Историја на Србија во текот на Југословенските војни го опфаќа периодот од историјата на Србија од десет години, кој започнал со десетдневната војна во Словенија и војната во Хрватска во 1991 година, a завршил со Прешевскиот конфликт во 2001 година. На самиот почеток од тие случувања, Србија била дел од т.н. слаба СФРЈ заснована на уставот од 1974 година, a од 1992 до 2003 била дел од новоформираната Сојузна Република Југославија која со потсмев се нарекувала Краткославија.
Самата територија на Србија, не вклучувајќи ги неколкуте артилериски и минофрлачки напади на пограничните места и градови во 1991 и 1993 година, останала поштедена од воените операции сè до почетокот на Косовската војна, односно бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година. Меѓутоа, Србија од самиот почеток на Југословенските војни учествувала во војните во Хрватска и БиХ, прво со српски резервисти, регрути и офицери кои служеле во ЈНА, потоа преку разните доброволни и паравоени формации, односно воени, логистички, информативни и технички поддршки дадени од оружените формации од самопрогласените српски ентитети во Хрватска и БиХ - Република Српска и Република Српска Краина.
Поддршка за независноста на босанските и хрватските Срби била официјална политика на српските власти на чело со претседателот Слободан Милошевиќ, под чија доминација се наоѓал и сојузниот апарат. Милошевиќ со распадот на Југославија се обидел да создаде единствена, Голема Србија, која би ги опфаќала териториите на Србија, Црна Гора, Република Српска Краина и Република Српска.Mediji i rat: Kako je “Politika” izveštavala 1992. godine (2) Politika 27. marta 1992: Poslanici su aplauzom potvrdili pravno zaokruženje četvrte republike na tlu treće Jugoslavije.Decision of the ICTY Appeals Chamber; 18 април 2002; Reasons for the Decision on Prosecution Interlocutory Appeal from Refusal to Order Joinder; Paragraph 8
Србија со Милошевиќ уште од 1992 година во меѓународната, а посебно во западната јавност се сметала за одговорна за воведување и додатно водење на војни, односно се смета за главен виновник за извршените воени злосторства, што довело до економски санкции од ООН, во периодот меѓу 1992 - 1996 година, потоа резултираше и со меѓународна изолација на СРЈ, која имала значителни негативни економски, политички и културни последици.
Подготовка на војните - Настани кои им претходеле на војните thumb|right|Анимирана карта што го прикажува распадот на СФРЈ.
Половината на 80-тите, Српската академија на науките и уметностите го донесува Меморандумот на САНУ, кој доведува до заклучок дека „Србите биле дискриминирани во Југославија и дека над нив се врши геноцид од страна на Албанците во Косово“. Потоа дошло до будење на српскиот национализам во рамките на т.н. Антибироктатска револуција - бран на организирани протести на Србите и Црногорците во земјата. Под притисок на демонстрациите, дошло до рушење на власта во Војводина, Косово и Црна Гора и поставување на луѓе верни на режимот на Слободан Милошевиќ. Милошевиќ користел строга контрола врз медиумите што би му помогнало да организира пропагандска кампања со тезата дека Србите биле жртви и потребата за прекројување на Југославија (поради стравот од српскиот национализам). Како резултат на Антибирократската револуција владите на Војводина, Косово и Црна Гора поднеле оставки. Со тоа Милошевиќ се стекнал со контрола на 4 гласови од вкупно 8 во претседателството на СФРЈ и контрола врз СКЈ
Новоформираните српски националистички партии ја означувале Југославија како најголема катастрофа на Србија, сметајќи ја за кобна грешка што Србија се согласила на Југословенска држава наместо да формира Голема Србија во поволниот период по Првата светска војна. Во текот на Југословенските војни во 90-тите, српските политичари ја застапувале идејата за обединување на Србите по пат на ревизија на границите, во спротивност од настојувањето на меѓународната заедница за зачувување на постоечките граници на југословенските републики. Големосрпската идеја многу поотворено од Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Слободан Милошевиќ, ја застапувале партиите Српска Радикална Странка (СРС) на Воислав Шешељ и Српското движење за обнова (СПО) на Вук Драшковиќ.
Српскиот претседател Слободан Милошевиќ кој исто така бил и водач на СПС, неколкупати кажал дека сите Срби би требало да ги уживаат сите права за да бидат вклучени во Србија. Михајло Марковиќ, потпретседателот на главниот комитет СПС, одбивал решенија кои би ги направиле Србите надвор од Србија малцинство. Тој предложил да се направи федерација која би се состоела од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Србите во српскиот автономен регион Краина, Славонија, Барања и Срем.
Словенија и Хрватска прогласиле независност на 25 јуни 1991. Двете држави биле меѓународно признаени на 15 јануари 1992 година. БиХ прогласила независност на 5 март 1992. Меѓународно беше призната на 22 мај 1992 година, од ООН. Со распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора прогласиле СРЈ, која би била заменик на СФРЈ, на 27 април 1992 година. Во текот на конфликтот оваа држава беше под постојани економски блокади воведувани од ООН и не беше призната од ООН.
Улогата на Србија во Југословенските војни thumb|250px|Териториите на Хрватска и Босна и Херцеговина под контролата на српските сили помеѓу 1992-1995.
Српската влада негирала каква било поврзаност на официјална Србија во војните во Хрватска и Босна и Херцеговина. Меѓутоа, пред Меѓународниот суд за воени злосторства подоцна се обидувала да се докаже точната улога и одговорноста на Србија во овие конфликти.
