Чипровско востание — востание кое избувнало во 1688 година во Чипровци, северозападна Бугарија. Востанието избувнало против Османлиското Царство. Востанието следело по заземањето на Белград од Хабсбуршка Австрија во 1688 година.
Заднина
Кон крајот на 17 век, Османлиското Царство полека започнала да се распаѓа. Ова најмногу се осетило по поразот кај Виена во 1683 година. Големите трошоци за неуспешните воени походи ги принудило Османлиите да ги зголемат даноците и да им одземат дел од привилегиите кои ги имале христијаните во рамките на империјата. Во 1630-1645 година, епископот Петар Парчевиќ, бугарски католик и свештеник, спровел дипломатска кампања меѓу христијанските владетели на Средна Европа. Заедно со Петар Богдан и Франческо Соимировиќ го посетиле Фердинанд II од Австрија, Сигисмунд III, Владислав IV и Матеј Басараб. Во 1647 година, Османлиите коро целосно се повлекле од северозападна Бугарија. Матеј ветил дека ќе даде поддршка од околу 20.000 војници како поддршка за востанието. Сепак, на 20 мај 1648 година починал Сигисмунд III, и востанието било повлечено. За успех на христијаните се чекало до нападот на Османлиите на Виена во 1683 година, кога тие биле катастрофално поразени. Во 1684 година бил склучен нов сојуз помеѓу Полска и Австрија, а подоцна кон сојузот се вклучила и Венеција и Русија. Целта на сојузот била да се зазеде Белград. Овој настан им дал можност на Бугарите од Чипровци да се дигнат на востание.
Текот на востанието десно|мини|181x181пкс|Чипровско востание Околу текот на востанието и воените дејства денеска не постојат многу документи. Во 1688 година, востаниците на Георги Пејачевиќ го напуштиле Чипровци и се приклучиле на австриската армија. По Битката кај Белград избувнало востанието во Чипровци. решавачката битка се одвила во октомври 1688 година во месноста Жеравица, во близина на Кутловица. Во оваа битка востаниците биле поразени од страна на османлиските и унгарските сили.
Последици
И покрај тоа што по оваа битка продолжиле и неколку други, сепак сите завршувале со задушување. Чипровци бил освоен на 18 октомври и целосно разрушен заедно со околните села Копиловци, Железна и Клисура. Речиси целото население било или убиенио или заробено. Во следните месеци продолжил отпорот од страна на ајдутските чети. Задушувањето на востанието предизвикало масовни преселби на христијанското население и населување на муслимани.
Извештај до папата
Категорија:Бугарски востанија Категорија:Востанија против Отоманското Царство Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Европа во 1688 година Категорија:Судири во 1688 година Категорија:Бугарија во 17 век Категорија:Католицизмот во Бугарија