ворен Смит: Тој е способен и интелигентен млад човек, одликуван за време на Првата светска војна. Но, при крајот на војната, него го зафаќа страв дека ги губи чувствата, а по враќањето во татковината незапирливо го зафаќа лудило, проследено со халуцинации, фикс-идеи и желби за самоубиство. Најпосле, тој не го издржува психичкиот товар и навистина извршува самоубиство.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 174. Питер Волш: Тој интересен, надарен и неконвенционален човек кој, поради тоа, не успеал да се пронајде себеси ниту да направи успешна кариера. Уште од младоста, тој е вљубен во Клариса, иако постојано е критички настроен кон неа при што често запаѓал во конфликти со неа. Клариса ја одбила неговата брачна понуда, знаејќи дека тој нема да успее во животот. Дури на возраст од 53 години, Питер останал импулсивен, фантазер и детинест. Тој е слободна и неконвенционална личност која кај другите предизвикува чувство на вина, но истовремено и сожалување и обврска да му помогнат. Неговото присуство е постојан сведок на минатото на Клариса исто како што нејзината појава постојано ги буди неговите спомени.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 175. Сели Сетон: Таа е сиромашна роднина и пријателка на Клариса од младоста. За време на нивните заеднички одмори, Клариса чувствувала нескриена љубов кон неа, зашто Сели била сосема спротивна на неа: привлечна, смела, бунтовна, неконтролирана, девојка што пушела цигари и која отворено ги искажувала своите ставови. Но, подоцна, Сели целосно ги прифатила општествените конвенции коишто ги мразела во младоста. Така, таа се омажила за еден богат човек и се претворила во совршена домаќинка. Оттука, кога по многу години повторно ќе се сретнат, Сели и Клариса немаат што да си кажат меѓу себе.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 173-176. Дорис Килман: Таа е сиромашна жена со германско потекло, на возраст од над 40 години, висока, грда и свесна за својот непривлечен изглед. Поради сознанието дека е интелигентна и образована, но сиромашна, таа ги мрази и ги презира богатите луѓе, а особено г-ѓа Даловеј. Таа никогаш не била среќна, а спасот го пронашла во религијата. Истовремено, таа има големо влијание врз Елизабета Даловеј и кон неа чувствува искрена љубов.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 108-116. Заедничка одлика на сите личности од романот е тоа што Вулф ги гради ликовите однатре и ги прикажува во самиот процес на живеењето, во еден вид елементарна фактура на реагирањето. Притоа, незабележливо, без никакви настани и конфликти, ликовите во романот се појавуваат како блиски личности, како стари познаници.Milica MIhajlović, „Virdžinija Vulf“, во: Virdžinija Vulf, Gospođa Dalovej. Beograd: Rad, 1964, стр. 176.

Стил Во „Г-ѓа Даловеј“ целото дејство, освен сеќавањата на минатите настани, се одвива во еден единствен ден во текот на јуни. Тоа е пример на раскажување наречен „тек на свеста“, каде секоја сцена одблиску ги следи мислите на одреден лик. Вулф ја замаглува дистинкцијата помеѓу директен и индиректен говор низ романот, менувајќи ја нарацијата описи, индиректен внатрешен монолог и директна внатрешна нарација од барем дваесет ликови, но сепак, главнината на романот е фокусирана на два лика: Клариса Даловеј и Септимус Смит.

Поради структуралните и стилистичките сличности, Г-ѓа Даловеј вообичаено се смета за одговор на Џејмс Џојсовиот роман „Улис“. Во нејзиниот есеј „Модерна фикција“, Вулф го фали Џојсовиот „Улис“, зборувајќи за сцената со гробиштата: „при прво читање и на кој било начин, тешко е да не се признае едно ремек-дело“. Издавачката куќа „Хогарт Прес“, управуван од неа и од нејзиниот сопруг Леонард, морала да се откаже од можноста да го објават романот во 1919 година, поради законот за непристојност што во тоа време бил на сила во Англија, како и поради практичните проблеми околу објавувањето на книгата.

Теми

Феминизам

Како коментар на меѓувоеното општество, ликот на Клариса ја означува улогата на жената како „Ангел на куќата“ кој отелотворува и сексуални и економски угнетувања. Таа се бори и дури ги вклучува социјалните очекувања на сопруга на патријархален политичар, но сепак е сѐ уште способна да се изрази себеси и да најде особеност во забавите кои ги приредува. Нејзината стара пријателка Сали Сетон, на која Клариса ѝ се восхитува искрено, е насликана во романот како голема независна жена. Таа пуши цигари, еднаш истрчала гола за да го земе сунѓерот за капење, и правела силни, нетипично женски изјави за да предизвика реакции од луѓето. Кога Клариса ја среќава во сегашноста, таа се покажува како совршена домаќинка, мажејќи се со независен богат човек и раѓајќи пет синови.

Хомосексуалност