Бившиот началник на генералштабот на Војската на Југославија (ВЈ)Момчило Перишиќ бил обвинет дека бил одговорен за материјална и логистична помош на Војската на Република Српска (ВРС) и Српската Војска во Краина (СВК); Хашкиот суд потоа наведува дека ВЈ го обезбедувала и го плаќала офицерскиот кадар на ВРС и СВК, вклучувајќи бенефиции и унапредувања. Според обвинувањата, ова обезбедување на офицерите на ВЈ е тајно вршено, за да се прикрие вмешаноста на СРЈ во конфликтите во Хрватска и БиХ, каде што се кршени резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Потанаму се наведува дека во ноември 1993 година, Момчило Перишиќ при генералштабот на ВЈ основал кадровски центри со посебна намена, за да се прикрие обезбедувањето и плаќањето на офицерите во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Тие центри се познати како „30. кадровски центар” за припадниците на ВЈ кои служеле во ВРС и „40. кадровски центар” за припадниците на ВЈ кои служеле во СВК.
Српската воена пропаганда Српските медиуми во текот на ерата на Милошевиќ беа познати како воздигнувачи на српскиот национализам и на култот на личноста на Милошевиќ. Медиумите, исто така, промовирале ксенофобија кон другите националности во Југославија. Етничките Албанци беа идентификувани како анти-југословенски револуционери, силувачи и закана за српската нација.International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P55 Кога војната еруптирала во Хрватска, Српскиот весник Политика, го промовираше српскиот национализам и омраза кон Хрватска, и насилство.International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P76 На 5 јуни 1991 година, Политика Експрес напишала статија наречена „Србите мораат да земат оружје“. На 25 јуни 1991 и на 3 јули 1991 година, Политика започнала отворено да промовира поделба на Хрватска, пишувајќи „Ние не можеме да ја прифатиме Хрватска да ги задржи овие граници“, „Краина во иста држава со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, и неколкупати интервјуирајќи го Јован Марјановиќ од Нова Србија, кој рекол „ЈНА мора да дојде во Хрватска и да ја окупира линијата Бенковац, Карловац, Пакрац и Барања“, каде што било потребно да се окупираат сите територии во Хрватска кои беа зацртани од страна на националистите кои се залагаа за Голема Србија.International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina" Новозбраната хрватска влада не ја криела својата нетрпеливост кон Србите. ОД друга страна, пак, за да се промовира дополнителен страв и лутина кај Србите кон Хрватска, на 25 јуни 1991 година, Политика ги потсетува Србите за злоделата направени од хрватските фашисти, Усташи, против Србите во текот на Втората светска војна, пишувајќи дека „Јасеновац“, усташкиот концентрациски камп во Втората светска војна не смее да биде заборавен.International Centre Against Censorship. "Forging War: The Media in Serbia, Croatia and Bosnia-Herzegovina". International Centre Against Censorship, Article 19. Avon, United Kingdom: Bath Press, May 1994. P78 Истовремено новите хрватски власти се обидуваат да ги намалат размерите на злоделата направени во Втората светска војна, а тоа доведува до дополнителен револт кај Србите.
Српските национални медиуми во текот на војните емитуваа извештај во кои се зборува само за загрозеноста на српскиот народ. Во една програма, Србинка од Хрватска ги објавила старите комунистички закони во Хрватска, кажувајќи дека „под нив мнозинството Срби би биле асимилирани за десет години“, додека друга личност изјавила „Каде што српската крв била леена од страна на шшУсташите, тоа ќе биде наша граница.“ Неколку репорти од државната телевизија го прикажиле гостинот Јован Рашковиќ кој рекол дека Хрватите имале „геноцидски ум“. Овие негативни медиумски извештаи претставуваат примери низ кои се илустрира контролата која ја воспоставил Милошевиќ врз медиумите промовирајќи стравотни и ксенофобични националистички чувства со кои требало да се обезбеди поддршка на Србите за започнување на војните. Директорот на Радиотелевизија Србија (РТС) во ерата на Милошевиќ, Душан Митевиќ, во еден американски документарец вели дека „нештата кои се случиле во државната телевизија, со воено расположение, се нешта кои можеме да ги признаеме сега: грешни информации и пристрасно известување. Тоа беше диктирано од Милошевиќ до главниот во националната телевизија“.Wide Angle, Milošević and the Media. "Part 3: Dictatorship on the Airwaves." PBS.
Србија во војната во Словенија
Веднаш по словенечкиот референдум за независност, ЈНА објави нова одбранбена доктрина која би ја искористила во целата држава.
Генералот Вељко Кадијевиќ бил де факто комантант на ЈНА во текот на десетдневната војна за независност во Словенија. Со оглед на тоа што околу половината на населението на СФРЈ биле етнички Срби и најголемиот број на офицери во ЈНА биле Срби. Рангот и останатите чинови и трупи биле оние кои немале голема мотивација да се борат против Словенците. Околу 30% од Војниците од Петтата воена област, која ја опфаќала територијата на Словенија, биле Албанци.Meier, Viktor. Yugoslavia — A History of its Demise. Routledge, London, 1999 Српската влада на Слободан Милошевиќ немала интерес во останувањето на Словенија во Федерацијата - таа република немала значителен број на Српско население. На 30 јуни, генералот Кадијевиќ му сугерирал на Југословенското претседателство масовен напад на Словенија за да се елиминира сецесионистичкото расположение. Но српскиот претставник во претседателството, Борисав Јовиќ кои ги застапувал интересите на политиката на Милошевиќ, ги шокирал воените команданти кога изјавил дека Србија не поддржува понатамошни воени акции во Словенија.Vasić, Miloš. "The Yugoslav Army and the Post-Yugoslav Armies", in Yugoslavia and After — A Study in Fragmentation, Despair and Rebirth, ed. David A. Dyker & Ivan Vejvoda. Longman, London, 1996 Србија во тој момент била повеќе загрижена за ситуацијата во Хрватска поради заштитата на српското малцинство во таа република.