Аспарух (околу 640-701) — творецот и првиот владетел на Дунавска Бугарија, којшто со 30.000 до 50.000 Прабугари (Уногундури)Васил Н. Златарски. История на Първото българско Царство. Епоха на хуно-българското надмощие с. 188.Ал. Бурмов, Създаване на Българската дъжава с. 132.Образуване на българската народност. Димитър Ангелов (Издателство Наука и изкуство, „Векове“, София 1971) с. 203—204. дошол од исток кон утоката на Дунав, бегајќи од Хазарите, кои ја уништиле Стара Велика Бугарија.

Животопис мини|лево|Бугарското Царство за време на Аспарух Откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, во 681 година Аспарух ја создал првата држава на Прабугарите на Балканскиот Полуостров со седиште во Плиска, од каде што подоцна ќе ги проширува границите на својата држава на просторот до Стара планина. Во „Именик на бугарските ханови„ Аспарух е наречен кнез, но историчарите мислат дека оригиналната титула треба да е хан. Постои една теорија според која вистинското име на бугарскиот владетел e Батај, a „Аспарух“ е грчки изговор на титула во смисла на кнез.За името на Аспарух - на бугарски Се смета дека Аспарух загинал во борба со Хазарите.

мини|Монограм на Аспарух Аспарух бил од значајниот болјарски род Дуло, а татко му бил ханот Кубрат, основачот на Стара Велика Бугарија. Според легендата Аспарух имал уште 4 браќа - потврден е само Батбајан, за Котраг се претпоставува дека доаѓа од името на прабугарското племе Котраги; наспроти хипотезите, нема никакви податоци дека Кубер и Алцек се негови браќа.

Литература

Категорија:Бугарски монарси Категорија:Европски монарси од 7 век Категорија:Европски монарси од 8 век Категорија:Туркиски владетели Категорија:Починати во 700 година